Насилство и повредени на протестот во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти благодарам за шансата, пред да ме здрвиш по глава ко дебелата свиња прееска.

Протестот беше лошо темпиран, иницијативата постоеше некое време, а датумот денешен беше „предизвикан“ од простодушност и нерасипливост на умот.

Целите беа против ГРАДЕЖНАТА парцела, не против ЦРКВА на плотшадот.
Јас сум православен христијанин веќе 22 години. Немам причина да не сакам црква!!! Мотивите, наши, на сутеднитите членови на Прва Архи Бригада беа од стручен аспект. Сакаме јавна дебата, сакаме свесност за значењето на архитектурата, сакаме да кренеме глас кога наштие професори се кријат ко пички во кабинети. САКАМЕ да бидеме слушнати, сакаме да слушнеме, сакаме да научиме и да споделиме знаење. Не сакаме лопати од апансас.

И никој рака не крена, нити провоцираше.

Се што се случи беше, претпоставувам основано, по нарачка.


А сега, удирај бате. И ти, и Ацо, и Гоце, и Никола...сите кои имаат ќеиф.

Оти, физичката болка поминува.
Душевната, за виденото ужасие...останува.

Добро видов и клип и навистина тепачите ги носеле тие знамиња. Се извинувам за се што напишав.
 
ВЛАЈКО, РАМСТОР, КАТНА ГАРАЖА НЛБ ТУТНСКА, НА КАМЧЕВ ЗГРАДАТА, БАНКАТА КАРШИ...


КАДЕ БЕВТЕ ТОГАШ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ..

Исто слушав кога заедно со луѓе од Кајгана организиравме протест против промена на уставно име.

Тогаш реториката беше: Каде бевте 93-та, 95-та.....

Магичен круг, пријателе мој. Магичен круг....
 
Серпик..кај бе баш меѓу два изборни круга одбравте?
 
Добро видов и клип и навистина тепачите ги носеле тие знамиња. Се извинувам за се што напишав.

Запалив свеќа во соборен и за тој шо крена рака на мене. Твојот вербален деликт кој е неоснован, воопшто не ме повреди. Нема за што да се извинуваш.
 
Добро видов и клип и навистина тепачите ги носеле тие знамиња. Се извинувам за се што напишав.

Линк може?
Баш сакам да видам кој е кој.

Која била помалата група , а која поголемата?

Кој ги носел знамињата и од која причина?

Серпико?
 
Абе вие сте биле ептен отидени!


Прилично плитко е организирањето протести пред вториот круг избори. Ама многу плитко :)

Се знае мотивацијата, досега за 300 пати побитни работи никој не протестирал ниту излагал и се солидаризирал со социјалните случаи и слични примери, а една црква во предизборието мноогуу пречела бе...

С.Р.А.М.О.Т.А.
 
Боби..кај бе баш меѓу два изборни круга одбравте?

Мислиш дека ако беше ова за 20 дена, немаше да има ваква „спонтана и демократска“ реакција? :) Нино...те молам.

Изборот беше несреќен, се согласувам. Наивност и страв од нови лопати на телевизии, како со уставниот пред некој ден.

Линк може?
Баш сакам да видам кој е кој.

Која била помалата група , а која поголемата?

Кој ги носел знамињата и од која причина?

Серпико?

„Вистинските христијани“ со жолтите знамиња дојдоа преку камени, во 11:55, по моја проценка и се приклучија на масата кај дал-мет-фу.

Јас, крстениот сотон не носев жолто знаме. Непотребна насока на диксусијата за знамињата бате...имаше камери, ваљда ќе се увериш подобро кога ќе видиш повеќе снимки.
 
Говеда,
тие знамиња ги вееа тепачите.

Фино реков ја...

Стока,дронови и македонштина на дело имало денес...
Срамота,тоа е европската демократија која се пропагира, не браќа ова е крајниот стадиум на заслепеност...Да спречиш некого да има протест со тоа што ќе се примени физичка сила а притоа напаѓачите се озбилно побројни од мирните протестанти...Нечуено,невидено, ова само кај нас го има ...Уан енд онли...

Вие сите што пишавте дека си го заслужиле сте овци и на чекор од фашисти,пазете го следниот потег на овчарот за да не пропуштите некоја важна ''информација или вест'' која ќе ни биде од ''витално'' значење...
 
Абе вие сте биле ептен отидени!


Прилично плитко е организирањето протести пред вториот круг избори. Ама многу плитко :)

Се знае мотивацијата, досега за 300 пати побитни работи никој не протестирал ниту излагал и се солидаризирал со социјалните случаи и слични примери, а една црква во предизборието мноогуу пречела бе...

С.Р.А.М.О.Т.А.
Братот,
ако организирам уште еден, за месец дена, ми ветуваш дека нема да тепа никој? :smir:
 
Го познавате ова жолто знаме кое што беше веено од страна на протестантите против изградбата на црква на плоштадот????

Чиво знаме вееа???
ТИЕ ГО ВЕЕА ОФИЦИЈАЛНОТО ЗНАМЕ НА ГРЧКАТА ЦРКВА

Кои се организаторите ,колку ги плаќаат Грците за да можат да ни роварат сега и по нашата Македонска црква.

Зошто СДСБЈРМ секогаш имаат исти ставови со нашите непријатели?????
Опа значи протестантите за изградба на црква се СДСБЈРМовци?А волк?
Кога еднаш ќе почнеме со свои глави да размислуваме бе?!Е ова денес е искуство од кое треба да научиме нешто...
Не се потрудивте ни да се информирате што било како било-ама тоа не ве спречи да обвинувате и одма да донесете заклучок дека се СДСовци педери соросоиди и сл.:kesa:
 
А да земете да протестирате против секојдневните тортури што ги трпат Македонците во Струга на пример? Или побитна е некоја политичка агенда.
 
Архитектонските силеџии на владата продолжуваат со своите каприциозни изведби од кој нема да можеме да се опоравиме уште најмалку 50тина години и после одкако ќе ги снема.Тоа е парадоксот на оваа беља која сите не снајде.Во Прилеп се градат фонтани и чешми шарени,паркинзи и игралишта каде никогаш нема да им биде место,во Скопје се градат цркви,восочни музеи и подземни катакомби,како резултат на некадарноста од одредени партијски профитери примени набрзина во Гвујовата администрација.Решението на проблемот ќе биде многу тешко и скапо,ама сепак да се надеваме дека на крај се ќе излезе како што треба.Овдека не беше проблем дали треба или не да се гради црква,тука проблем е локацијата на објектот која не суштествува со потребите на граѓаните според сите релевантни и колку-толку компетентни мислења.
П.С.-По изборите владата ќе му нареди на секое семејство да изгради “полски нужник“ во секоја дневна соба.Протести не смее да има,оти така замислиле “експертите“ на Гвујо.:toe:
 
Опа значи протестантите за изградба на црква се СДСБЈРМовци?А волк?
Кога еднаш ќе почнеме со свои глави да размислуваме бе?!Е ова денес е искуство од кое треба да научиме нешто...
Не се потрудивте ни да се информирате што било како било-ама тоа не ве спречи да обвинувате и одма да донесете заклучок дека се СДСовци педери соросоиди и сл.:kesa:

Ма какво информирање...

Тренингот е:

-Ало?
-Ало. Удри.
-Океј.

Кој ќе се мачи да се информира...
 
Еве го и клипот. Дечките десно си протестираат ко што гледам. А крстносциве се поагресивни.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom