24 Teлевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е сосема нормална работа на Запад. Ама постои нешто што се вика market exclusive. Значи ако ТВ станица во град А купи вакво нешто тогаш продавачот нема право да го продаде на станица која покрива иста територија.
 
Да ги пофалам малку 24 Вести за новата опрема и новите студија.
Но звукот им е лош, а графиката иста т.е. застарена, а видеата на YоuTube со слаба резолуција. Се надевам дека недостатоците брзо ќе се решат.
 
Мене ич не ми се допаѓа новиот дизајн на вестите нити ми се допаѓа новата емисија Мој Термин. Секако за вкус се работи и нема што друго да се дискутира. Кога е во прашање дизајнот мислам дека Нова и Телма убедливо сега се најдобри.

Огнен е добар водител но не му требаше да се меша во политиката и со оние шаренине револуции или како и да се викаат. Од тогаш па наваму почна да ме нервира ужасно а имав спротивно мислење за него.
 
Доаѓа освежување на програмата на 24 вести. Прва серија на оваа телевизија е Андрија и Анѓелка НАСКОРО
Andrija_i_An%C4%91elka.png

Со ова 24 вести практично веќе нема да е само телевизија со информативна програма (вести и емисии)
 
Стара вест
Објавено: 15 јуни 2012

Пред некоја недела имаше интервју на 24 вести во Патот на успехот за неговата работа. Ги спомна Телекабел, Angels cafe, и некоја негова градежна компанија ама не спомна за 24 вести ништо.
 
Дизајнот т.е визуелниот идент како изгледа телевизијата е катастрофа. Кога започна со работа телевизијата имаше и нешто интересно да се погледне сега реткост е нешто да ме привлече на телевизијава да гледам.

Еве едно видео од почетокот на телевизијата каде може да се види првиот тим луѓе кој работеа во телевизијата, потоа за брзо следеше отпуштања, некој и сами си напуштаа работа и ред други работи за да дојде до скоро комплетна промена на целиот тим кој работаа на телевизијава.
 
Хахаха 24 се смешни. Решиле да го сменат форматот на ТВ од само вести во вести + една тв серија. Очекував многу повеќе, ова е катастрофа! Инаку ја почитувам телевизијата ама ако продужат со таа една серија и мислат ќе привлечат многу нови гледачи, тешко..
 
Доаѓа освежување на програмата на 24 вести. Прва серија на оваа телевизија е Андрија и Анѓелка НАСКОРО
Andrija_i_An%C4%91elka.png

Со ова 24 вести практично веќе нема да е само телевизија со информативна програма (вести и емисии)

Ќе ги даваат ли сите епизоди од прва до последна, или како и обично што прават нашите телевизии ќе даваат само одредени епизоди?
 
Ќе ги даваат ли сите епизоди од прва до последна, или како и обично што прават нашите телевизии ќе даваат само одредени епизоди?
По ред си ги даваат. По две епизоди на ден. Оваа недела и во понеделникот и вторникот пуштија една премиерна и една репризна.

Во недела и сабота одеше маратон на сите прикажани.

Серијава има 3 сезони е сега колку откупиле 24 вести не знам но бар се надевам дека им се сите епизоди од сите сезони откупено.
 
Звукот во студиото за вести и анализа24 е многу лош.
најдобро е да користат лавалиери,микрофоните кои се фиксирани на масата се многу лошо решение.Особено на 24анализа гостите кога потпираат или мрдаат со рацете на масата се слуша јако и пречи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom