24

  • Креатор на темата Креатор на темата CT
  • Време на започнување Време на започнување
Ох, овде фалат и то како постови.
Жал ми е, нема назад, колку пишевме, толку, јебига, одсега наново.
Излезе петтата епизода на торент. Ја стадов веќе на спуштање::J:
 
Ставене во уторент пред 11 мин. и веќе е спуштена :pipi:
Вечер ќе е јака осеќам! :zlo:
Коментар за еп. од мене утре! :)
 
Зашто нема нова епизода?
 
Џек Бауер крши кичми во Њу Јорк. :vozbud:
Иначе мило ми е што ова створење го убија.Ептен антипатичен актер.
 
Возбудлива 7-ма епизода.И онај јазикот што го зборат Русите е некоја мешавина на руски-српски-македонски и латински.:tapp:
 
Јака 7ма епизода. Особено јак крајот. Е сега е тек она вистинското.. тешкото::J:
 
само што ги изгледав 6та и 7ма епизода, стварно почнува веќе она главното :nesvest:
 
www.vreme.com.mk
Серијата „24“ станува филм
Студиото „Фокс“, кое ја прави популарната серија за агентот Џек Бауер, „24“, почна со изработка на сценарија за долгометражна верзија. „Твентиет сенчури фокс“ го најми сценаристот Били Раја, кој работеше на филмот „Држава на игра“ за да го напише филмското сценарио за серијата. Според „Варајети“, идејата на Били била Џек Бауер да отиде во Европа. Кифер Сатерленд е многу заинтересиран серијата да се претвори во филм, а веќе размислува и за нова варијанта, серија која би се снимала по завршувањето на снимањето на „24“. Продуцентите не откриле дали планираат да има и деветта сезона од популарната серија за агентот Џек Бауер.

www.utrinski.com.mk
Ќе се снима филм според серијата „24“
Филмската компанија „Твенти сенчри фокс“ планира да почне да снима долгометражен филм според популарната телевизиска серија „24“. Но за разлика од серијата, дејството во филмот ќе се случува во Европа. Според планот, снимањето на филмот ќе почне веднаш по завршувањето на серијалот.

Сценариото на филмот ќе го пишува Били Реј, кој стои зад приказните на филмовите „Во игра“, „План за летање“ и многу други. Улогата на Џек Бауер и овој пат ќе ја толкува Кифер Сатрленд, а освен него ангажирани се и Роберт Корчан, идејниот творец на серијата, како и извршниот продуцент Хауард Гордон.

Инаку, ова нема да биде прво префрлање на серијата на големото платно. Во 2008 година беше снимен телевизиски филм под наслов „24: Избавување“, кој беше во режија на Џон Касер со Кифер Сатерленд во главната улога. И во овој филм дејството не се случуваше во Лос Анџелес, туку во Африка.

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Одлична епизода, :vozbud:
Џек им влегвит в село на источњациве,
а Рене,.......... уфффф Ренеее е ѕверка! :back:
Адреналинов ми е хај!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom