Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Предлог за одговор доколку ме прашаат зошно имам аплицирано на лотарија за Green Card ???
 
Го пишувам ова како охрабрување за оние кои се исплашени од интервјуто за виза и што се двоумат дали да аплицираат затоа што се прва година и/или затоа што имаат аплицирано за Green Card. Јас сум и прва година и имам аплицирано за зелена карта и добив виза на интервјуто на 21ви Март. Конзулот е сменет но ништо друго не е сменето. Сега навистина се уверив дека најголемиот фактор дали ќе добиете виза или не сте самите вие. Пред интервјуто треба да се спремите и да научите се за: вашата работа и местото каде ќе работите, за W&T програмата, за вашиот спонзор, вашите права во америка итн. На денот на интервјуто само насмеани и културни со позитивно расположение и брзи картки но описни одговори.

Некои од прашањата кои мене ми беа поставени и кои ги слушнав од другите: каде ќе работиш, зошто таму, дали ги знаеш твоите права во сад, кои се, кој е вашиот спонзор, каде му е седиштето, кои се обврските што ги имате кон вашиот спонзор, каде ќе бидете сместени, каде студираш, зошто тоа, уште колку испити имаш до крајот на циклусот, зошто не аплицираше лани(доколку сте втора година а немате отидено), дали имаш брат или сестра(и одговорете колку се стари за да не ве прашуваат и тоа), доколку се на факултет дали и тие биле некогаш на оваа програма, ако не зошто, ако да дали се задоволни и што прават сега, во кои држави имате патувано последните 5 години, што работат твоите родители; ако идете по втор пат: зошто идете по втор пат, каде сте работеле претходно, дали пак таму, зошто да/не, што посетивте, како сте задоволни.. Не ми текнува на други, со среќа на сите!
 
Дали некој има искуство да сподели од Virginia Beach, VA или Lake Junaluska, NC?
 
Дали има некој кој ќе иде во Rapid City SD ?
 
Лабавко оваа година во амбасада. Вчера од 88 студенти само на 6 не им одобриле виза (не сум 100% сигурен за информацијава, така слушнав). Јас добив виза по трет пат, апсолвент сум.
 
Лабавко оваа година во амбасада. Вчера од 88 студенти само на 6 не им одобриле виза (не сум 100% сигурен за информацијава, така слушнав). Јас добив виза по трет пат, апсолвент сум.
Честитки друже дај боже да бидат и во априлската недела за интервјуа лабави.
И јас сум апсолвент по втор пат аплицирам минатата година бев само ме плаши тоа што имам 5 предмети заостанати сега.

Имаш ти некои оставено? Што прашања те прашаа сподели тука, а и некој друг што бил нека пише.
 
Честитки друже дај боже да бидат и во априлската недела за интервјуа лабави.
И јас сум апсолвент по втор пат аплицирам минатата година бев само ме плаши тоа што имам 5 предмети заостанати сега.

Имаш ти некои оставено? Што прашања те прашаа сподели тука, а и некој друг што бил нека пише.
Немам, се ми е положено. Прашања стaндард, зошто одам на истото место и што планирам потоа.
 
Последно уредено:
Значи ситуацијата кај мене е многу измешана. И дали мислите дека би имала шанса за виза? Имам презапишано 2 семестри поради еден предмет кој го паднав (и ми влечеше 2 други, кај нас на факс е така).Сега сум последен семестар(запишан прв пат) со тотално се исчистено и положено, значи последните 3 предмети ги слушам тековно + дипломската. Бтв пред да ги презапишам семестрите, ме одбија 2 пати во едно лето (поради паднатиот предмет, ми кажаа во амбасада).
 
Која е возрасната граница на апликантите за оваа програма?
 
Која е возрасната граница на апликантите за оваа програма?

Нема граница мислам али колку постар - толку послаби шанси да добиеш. Јас пред 5 години бев тогаш имав 20 год, имаше доста апликанти со над 26 год и скоро 85-90 % беа одбиени. Сепак зависи и до кај си со факултетот , ако си прва или втора година факс , а имаш 25+ год , осеќат дека не планираш да се вратиш. :D
 
Преку која банка е најевтино да си ги уновчам чековите од данокот што ми стигна сега од САД? Во Тутунска 1.5% провизија од сумата + 620 денари од чек.
 
Zdravo
koga se ode na intervju za viza dali gledat dali si imal krivicno dosie,I dokolku si imal dali pretstavuva problem za dobivanje visa a gi ispolnuvas site dr uslovi ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom