Bernays Propaganda

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Аааааааа сега уште повеќе ги сакам :vozbud::vozbud::vozbud:

Дарки, идеш?

Обавезно Џену. Ем Џорче ем гага. Кај го има тоа?!!! :vozbud:

Само што поима немам што Трибјут ке биде тоа...
 
Песна од новиот албум што излегува за некој месец!
 
Штом излегува албумов го купувам за 0.005 секунди :)
 
Bernays Propaganda, бендот што уште од раѓање го утврди својот квалитет и набрзина зад себе собра трупа фанови, па потоа храбро отиде да го освојува и светот (доста успешно), има нов албум.

Првиот албум, "Happines Machines", излезе во 2009-та и не му требаше долго за да стане омилен на критиката и на слушателите. Овој, вториот, пак, ќе излезе на 26-ти април 2010, а неговиот наслов е "My Personal Holiday". Пред изданието да се појави во продавниците ширум земјава, можете да одите на страната на издавачот ПМГ и да ја „соберете“ песната Булдожер.

Комплетниот список на песни кои се наоѓаат на "My personal holiday" изгледа вака:

01. Намести Фризура И Гладувај
02. Булдожер
03. Овој Ден Да Помине
04. My Personal Holiday
05. Преживеав
06. Се Плашам Од Луѓе
07. Blackmail
08. Vip In Paradise
09. Кога Е Доволно

http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=4590
 
Има некое инфо од каде ќе можи да се купи албумот (освен Југотон)?:smir:
 
Ги слушав во Хард Рок пред 2 години беа предгрупа на Gang of Four (одличен бенд),и тогаш увидов од каде се инспирирале.Интересни се и добро звучат во живо
 
Инфлуенци во текстовите имаат од FPO, Тк Ск, Бумбикс, претходните бендови на Васко. Албумот сега за некоја недела ќе изелезе. Освен во југотон мислам ќе го има и во Максимум Рокенрол. Претходното LP го имаше и на плоча, верувам дека и ова ќе го има.
 
Излезе албумот во понеделникот, одам од утре да го барам по трафики :) Плус уште една вест од бендот, потврден е нивниот настап на Егзит оваа година, и тоа на мејн стејџот:smir:
 
Албумот е ебење, Намести фризура и гладувај, Булдожер, Овој ден да помине...

Пак се Бернис, сличен звук, малку поандерграунд, ама одлично е...
 
Албумот е ебење, Намести фризура и гладувај, Булдожер, Овој ден да помине...

Пак се Бернис, сличен звук, малку поандерграунд, ама одлично е...

Ја па разбрав од еден другар дека бил многу потапа од претходниот. Ти си втор со критика било каква.
 
Види, ја нема онаа зараза од Happiness Machines, но секој бенд мења звук, па така и Бернис, не може стално исти албуми да вадат, тоа не е ни поентата... :)

Инаку, музички малку повеќе доминира гитарата во албумов, бубњеви и бас се малку потивки од порано, ама гитарата пак не е пренападна и има одлични линии, баш какви што треба на ваков албум.

Вокалот си е створен, креиран за овој бенд, за оваа музика што ја прават и сакаат да ја пренесат на сите. Кристина исто така воодушевува со текстовите, стварно се ненормално добри, моќни... Дефинитивно подобри лирики од деби албумот.

Да извлечам некои делови...

Намести фризура и гладувај го отвора албумов, 4 минути трае песната, кратко, јасно и концизно. Овде текстот растура, мој омилен дел е:

„Помоли се тој до тебе да пропадне, крив е што си проклето неспособен...“

или

„Ти си роден гениј чекаш шанса, штета космосот е против тебе...“

Булдожер беше и прв сингл од албумов, иако Овој ден да помине ја свиреа стално на свирки минатата турнеја, но Булдожер е една од најзаразни песни од албумов. Има политички текст, како и повеќето песни во албумов, како „има лиценца да гради се`, се` што ние мразиме!“ и слични стихови што ме гаѓаат во ахилова пета кога ги слушам, пошто стварно некој се обидува во земјава да пренесе порака, смисол преку музика, да се декларира како политички бенд и да биде таков.

Овој ден да помине ми е омилена (лично барем) песна, Васко и Кристина таман се надополнуваат во песнава, фаќа уво од прво слушање (што и не е случај со некои песни од албумов), клаустрофобичен текст има, т.е. цитирам „бројам денови што пропаѓаат, последен итен план да успеам, а и денес нема да излезам!“... :)

My personal holiday, Преживеав, Се плашам од луѓе (ова е ремек дело од песна, може да е и воопшто најдобра песна на бендов воопшто..)

Бернис Пропаганда се моментално најдобриот бенд во земјава, вадат одличен звук, концизен и конкретен, имаат поента во тоа што го свират, знаат како и да ја пренесат истата... Што знам, ѕверови... :)
 
-‘ Помоли се тој до тебе да пропадне крив е што си проклето неспособен
И запамти во победа си поразен џуџе зависно од признание‘

-‘ Дали патриотите по секоја цена вљубени се и кога земјата е болна?
Копајте славни скелети за неславна иднина која....
трае, не скапува...‘

-‘ Каде е ? Барем еден единствен доказ дека нема да преживеам без власт?‘

:vozbud:

Нема да го споредувам со Happiness Machines мене у секој поглед албумот ми е врв почнувајќи од текстовите па се по ред. Сакам свирка во блиска иднина!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom