Види, ја нема онаа зараза од Happiness Machines, но секој бенд мења звук, па така и Бернис, не може стално исти албуми да вадат, тоа не е ни поентата...
Инаку, музички малку повеќе доминира гитарата во албумов, бубњеви и бас се малку потивки од порано, ама гитарата пак не е пренападна и има одлични линии, баш какви што треба на ваков албум.
Вокалот си е створен, креиран за овој бенд, за оваа музика што ја прават и сакаат да ја пренесат на сите. Кристина исто така воодушевува со текстовите, стварно се ненормално добри, моќни... Дефинитивно подобри лирики од деби албумот.
Да извлечам некои делови...
Намести фризура и гладувај го отвора албумов, 4 минути трае песната, кратко, јасно и концизно. Овде текстот растура, мој омилен дел е:
„Помоли се тој до тебе да пропадне, крив е што си проклето неспособен...“
или
„Ти си роден гениј чекаш шанса, штета космосот е против тебе...“
Булдожер беше и прв сингл од албумов, иако Овој ден да помине ја свиреа стално на свирки минатата турнеја, но Булдожер е една од најзаразни песни од албумов. Има политички текст, како и повеќето песни во албумов, како „има лиценца да гради се`, се` што ние мразиме!“ и слични стихови што ме гаѓаат во ахилова пета кога ги слушам, пошто стварно некој се обидува во земјава да пренесе порака, смисол преку музика, да се декларира како политички бенд и да биде таков.
Овој ден да помине ми е омилена (лично барем) песна, Васко и Кристина таман се надополнуваат во песнава, фаќа уво од прво слушање (што и не е случај со некои песни од албумов), клаустрофобичен текст има, т.е. цитирам „бројам денови што пропаѓаат, последен итен план да успеам, а и денес нема да излезам!“...
My personal holiday, Преживеав, Се плашам од луѓе (ова е ремек дело од песна, може да е и воопшто најдобра песна на бендов воопшто..)
Бернис Пропаганда се моментално најдобриот бенд во земјава, вадат одличен звук, концизен и конкретен, имаат поента во тоа што го свират, знаат како и да ја пренесат истата... Што знам, ѕверови...
