Функцијата на работа на инвертерот и обичната клима е ист, нема никаква разлика во рокот на траење помеѓу двете.
Што тоа паѓа во енергетската ефикасност кај клима уредот? Освен ако нема фреон во неа друго не ми паѓа на памет да се намали енергетската ефикасност.
Не знам од каде дојде до магичната бројка од 7 години рок на траење.
Имам 2 панасоник обични10 години, работат беспрекорно.
ист е компресорот. а другото е слично ама не исто. уствари, еве што е компресор: клип и вентили како кај кола. клипот има карики исто како кај кола. има и брегаста исто како кај колите а има и радилица која е исто како кај колите. и двете се потопени во масло-уље. е наместо бензински или дизел мотор има силен-моќен електро мотор во принцип кај 3,5 климите тоа е 1,1 до 1,3 киловати за да врти. фреонот под притисок ја крева температурата. а притисокот е преку липовите нели. оној момент што би бил кај колите палење на горивото т.е. нај високиот притисок на клипот, кај климите е отварање на издувниот вентил кој топлиот фреон го испушта кон испаривачот. испаривач? е тоа е едно мало уредче кое наликува на пенкало само малку по големо. во него фреонот испарува т.е. од течна се префрла во гасна состојба и на крајот од него пак е во течна, мегуота фреонот кога испарува он се лади и до -10 степени. и како изладен иде кон внатре за да перките дуваат низ хладњакот и го ладат воздухот. е за да грее климата се става специјален вентил кој го заобиколува овој испаривач и како топол фреонот иде во внатрешната единица и перките дувааат...
пошто го објаснив работењето во кратки црти, сега да објасниме дека и на кола се прави ремонт за да се смени што...? клипови, карики и вентили, т.е. материјалите што се трошат. понатака дали на кола мењате масло? а на климата го мењате ли? а зашто се мења маслото? затоа што ја губи својата вискозност и подмачкувањето се намалува, т.е. се абат-трошат кариките, вентилите, брегастата и радилицата... е па и кај климата е исто... кога ке ослабе на притисок компресорот, (клип, карики, вентили) тогаш загревањето на фреонот се намалува, испарувањето е по споро и не целосно, ладењето при испарување е помало, или греењето е послабо бидејки компресорот не го загреал фреонот како кога бил нов... а електро моторот и понатака си врти влечејки си иста сила т.е. ватажа.и перките дуваат и понатака влечејки си ја истата снага, и електро вентилот за премостување си ја влече истата снага и од тука доаѓа математиката дека се намалува и до 50% енергетската ефикасност. повеќе би рекол дека тоа е реално околу 30-35% но техничката поддршка вели дека може да дојде и до 50% немањето или губењето на фреон само ги менува оараметрите на работење на климата.. и да решам еден голем баук... ако во климата фали некое количество на фреон тоа не значи дека климат анема да лади, напротив, ке лади повеќе. ама за на греење нема да грее. ама и фалењето на фреон го оптоварува конпресорот т.е. електро моторот, и така он прегорува. значи реков за фалаењето на количество некое а не да нема фреон... ако нема фреон тогаш нема ништо да прави. во по квалитетните клими има вградено сензори кои мерат притисок на фреон. ако притисокот измрда надвор од границите, тогаш он го гаси компресорот автоматски за да го заштити... од друга страна не смее да има ни повеке фреон одошто треба затоа што како изладен ке се враќа ви клипот и ке прави топлински шок на компресорот... замисли ти загреан компресор на 100 и кусур степени, го полеваш со ладен фреон од 0 или еве +10 степени... кврццццц... пукаат материјали па нек се и од нај јакиот челик...
а сте слушнале ли некогаш за терминот ЗАМОР НА МАТЕРИЈАЛИ?
мислам дека убаво образложив како работи клима и зашто се намалува нејзината енергетска ефикасност... јас сум техничко лице кое меѓу другото летно време работи со клими и во мојот стаж со работење со клими, низ раце ми прошле повеке клими него ли што видовте летово по реклами и рекламни материјали...