И овој админ, без желба да стави капаче или јаготка во шлагот сака да каже збор два за крај...
Тоа што некој државен празник го прославил само еден дел од Македонците, треба да ги натера сите да помислат зошто е тоа така. Дали од издржани причини или не?
Дали непрославувањето на државен празник е нешто зло? Не.
Еве и Бајрам е државен празник... не е мој, како христијанин. Ама не му се противам, напротив го честитам празникот на сите кои го слават. Не го славам, ама го почитувам како празник на верници, лично убедување. И атеист да бев ќе го честитав пак.
Значи, нема легитимна причина да не се почитува ДРЖАВЕН празник, без оглед на личните убедувања.
Ама, ситуацијата е малку покомплицирана од горенапишаното. Во конкретнава ситуација имаме искривување на еден ден како овој т.е. веќе изминатиот 23-ти октомври. Искривувањето е непобитно. Кој ли го направил? Знам пар политичари кои би повикале медијатори за да одлучат дали треба да се слави празникот.
Дали е крива власта која сака да им оддаде почит на револуционерите од Внатрешната Македонска Револуционерна Организација?
Дали е крива поради можната желба себеси да си ја припише славата на комитите и да го претвори празникот во партиска прослава?
Дали се криви опозиционерите на кои зборот ВМРО во секоја конотација и прилика им боде очи?
Дали се криви МАКЕДОНЦИТЕ (види погоре) кои добиваат учебник по историја добиена заедно со членската книшка?
Знам дека крвта одамна исушена, излеана за земјичкава наша јадна врие. Знам дека ВМРО-вците, луѓето кои некој ги прослави денес, се превртуваат во гробовите. Не сакам да драматизирам, ама ми се граничи со здрав разум одбивањето да се слави ваков празник зошто го вовела партијата која дошла на власт, иако според сите правила и прописи - сосема легитимна е желбата да им се оддаде почит на момците што одлучиле да умрат за некои виши идеали. Виши цели. Слобода за својата земја, мајка. Слобода за нас денеска, за сите нас. И за оние кои не сакаат да го слават празников.
Се знаеше дека ќе има поделби?
Знаел оној кој априори одбил да прифати нешто што го кажал некој друг, зошто по дефиниција, тој другиот му е смртен непријател. Дури и кога станува збор за непобитни историски факти од државно значење, нема да слушнеме за што се работи. Нема да размислиме два пати што некој кажува, кога тој некој е наш противник.
Е затоа сме прости. И не за џабе спомнав религија на почетокот. Партиите денес се како црквата во среден век.
Да живее Македонија. Да живее и да најде сила да прости, уште еднаш, предавство од своите синови.
Божем, тоа и го заслужиле.
А ние, со прстот на чело.... нема да штети малку да размислиме.
Koлку ни се може.
п.с. За однесувањето на админите, етикетирањето и така натака... Пазете, јас и сите колеги сме обични луѓе, со исти прсти кои типкаат по тастатурата како и сите останати. Никој овде не употребува сила, не покажува надмоќ над другите ако личните ставови на двете страни не се на иста фреквенција. Темава не е затворена со таква цел... темава е затворена од мака. Мака....голема мака.
А покажувањето сила, борбата портив апаратот, диктаторот и безобразниот - е само во вашата глава. Е сега, доволно сум културен да не кажам каде мислам дека се наоѓа главата....ама лошо мириса.
Со здравје. Уште еднаш, нека е честит денот и да ни е за многу години.