30 Day Movie Challenge

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
ден 19: филм со животно/и

The Art of Racing in the Rain (2019)

Ох, пак јас. Дежурната плачка на Филм и Тв. Знам дека ви здосадив и веќе станува патетично, но тоа е што е. Овој филм го гледав во кино и квалитетно се изнаплакав цели 3 пати во текот на филмот. Толку се изгубив што почнаа луѓе од напред да се вртат да видат што се случува и која е таа будала што им го ремети саботното попладне. Жив срам ме изеде ама овој филм останува единствен на којшто ми се случило такво нешто. Исто така шаутаут до прекрасните дечки од Синеплекс што не ми коментираат ништо кога им се шетам со разлеана шминка низ кино. Ако некој од вас чита, да знаете дека ми фалите :love:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
20. Филм чиј римејк е подобар од оригиналот
Ова ако го сфаќам како филм кој е подоцна направен и е подобар од претходно снимениот, нека биде:
Големиот Гетсби
снимен по книга, во 1926, 1949, 1974 со Роберт Редфорд во главна улога, и мене ми е нај тој од 2013, со Леонардо ди Каприо во главна улога.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ден 20: Филм чиј римејк е подобар од оригиналот

Има повеќе филмски верзии на Клетници па од оваа не очекував многу, па и дека е мјузикл. Ама на крај испадна супер филм.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ден 20: Филм чиј римејк е подобар од оригиналот

Има повеќе филмски верзии на Клетници па од оваа не очекував многу, па и дека е мјузикл. Ама на крај испадна супер филм.
Не би ми текнало Клетници филм да гледам, не ни знаев дека имало. Штом е супер филм, ќе го побарам. :)
п.с. Зборуваме за филм снимен според книгата на Виктор Иго, така?
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Ден 20: Филм чиј римејк е подобар од оригиналот

Гледав листа од википедија со сите филмови кои имаат римејк и од сите што сум ги гледал, значи и оригиналот и римејкот, не најдов подобар римејк.

Затоа ќе пишам филм за кој на негледано не верувам оргиналот да е подобар, The Maltese Falcon
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не би ми текнало Клетници филм да гледам, не ни знаев дека имало. Штом е супер филм, ќе го побарам. :)
п.с. Зборуваме за филм снимен според книгата на Виктор Иго, така?
Да да. Конкретно овој е мјузикл ама убаво ги опфаќа најважните делови од приказната. Одлична глума на Хју Џекман и Ен Хетавеј. Таа доби и Оскар за оваа улога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom