„Мајки“ oд Милчо Манчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш не ми се допаднал стилот на неговото режирање, али без оглед на тоа колку поединци не се "фанови" на неговата работа мора да се испоштува тоа што со крајни напори пробува да ја испромовира нашава земјичка и нормално да се продаде онаму кај што повеќе е развиена неговата дејоност.... може сето ова има некоја позадина но без разлика, да не е он ни тој еден филм во три год. нема да се појавува.

кривицата е во останатите режисери кој ги немаат ни оние најосновни особини за да започнат некој проект па да има можност да се дискутира кој навистина вреди а кој не.

одбрал доста болна тема, да видиме како ќе ја комплетира.

п.с. Ана успеа сегде да се протне, тоа е за поздрав, а пред неколку години делевме исто школо :icon_lol:
 
вечерва бев јас го погледнав филмот...според мене баш е топ филмот направен,малце има еден период доаѓа тапа ,малце го развлекуваат со тоа убиените жртви но се на се одлично филмче вреди да се погледне.
 
еми шибајте во кино Милениум го имате ,150 ден карта
 
вечерва бев јас го погледнав филмот...според мене баш е топ филмот направен,малце има еден период доаѓа тапа ,малце го развлекуваат со тоа убиените жртви но се на се одлично филмче вреди да се погледне.

А нешто повеќе коментар да дадеш, околу првите проекции, публика дали имаше, нешто откриј друго од филмот како се развиват настаните, каква е режијата? Дај ни некое наговестување да го погледниме во текот на наредниве денови :)
 
Нешто друго од филмот да биде затемнето иначе ќе паѓаат картони...
 
Нешто друго од филмот да биде затемнето иначе ќе паѓаат картони...

Не мислев на спојлери, не ни сакам, баш сакам да го гледам без да знам ништо. Туку нека ни даде појасна слика за филмот :)
 
За гледање филм, нема ништо подобро од кога не знаеш ништо. За повеќето филмови кои ми оставиле најсилен впечаток обично не сум знаел ни каков жанр се пред да ги гледам, а камо ли нешто друго.
 
Мајки ќе се прикажува во киното “Милениум” со секојдневни претстави од 17.00; 20.00 и 22.30 часот и со цена на билетот од 150 денари.
Билетите ќе бидат во продажба од петок на киноблагајната од 10.30 часот.
Ќе се прикажува неколку месеци, во зависност од побарувачката.

И еве ви трејлер :pipi:
 
Го изгледав филмов, денес од 17:00, салата беше полу празна(полна), па ај да го искоментирам. Мислам сите знаат дека филмот е составен од три дела. Преку деловите, Милчо ни покажува разни ситуации во кои нештата не изгледаат такви какви што се, дека не е се вистина ако тоа е напишано или снимено, дека вистината некогаш е тотално спротивна од тоа што ни се прикажува, и тоа е она што треба деловите, кои не се поврзани еден со друг, да ги направи целина. Е сега, мене тоа што ми сметаше, е што филмот одеше малку преспоро, како да му фалеше малку динамика, а исто и не ми се свиѓаше што пола филм е филм со глума, а пола е документарец, а документарецот ми беше најинтересен дел од филмот, и во него има таков материјал, што кога добро би се обработил, би се добил еден одличен трилер, мистерија. Се на се, пораката на филмот е добра,
"близнаците" на Ана се исто добри
, малку е растегнат, моја оцена, 7/10.
 
За сефте на форумов..

Слушам критики за филмов... и луѓево отприлика можат да се поделат во 3 групи
1) топ - многу добар фил, милчо закон , другите ништо незнаат, а и не ни ги има
2)па онака- делот кај мртовците не ми се свиѓаше , али имаше многу делови каде што се искинавме од смеа..
3) тапа- нема динамика , нема возбуда- глупости, ја прикажал Македонија во најлошо светло - како и во сите филмови

За да се консумира уметност прво треба да се има основно образование во делот уметност, што тоа значи , каква е добитта, како треба да се разбере. Основите на уметноста во основното и средно училиште( да не зборуваме за понатамошниот културен развој) кај нас е проследено со школски приредби, хор ( да се губат часови) и одење во театар и на балет во средно со диригирање на најмангупот од училиштето среде бината. `Зајебанциите` на младите , непознавањето на вистинските човекови вредности , омасовувањето на кичот и немањето авангарда меѓу најмладите допридонесе вечерва на мојата посета во кино салата да неможам во тишина да ја проследам проекцијата, да слушам ` сега ќе ја опне бабава со секирава`, `ииј ненормален` и сл. коментари кажани на уво. Луѓево се желни за комедија , неможам да ја разберам таквата желба. Почетните минути на филмот ја претскажаа атмосферата во која ќе го проследам. Тоа беше како да сте викнале 100 познати луѓе дома и да гледате филм. Коментирањето, смеата, па дури и аплаузите на `назајебанциите` направија сликата и пораката од филмот да оживеат и во кино салата. Материјалната беда, пропаднатите села како вечни музеи на традицијата, лукавоста на убиецот/јците и најпосле наивноста, чесноста и скромноста на ожалостените соговорници и очевидци дава прекрасна слика на спротивставени вредности, шареноликост на ликови, човечки судбини и многу отворени прашања за смислата на животот во едно вакво време и во политичко-социајлни македонски околности.
Жално е за еден човек како Милчо Манчевски и за неговиот труд да се има публика која ќе чека смешка на неговиот филм и ќе си отиде дома без чувство на добиено искуство.
 
За сефте на форумов..

Слушам критики за филмов... и луѓево отприлика можат да се поделат во 3 групи
1) топ - многу добар фил, милчо закон , другите ништо незнаат, а и не ни ги има
2)па онака- делот кај мртовците не ми се свиѓаше , али имаше многу делови каде што се искинавме од смеа..
3) тапа- нема динамика , нема возбуда- глупости, ја прикажал Македонија во најлошо светло - како и во сите филмови

На раат се гледа само дома. Шо не си почекал да испадне ДВД?
 
Мајки ќе се прикажува во киното “Милениум” со секојдневни претстави од 17.00; 20.00 и 22.30 часот и со цена на билетот од 150 денари.
Билетите ќе бидат во продажба од петок на киноблагајната од 10.30 часот.
Ќе се прикажува неколку месеци, во зависност од побарувачката.

И еве ви трејлер :pipi:
Трејлеров е тапа.
Ич не кажува нешто за филмот. Само дека има манијаци, курови, цицки и некоја мајка.
 
Трејлеров е тапа.
Ич не кажува нешто за филмот. Само дека има манијаци, курови, цицки и некоја мајка.
е арно викаш.. малку е лош трејлерот.. да се надеваме дека филмот е далеку подобар..

П.С да не има искочено ДВД некое?? или по некоја случајност некој да не го има снимано со камера.. шознам може и торент да не има :) ма да чисто сумљам...
 
Го немам гледано, ама од трејлерот некако ме влече дека е бледа копија на Бабел. Три парови на три различни страни од светот поврзани на чуден начин = три приказни од Македонија поврзани на чуден начин. Девојчињата измислуваат за манијак, манијакот по некоја случајност стварно постои (Таневски), а следна жртва е ваљда бабата (сестрата на стариот). Океј, ова е моја теорија, може и е тотална утка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom