3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
4 ќе бидат сосве Тетекс
Многу веројатно дека и тоа ќе се случи, за жал.

Значи 4 македонски екипи во Трета лига запад. Којзнае од кога не се случило нешто такво во лигава.

Инаку, @Harry Potter имам апдејти за ОФС Кисела Вода.
Славија загуби два натпревари со 2-0.
Цементарница-Славија 2-0
Славија Пржино-Славија 1919 5-2
Аеродром-Славија 2-0
Аеродром-Победа Долно Лисиче 8-0

Се стегна ригорозноста околу лигава и едвај успеаа да регистрираат играчи. Затоа и ги загубија двете дербиња. Инаку, Аеродром не успеа да им ја земе победата на Цементарница на зелена маса.
Во моментов Цементарница е прва со само 1 пораз од Славија, Аеродром има 2 порази, а Славија 3.
Под претпоставка дека Цементарница и Аеродром ќе ги добијат останатите дуели, тогаш ќе решава нивниот меѓусебен дуел. Ќе треба Аеродром да тепа со минимум 2 разлика за да заврши прв. Инаку, тие се најамбициозни во лигава и веројатно ќе завршат први.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
значи Цементарница добила некоја утакмица службено оти на полусезона имаа 2 пораза. Славија имаше 1, Аеродром исто 2.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
значи Цементарница добила некоја утакмица службено оти на полусезона имаа 2 пораза. Славија имаше 1, Аеродром исто 2.
Немале 2 порази, моја грешка било тоа.
Инаку за дуелот со Аеродром немале лекарско ниту еден и затоа им бараа службено Аеродромци. Али нашле некоја дупка вп законите на ффм, дека за еден натпервар можеле да направат преглед на матично и цела екипа се прегледале наредниот ден :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Трета лига центар (едно коло до крајот):
Питу Гули и Превалец со нови победи викендов, со што патникот во втора лига ќе се решава во последното коло. Превалец викендов тепале кај Големо Коњари со гол во последните 10 минути.

1.Питу Гули 52
2. Превалец 51

Последно коло:
Превалец-Марена
Бабуна-Питу Гули

Интересна е и битката за опстанок. Тополчани и Тополка се селат во понизок ранг, меѓутоа бидејќи Вардар Неготино и Партизан Обршани отпаѓаат во оваа лига, тогаш дополнително ќе треба да отпадне уште еден клуб.

Марена 26
Младост Кривогаштани 25
Росоман 24
Големо Коњари 24

Ептен се заебаа Росоман со тоа што не се појавија на еден натпревар. Го изгубија службено и добија -3 бода казна.
Во последно коло:

Црнилиште - Младост (К)
Тополка - Росоман
Братство-Големо Коњари

Очекувам сите овие дуели да бидат наместени за да тепаат гостите. Марена веројатно ќе заврши трета од позади, бидејќи гостува кај Превалец кој нема друг избор освен победа.
На Бабуна-Питу Гули ќе биде колење, со оглед на тоа што Бабуна е од Велешка околина, па претпоставувам дека ќе одиграат за Превалец.

Во однос на оние ОФС кои ја пополнуваат лигава, Форца Нова од Велес е пред шампионската титула во ОФС Велес, со 5 бода пред Мартолци (на 2-3 кола до крајот).
Според страната на Локомотива Градско, Форца Нова оди во трета лига, а Мартолци би играле некаков бараж (не сфаќам која е потребата од баражот).
Немам инфо за ОФС Кавадарци и ОФС Неготино.
На полусезона Сопотско Поле биле први во Кавадарци, пред Габер од Ваташа, меѓутоа можеби се сменила состојбата.
Во Неготино активно играат 7-8 екипи, но нема табела. Два клуба објавуваат резултати од време на време, Победа Пепелиште и Повардарие Криволак, ама не ми изгледа дека некоја екипа од лигата има амбиција за повисока лига. Веројатно, одново нема да пријават екипа.
Во ОФС Прилеп, веројатно нов шампион ќе биде ФК Кадица од село Забрчани, која е на прва позиција пред Слога од Лажани на неколку кола до крајот.

Трета лига исток (5 кола)

Овде само фигуративно има уште 5 кола до крај.
Од вкупно 8 екипи, 2 се откажаа. Едните се Кежовица, а вторите се Работник од Лозово.
Голема грешка беше направена со раздвојувањето на овој регион и јужниот, бидејќи и двата региони мака мачат да ја скрпат лигата.
Викендов и Осогово и Овче Поле загубија. Осогово загуби дома од Рудар, а Овче Поле кај Брегалница Делчево.
Овче Поле ја загуби трката за првото место, откако натпреварот со Малеш беше службено регистриран со 3-0. Тоа беше натпревар во кој Овче Поле дошле на гостување, а домаќините побарале одложување. Дополнително од управата на лигата им било дозволено одложување и на крајот Светиниколчани не сакаа да го играат натпреварот повторно.

1. Осогово 49 (меч помалку)
2. Овче Поле 43

До крајот:
Овче Поле-Осогово

Слога Виница-Овче Поле
Малеш - Осогово

Овче Поле-Малеш
Осогово слободен

Брегалница-Осогово
Овче Поле слободен

Осогово-Слога Виница
Овче Поле слободен

Ако Овче Поле не го победи Осогово во среда, тогаш Кочанчани уште тогаш ќе бидат крунисани за шампиони во лигата. Во секој случај тоа е и повеќе од извесно.
Од лигата не отпаѓа никој, всушност никогаш и не се знае како би изгледала лигата, бидејќи мака мачат да најдат екипи.
Саса е екипата која од втора лига се враќа во трета лига исток.
Ниту една општинска лига која води во трета лига исток не е активна. Ако некоја екипа од ОФС Штип, Кочани, Кратово, Виница или Пробиштип пројави интерес за настап во трета лига, веројатно би добиле дозвола.

Трета лига југоисток (2 кола до крај)
Овде одамна е решено дека Дојранско езеро е нов второлигаш. Лигата почна со 6 екипи, заврши со 5, по откажувањето на некогашниот прволигаш Турново.
Според ситуацијата во втора лига, во оваа лига ќе отпадне една екипа од Плачковица и Детонит. Се разиграле фудбал Радовишани, од сите општински лиги на југоистокот изгледа само они се активни. Од 6-те екипи во лигата, Раклиш е на прво место и веројатно ќе заврши прв. Да видиме дали ќе се пријават за трета лига во наредната година.


Трета лига север (3 кола до крај)
Во ова коло Кадино и дефинитивно е крунисан за шампион на лигата и избори историско учество во втора лига запад. Интересно е што може да се случи и вторите екипи да играат бараж за пополнување на втора лига запад.
Фортуна и ССК имаат исто бодови на табелата, по 46.
До крајот:
Братство Средно Коњаре - Фортуна
ССК-Горно Лисиче

Ринија-ССК
Фортуна-Илинден

ССК-Кадино
Беса-Фортуна

Не знам дали екипиве се воопшто запознаени за ова, но ќе имаме интересна битка за второ место.
Од лигата отпаѓаат Марино и Текстилец, а веројатно и Горно Лисиче (некогашниот прволигаш кој има -5 од Петровец.
Во оваа лига, од втора лига запад отпаѓа екипата на Гоблен.

Од регионите кои ја пополнуваат лигата.
Во ОФС Кисела Вода, мртва трка водат Аеродром и Цементарница. Веројатно нивниот меѓусебен дуел ќе го реши патникот во трета лига. На Аеродром им треба победа од 2-0 или од повеќе од 2 гола разлика, бидејќи во Кисела Вода загубија со 2-0.
Во ОФС Гази Баба, Маџари Солидарност се прошета во лигата (под името Маџари Јуниор). Вчера тепале 9-1 со конкурентот Раштак. Маџари веројатно наредна сезона ќе атакува и на пласман во втора лига.
Во ОФС Скопје, мртва трка меѓу Њу Јорк и Шишево.
На полусезона и двете екипи завршиле со 22 бода. Но, Шишево изиграле нерешено последниот натпревар и сега се на -2. Имаат и директен дуел до крајот, но на теренот на Њу Јорк. Веројатно Њу Јорк ќе бидат нови третолигаши.
Во ОФС Куманово, последен пат е објавено табела на крај на април. На 5 кола до крај, Речица има 2 бода предност пред Младост. Од тогаш се одиграни неколку натпревари, но не сум сигурен како завршиле. Викендов Младост загубиле со 2-1 кај Башкими.

Трета лига запад (4 кола до крај)
1. Дрита 48
2. Вардар Форино 47

До крај:
Дрита-Напредок
Ѕиѕа-Вардар

Нераште-Дрита
Вардар-Арсими

Дрита-Вардар

Ѕиѕа-Дрита
Вардар-Фљамуртари

Веројатно ќе решава меѓусебниот дуел. Се е во рацете на тимот од Боговиње.
Фљамуртари е веќе отпаднат од лигата, а Камењане и Ѕиѕа ќе се борат за опстанок. Камењане има 3 бода предност.
Од втора лига, тука веројатно ќе отпаднат две екипи. Генчкалемлер е скоро сигурно отпаднат, а веројатно и Тетекс.

Од ОФС Гостивар, шампион е Пролетер од Тумчевиште, македонска екипа.
Од ОФС Тетово, нема инфо дали почна сезоната.
Во ОФС Кичево не се играло фудбал, меѓутоа ФК Кичево ќе пријавел екипа во лигата.
Уште една македонска екипа.

По којзнае колку години во трета лига запад, може да се случи да има дури 5 македонски екипи. Напредок, Љуботен, Тетекс, Кичево и Пролетер.
Чудна работа е колку екипи има од Кичево и Кичевско. ФК Кичево би бил втор македонски клуб од градот, покрај Тетекс. Тука се и Влазними од втора лига, претходно во трета лига играше ФК Ускана, а од околината се и Ѕиѕа и Зајаз.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Во ОФС Кичево не се играло фудбал, меѓутоа ФК Кичево ќе пријавел екипа во лигата.
лигата почна средина на април и заврши викендов. се играше еден круг, 6 екипи: Братство (Лисичани), Гоце Делчев (Другово), Кичево, Колари, Парис (Кичево) и Ускана (Кичево). прв заврши Кичево.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Завчера, Овче Поле-Осогово 1-1.
Со овој бод, Кочанчани се вратија во втора лига.

Останува уште да ја видиме разврската во центрлниот регион во недела и разврската на западот за која ќе почекаме уште некое коло.

Горе сум скокнал една од третите лиги.

Трета лига југозапад (2 кола до крај):

Охрид одамна е шампион во лигата. Тука можеше да има интересна битка за втора позиција, меѓутоа изгледа екипите не беа запознаени со шансата да заиграат бараж за втора лига, ако им се поклопат коцките во втора лига запад.

Па така, Влазними си направи исчекор кон второ место, додека другиве екипи се скапаа местејќи последниве кола, за да им помогнат на оние кои се борат за опстанок.
Влазними има +4 пред Црно Буки, но имаат дуел со Лирија која сигурно ќе им попушти наредно коло. Во последното коло, овие две екипи се среќаваат на теренот на Црно Буки.
Лирија Заграчани ја напушти лигата, а Октиси е екипата која како последна ќе отпадне. Од лигата треба да отпадне уште една екипа, а веројатно тоа ќе биде Преспа. Единствената екипа која не се снајде во последниве кола. Штета за ресенскиот фудбал.
Преспа има 27 бодови, 4 помалку од Новаци и Велешта, па невозможно е да ги престигне.

Интересно, може да се случи ниту една екипа да не отпадне во овој регион. Единствено Кораб припаѓа на регионот, меѓутоа со оглед на математиките во втора лига, би требало да се спасат на крајот.
Во таков случај, ќе остане простор да се спаси уште една екипа. Дали тоа ќе биде Преспа или ќе влета некоја екипа од општинска, ќе видиме.

Од општинските лиги, викендов се играат баражи во Охрид.
Полуфиналињата се:
Воска - Свети Петар
Дебрца - Рудар Куратица

Само победникот треба да влезе во трета лига, меѓутоа можеби ќе се отвори простор и за финалистот. Фаворит е Дебрца.

Во ОФС Струга, минатото коло Македонија од Враништа го тепаше Ложани со 3-0 и го премина на табелата.
Веројатно и овде има баражи. На коло до крај, Македонија Враништа и Ложани се сигурни во бараж. Веројатно друштво ќе им прават и Белица и Искра од Мороишта.

ОФС Ресен и ОФС Дебар веројатно се неактивни...
Во Дебар не сум ни чул некогаш да се играла општинска лига. Малку чудна работа е што тој реканскиот регион нема друга екипа освен Кораб.
Пример од Ростуше може да се направи некој состав. Во селата во Центар Жупа сигурно може да се состави тим. Косоврасти има многу млади исто така...
Во Ресен порано егзистираше регионалната лига (со екипи како Подмочани, Братство Стење, Јилдиримспор, Асамати, Царев Двор итн), но ништо оваа година.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: No9
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Крушево конечно добива второлигаш.

Питу Гули славеше кај Бабуна и се пласира во втора лига.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
ОФС Ресен и ОФС Дебар веројатно се неактивни...
Во Дебар не сум ни чул некогаш да се играла општинска лига. Малку чудна работа е што тој реканскиот регион нема друга екипа освен Кораб.
Пример од Ростуше може да се направи некој состав. Во селата во Центар Жупа сигурно може да се состави тим. Косоврасти има многу млади исто така...
Во Ресен порано егзистираше регионалната лига (со екипи како Подмочани, Братство Стење, Јилдиримспор, Асамати, Царев Двор итн), но ништо оваа година.
Ресен обично игра секоја година. Дебар не ни постои како ОФС. Ростуше има екипа, ама во младински лиги.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Дрита е последнуот второлигаш, како шампион на западот.
Вчера во директен дуел, победиле 3-2 со Вардар Форино.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
Дрита е последнуот второлигаш, како шампион на западот.
Вчера во директен дуел, победиле 3-2 со Вардар Форино.
Кој екипи влегоја освен Дрита во западнава лига?
И дали би имало бараж?
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Охрид уште одамна влезе, а од пред некоја недела и Кадино.

со оглед на тоа што од Прва во Втора Запад не испадна ниту една, веќе има едно место плус. а па уште и Лабуништа ако влезе преку баражот, тогаш две места ќе има слободно. бараж треба да играат второпласираните од трите групи, а тоа се Вардари (Запад), Фортуна (Север) и Влазними (Југозапад) со тоа што прво ФФМ треба да ги исчешла за тоа дали воопшто исполнуваат услови за играње Втора лига.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Охрид уште одамна влезе, а од пред некоја недела и Кадино.

со оглед на тоа што од Прва во Втора Запад не испадна ниту една, веќе има едно место плус. а па уште и Лабуништа ако влезе преку баражот, тогаш две места ќе има слободно. бараж треба да играат второпласираните од трите групи, а тоа се Вардари (Запад), Фортуна (Север) и Влазними (Југозапад) со тоа што прво ФФМ треба да ги исчешла за тоа дали воопшто исполнуваат услови за играње Втора лига.
Koi uslovi treba da gi ispolnuvaat?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Кој екипи влегоја освен Дрита во западнава лига?
И дали би имало бараж?
Во западна влегоа:
Охрид (југозапад), Кадино (север) и Дрита (запад).
Како што кажаа погоре, ќе има отворено уште едно место кое во бараж треба да го пополнат второпласираните екипи од овие региони - Вардар Форино (запад), Влазними (југозапад) и Фортуна (север). Ако влезе Лабуништа, ќе се отвори уште едно место. Ништо чудно и Тетекс да го вметнат во некој бараж, бидејќи не верувам дека сите овие екипи ќе имаат амбиции за втора лига.

Од тоа што слушав, ниту една екипа од север не сакала да влегува во втора лига. Си играле пофер лига во однос на претходниве години и Кадино како најсилни завршиле први. Се шпекулира дека ќе го продаваат местото на Маџари кој од општинска влезе во трета лига. За Фортуна гарантирам дека немаат амбиции за втора лига.

На исток влегоа:
Осогово (исток), Дојранско езеро (југоисток) и Питу Гули (централен регион).

Има муабети дека Питу Гули ќе го продавале местото. Дури наслушнав дека и Новаци ќе кеширале за да го заменат Охрид во втора лига. Со новиов градоначалник, ги загубиле финансиите Охриѓани.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Цементарница е шампион на ОФС Кисела Вода, откако во пролетниот дел ги доби директните дуели со двата ривали Славија Пржино и Аеродром.
Во последното и решавачко коло, Аеродром-Цементарница 0-1.

Цементарница 11-0-1 33 бодови
Славија 9-0-3 27 бодови
Аеродром 9-0-3 27 бодови

Маџари Јуниор е шампион на општинска лига Гази Баба.
Њу Јорк е шампион на општинска лига Скопје.
Речица е шампион на општинска лига Куманово.

Не знам дали Речица ќе пријави екипа во трета лига, па не знам како ќе се реализира пополнувњето на трета лига север.
Кадино е нов второлигаш, но Гоблен се враќа од втора во трета лига.
Од трета лига север отпаднаа Горно Лисиче (се гледаме повторно во ОФС Кисела Вода :D), Марино и Текстилец (уште еден повратник во ОФС Кисела Вода).

Значи, ако нема откажувања трета лига север треба да организира бараж за четирите шампиони од општинските лиги за да ги пополни трите слободни места.
Сигурен сум дека Цементарница, Маџари Јуниор и Њу Јорк ќе сакаат да играат во трета лига, па ако Речица се откаже од бараж, тогаш тие ќе бидат трите екипи кои ќе ја пополнат лигата.


Во баражите кои ја пополнуваат трета лига југозапад.
Во ОФС Струга, имавме финале меѓу две македонски екипи.
Македонија Враништа - Ложани 3-0
Македонија Враништа е нов третолигаш. Ако не се лажам, по пауза од 7-8 години.

Во ОФС Охрид, ФК Дебрца го доби баражот.
Во полуфиналето Дебрца ги тепала Рудар од Куратица, а Свети Петар ги добиле Воска.
Во финале, Дебрца - Св. Петар 2-0.

Во ОФС Битола, по завршувањето на лигашкиот дел, шампион е Стрела Спорт од Могила.

Од втора лига југозапад во втора лига се пласира Охрид, а во обратна насока не отпадна ниту една екипа. Од трета лига југозапад, отпаѓаат Октиси, Лирија Заграчани и по некое мое мислење, треба да отпадне и Преспа, за да можат да влезат сите шампиони на ОФС, Дебрца, Македонија Враништа и Стрела Спорт Могила.

Но, бидејќи во втора лига запад се отвора едно место кое треба да го пополнат второпласираните екипи од екипите кои припаѓаат на западот, има надеж да се спаси Преспа, доколку Влазними се избори за втората лига.

До душа, никаде не видовме најави за евентуални баражи за пополнување на втора лига запад. По некоја логика, Вардар Форино, Фортуна Синѓелиќ и Влазними Струга, треба да се борат за последното место кое води во втора лига.

EDIT: Сепак, било официјално.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom