3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Превалец - Питу Гули 0-1

Каква победа на Крушевчани и каков пресврт во лигата. Само неколку кола претходно се чинеше дека Превалец сигурно ја добива лигата, по двата порази на Питу Гули по ред (Напредок Крушеани на гости со 4-0 и дома од Росоман). Превалец имаше +4 и дуел со Питу Гули дома. Ама загубија кај Росоман и сега губат дома во директен дуел, по што Питу Гули има 43 поени, додека Превалец останува на 41 бод.

Лигата ќе биде супер интересна до крајот, со оглед на тоа што и двете екипи имаат тешки натпревари и се е можно да се случи. Питу Гули гостува кај Црнилиште и Бабуна, две многу тешки гостувања, особено кај овие првите.
Имало инцидент на првиот натпревар во Крушево и шкониве им се наапани на Питу Гули.
До крај:
Питу Гули - Братство
Напредок Крушеани - Превалец

Ново Црнилиште - Питу Гули
Превалец - Младост Кривогаштани

Питу Гули - Тополчани
Големо Коњари - Превалец

Превалец - Марена
Бабуна - Питу Гули

Превалец со многу полесен распоред, но со 2 поени помалку од Питу Гули и полош меѓусебен дуел.

Дерби и на југоистокот.
Дојранско Езеро ја победи Тиверија со 2-1 и со тоа си го визираше настапот во втора лига.
После долги години, убаво е да се види Дојранската екипа во втора лига.

На западот Дрита го совладала Љуботен со 3-1, а Вардар Форино тепал 2-0 со Трабзонспор.
Наредното коло Вардар гостува кај Напредок и можно е да киксне. Најавени се две навивачки групи на натпреварот.
Последно инфо што го имам е дека натпреварот Росоман - Превалец што заврши 1:0 треба да биде регистриран 0:3 за гостите поради неподмирени финансиски обврски кон Трета лига Центар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Последно инфо што го имам е дека натпреварот Росоман - Превалец што заврши 1:0 треба да биде регистриран 0:3 за гостите поради неподмирени финансиски обврски кон Трета лига Центар
Во таков случај Росоман би ги загубил сите натпревари со 3-0 и би бил исфрлен од лига, што повторно не ја менува состојбата на табелата.

Официјално Охрид е првиот третолигаш кој е шампион на еден регион и од наредна сезона ќе игра во втората лига.
Дојранско езеро ќе биде вториот клуб што математички ќе го осигура врвот. Осогово и Кадино 99% ќе бидат први, но противниците се' уште ги следат. Кадино има +6 од ССК, a Осогово ја има истата разлика во однос на Овче Поле.

Како што кажав, голема битка ќе има на запад и центарот.

Во ситуација кога сите клубови кои испаѓаат од прва лига се од истокот, тоа значи дека ќе нема која екипа да го заземе местото на Струга која како прва во втора лига запад, ќе влезе во прва лига.
Тоа би значело дека и за второ пласираните екипи од третити лиги кои го пополнуваат западот, ќе се отвори шанса за влез во втора лига.
Веројатно ССК ќе заврши пред Фортуна на север, Вардар Форино би требало да ја изгуби битката со Дрита за прва позиција, а интересно ќе биде да се види која екипа ќе биде втора на југозападот. Се надевам дека Црно Буки ќе завршат пред Велешта и Влазними на крајот. Караорман имаше одлична можност за такво нешто, но сепак викендов им ја пуштија на Фламуртари за да овие изборат опстанок.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Росоман потврдија дека утакмицата е заведена 3:0 оти не платиле 2000 ден за жолти картони.
Тоа дека треба да ги исклучат комплетно според правилник ли е?
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Во таков случај Росоман би ги загубил сите натпревари со 3-0 и би бил исфрлен од лига, што повторно не ја менува состојбата на табелата.

Официјално Охрид е првиот третолигаш кој е шампион на еден регион и од наредна сезона ќе игра во втората лига.
Дојранско езеро ќе биде вториот клуб што математички ќе го осигура врвот. Осогово и Кадино 99% ќе бидат први, но противниците се' уште ги следат. Кадино има +6 од ССК, a Осогово ја има истата разлика во однос на Овче Поле.

Како што кажав, голема битка ќе има на запад и центарот.

Во ситуација кога сите клубови кои испаѓаат од прва лига се од истокот, тоа значи дека ќе нема која екипа да го заземе местото на Струга која како прва во втора лига запад, ќе влезе во прва лига.
Тоа би значело дека и за второ пласираните екипи од третити лиги кои го пополнуваат западот, ќе се отвори шанса за влез во втора лига.
Веројатно ССК ќе заврши пред Фортуна на север, Вардар Форино би требало да ја изгуби битката со Дрита за прва позиција, а интересно ќе биде да се види која екипа ќе биде втора на југозападот. Се надевам дека Црно Буки ќе завршат пред Велешта и Влазними на крајот. Караорман имаше одлична можност за такво нешто, но сепак викендов им ја пуштија на Фламуртари за да овие изборат опстанок.
Значи јас колку што сум во тек во целата ситуција раководството тешко ќе наплати за картоните и во секој случај до крај на сезоната ќе платат. Како и што им е договорено колку време имаат да ги плаатат дали 2, 3 кола по направените картони точно не можам да ти кажам. Знам дека по правилник можат само да ја изгубат тековната утакмица САМО И САМО АКО противничката екипа пријави жалба пред почеток на натпреварот.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Има ли некој инфо кои клубови располагаат со механизација за одржување на терени со природна трева? Гледам дека стадионот во Тетово е во подобра состојба дури и од градски стадион Скопје... Или можеби некои фирми кои изнајмуваат механизација за аерација и чеповање...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Кадино на прагот на втората лига.
Кадино-Ринија 8-0
ССК-Илинден 1-2

Со поразот на Драчевци, Кадино избега на +9 бодови на 6 кола до крајот. Така што може да кажеме дека сигурно ќе им се приклучи на Охрид и Дојранско езеро кои веќе го заверија првото место своите региони.

По Охрид, овој викенд и Дојранско езеро математички го обезбеди првото место во југоисточниот регион. Официјално се враќаат во втора лига после повеќе од 15-тина години (според мојава меморија).

И покрај тоа што Превалец ги земале трите бода од дуелот со Росоман на зелена маса (според мене малку педерски), повторно кикснаа викендов и Питу Гули одново се први.
Питу Гули-Братство 3-1
Напредок Крушеани-Питу Гули 0-0

Во моментов Питу Гули имаат 46 бода, а Превалец 45. Има уште три кола до крајот, со тоа што Питу Гули имаат две тешки гостувања.

Промени на врвот и на западот.
Напредок Кичево-Всрдар Форино 2-5
Зајас-Дрита 1-1

Вардар Форино има 44 бодови, а Дрита 42, но Дрита има натпревар помалку на 5-6 кола до крај. Имаат и меѓусебен дуел во Боговиње.

Осогово со гол во 90-та минута отиде на +9 против Овче Поле, но светиниколци имаат натпревар помалку. Влегоа и во војна со задолжените во трета лига исток, поради натпреварот со Малеш кој бараат да го добијат службено.
Мислам дека и овде е решено првенството, така што може да се прогласи Осогово за второлигаш.

Запад:
Југозапад - Охрид (шампион)
Север - Кадино +9 на 6 кола до крај во однос на ССК и Фортуна
Запад - Вардар Форино со +2 и пред Дрита и натпревар повеќе. Вардар има уште 5 меча, Дрита уште 6. Би требало да освои Дрита.

Втора лига исток:
Исток-Осогово со +9 пред Овче Поле и натпревар повеќе.
Југоисток - Дојранско езеро (шампион)
Центар - Питу Гули со +1 пред Превалец на три кола до крајот. Се е можно тука.

Сите шампиони би биле повратници во втора лига. Некои на времето беа редовни второлигаши, а Осогово, Дрита и Охрид (иако, овој Охрид не знам дали ја наследи историјата на фк Охрид од минатото) се со искуство од прва лига. Не сум сигурен дали Кадино имаат играно во втора лига.

Ако евентуално освојат Вардар Форино и Превалец, би требало да им биде деби во втора лига.
 
Ниту Превалец, ниту Питу Гули имаат аспирации за влез во Втора лига. И двете екипи имаат намера своето место да го отстапат на некоја од екипите што излегуваат
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Питу Гули со голема победа во Црнилиште.
Ново Црнилиште-Питу Гули 0-1
Превалец-Младост Кривогаштани 7-0

Питу Гули 49
Превалец 48

Питу Гули - Тополчани
Големо Коњари - Превалец

Превалец - Марена
Бабуна - Питу Гули

Викаат дека Питу Гули фрлале пари на противниците на Превалец, а веројатно ја наместиле и денес. Постои шанса Коњари да им скинат бод на Превалец во следно коло и тука да се реши првенството. Ако тепаат и двете екипи во наредно коло, тогаш Крушевчани ќе имаат многу тешка задача кај Бабуна на гости, бидејќи ќе мора да победат.

Кадино и Фортуна тепаа на северот, а ССК загуби 1-0 кај Беса во Слупчане. На 5 кола до крајот:
Кадино 54
Фортуна 45
ССК 42

Како што кажав и овде работата е веќе готова, иако не и официјално.

Дрита и Вардар Форино тепаа викендов и продолжуваат во мртвата трка на западот.

Останатото е веќе познато.
 
Пари да фрлаат тешко. Ниту едната ниту другата немаат пари за влез во Втора. Инаку по последните информации дознав дека доколку Питу Гули/Превалец го продадат местотот во втората лига тоа нема да значи на една од овие две екипи префрлање во најнизок ранг како што беше со Миравци. Барем за сега има такви најави дека нема да има санкции.
Второ: Згуснува и ситуацијата на дното на табелата каде е се поизвесно дека можно е и трета екипа да излегува од нивниот регион поради тоа што постои голема шанса Превалец или Питу Гули да не игра втора лига, а во нашиот регион ќе дојдат пак Неготино и Обршани. Денеска Росоман не отпатува во Тополчани, и сега доколку на Росоман му одземат бодови поради неодигрурвањето на натпреварот може да значи дека Росоман ќе биде лидер во трката за да биде трет кандидат за излегување. Табелата е подоле

6 ФК РОСОМАН-83 19 6 6 7 31 28 +3 24
7 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 20 6 6 8 24 43 -19 24 8 ФК НАПРЕДОК Прилеп 20 6 6 8 38 57 -19 24 9 ФК МАРЕНА 20 7 2 11 38 48 -10 23 10 ФК МЛАДОСТ 1930 20 6 4 10 31 43 -12 22 11 ФК ТОПОЛЧАНИ 19 5 1 13 23 53 -30 16 12 ФК ТОПОЛКА
(-3) 20 3 2 15 27 71 -44 8
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.445
Поени од реакции
68.658
Секоја година има такви муабрти за продавање на места, но на крај под притисок од ффм, не ги продаваат местата и си играат во лигата. И лани Обршани личеа дека ќе го продаваат местото, па на крај си играа втора лига. Ќе подмачка општината колку да се платат основните потреби за настап.

Инаку не отпадна ни Миравци во најниска лига. Едноставно си ги сменија местата. Играа Миравци во втора лига, па потоа се распаднаа.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Зошто да го бркаат Росоман во општинска лига ако се враќаат Неготино и Обршани, имаат простор да ја зголемат ТЛЦ од 12 на 14 екипи. Има муабет дека Бабуна сакале да играат општинска од наредна година, нз колку е точно
 
StarScr3am

Ѓавол
Член од
22 септември 2009
Мислења
798
Поени од реакции
219
Зошто да го бркаат Росоман во општинска лига ако се враќаат Неготино и Обршани, имаат простор да ја зголемат ТЛЦ од 12 на 14 екипи. Има муабет дека Бабуна сакале да играат општинска од наредна година, нз колку е точно
Затоа што постои можност да не влезе ниту Превалец ниту Питу Гули во Втора лига и така автоматски и третиот од доле излегува директно
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Пролетер од село Тумчевиште стана шампион на ОФС Гостивар и ќе игра во 3.МФЛ Запад. интересно, со Напредок и Љуботен, по кој знае колку време ќе има трета македонска екипа во таа група.

табела:
http://macedonianfootball.com/4-mfl-gostivar-proleter-wins-3-mfl-west-promotion/
 
Член од
3 март 2017
Мислења
63
Поени од реакции
31
Пролетер од село Тумчевиште стана шампион на ОФС Гостивар и ќе игра во 3.МФЛ Запад.
Kao ponosen clen na nivniot podmladok mozam da kazam deka mocite od Proleter se zakon , se nadevam deka ako nisto poveke ke uspeat da se probijat niz tretava liga , sekoja cest!
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.151
Пролетер од село Тумчевиште стана шампион на ОФС Гостивар и ќе игра во 3.МФЛ Запад. интересно, со Напредок и Љуботен, по кој знае колку време ќе има трета македонска екипа во таа група.

табела:
http://macedonianfootball.com/4-mfl-gostivar-proleter-wins-3-mfl-west-promotion/
4 ќе бидат сосве Тетекс
 
Kajgana Shop

На врв Bottom