30 Day Movie Challenge

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Веројатно ретро филмови можеш да начекаш во кинотека во Карпош 3, за време на скопско културно лето или така нешто, кога нема ковид мерки нормално.
Начекувам, ама овој не сум го начекала уште. Откако е почната коронава не сум била зашто летното кино воопшто не ми се допаѓа што е покрај прометна улица и иде галама од сите страни. Кога ќе се затворат во сала, ќе им се вратам.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.031
ден 28: филм со преубав крај



ден 29: филм кој би сакал да го гледаш во кино





Нешто од Хичкок,некој од mission impossible,тој најгоре и уште многу други.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.247
Поени од реакции
30.500
ден 27: Непознат филм што го сакаш
Od koga go otkriv filmov go izgledav 2-3 pati i na site im go preporacuvam

Relativno nepoznat, zasenet od drugi pretenciozni sranja, sho nema da gi imenuvam

Film baziran na poznatata (moja omilena kaj sho sum carica) drustvena igra

So isto taka odlicen kraj.


ден 28: филм со преубав крај
Kraj kaj sho pravdata e zadovolena

Trogatelen sreken kraj

Logicen kraj ako deneska slucajno zapadnes vo tajno drustvo sho pravi orgii


ден 29: филм кој би сакал да го гледаш во кино
Bond26
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
ден 29: филм кој би сакал да го гледаш во кино

Lawrence of Arabia - дефинитивно Лоренс најмногу сакам во кино, 3ипол-4 саати мелем за очи низ пустините

Once Upon a Time in the West - очите у најкрупен кадар, Клаудија Кардинале и да ечи Мориконе

Double Indemnity - го имам гледано во мкц џебното кино, али не е тоа тоа, сакам омилениот ноар во вистинско кино, да пука црно белата кинематографија

Spirited Away - некој од преубавите светови на Мијазаки со еднакво убавите музики на Хисаиши
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ден 30: најдобриот филм

Веќе е ставен, верувам Ио ќе го потврди, се надевам ќе не почасти со малце многу текст за ремек делото.

(еден филм, вперен пиштол, кој ќе го кажеш)
пукај бе братучед.

Јас ќе го спомнам ова ремек дело
Once Upon a Time in America (1984)


Епско ремек дело на седмата уметност.
Си беше еднаш во Америка, најдолгиот совршен филм, најубаво раскажаната приказна со прекрасна музика компонирана од големиот Енио Мориконе, со Роберт Де Ниро во главната улога и своевремено најубавото девојче и дебитант на филмското платно, прекрасната Џенифер Конели.

Серџо Леоне прво спремил 6 саати материјал, па морал да го крати, па американците се мешале и направиле некоја своја верзија со точен редослед на настаните во филмот, па добиле фијаско, па враќале назад, па се глупирале, па паметувале, па го крателе. Планирано било 2 пати по 3 саати филм. Па во консултација со продуцентите повторно е кратен и доведен на 3:50, онаков каков што го има низ интернетот моментално. На бокс офисот не поминал баш најдобро но засекогаш остави печат како еден најдобрите гангстерски крими-драми во историјата на филмот. Ова не е насилен филм.

За некого предолг, верувам и досаден, за некого малце.

Пред многу години кога се регистрирав на форумов и ја открив темата Филмски каталог за тапчовци, прво нешто на што налетав е жанрот крими-драма. Повеќето филмови ги имав гледано или ги имав среќавано ама за овој немав поима, прв пат го сретнав. Малце ме одвлекуваа тие 4 саати морам да признаам ама си реков ајде бе нели омилен жанр ти е ова, еве ти филм со јака оценка, јаки глумци, јако све.
И го пуштив, и го изгледав у еден здив. За кратко време го изгледав пак. После си зададов таск секоја година да го гледам минимум еднаш, заедно со Кум трилогија. И го поштував тоа до пред 2-3 години. Не знам зашто прекинав. Можеби затоа што глеав по 12 филма годишно тогаш. Нема врска.

Може ќе го гледам периодов па ќе пишам некоја рецензија односно ќе се обидам да го напраам истото пошто не знам баш да раскажувам филмови. Поинтересно ми е вака да досаѓам офтопик него да се занимавам со самата тема.

А самата тема во Си беше еднаш во Америка (многу ми е јако ова Си беше еднаш) е другарство, љубов, криминал, одмазда, изгубено минато, грев.
После многу години Нудлс се враќа во своето еврејско маало во Њу Јорк и се потсетува на минатото, на првата љубов, на другарството, на криминалните активности и на сите пријатни и непријатни проживеани работи. Роберт Де Ниро е Нудлс. Паралелно со тоа оди и приказната од детството. Дејството е напред назад, нема линеарен тек, малце сегашност, малце минато и многу прекрасна музика во позадина.

Темата ја знаете сите, песната на Дебора истотака. Јас ќе го постирам ова парче музика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom