Интересно што денес владата испрати на територијата од општина Прилеп "арчлии" лути,без жал,да ги казнуваат сите приватни фирми кој ќе се затекнат да работат иако празникот е "државен",со глоба од по 1500 евра.
Државниот терор продолжува под закрила на демократијата и во приватниот сектор,улиците се празни како да е полициски час,а и оние мали продавничиња забрзано ги внесуваа штотуку изнесените производи пред врата како да се спрема елементарна непогода.На глупавоста и нема крај кога вештачки се наметнуваат празници а тие што не треба да работат се токму инспекторите од УЈП кој се сместени во луксузниот хотел и денес тепаат празнични дневници иако празникот беше најавен токму за нив како државен празник.Значи апсурдот се гледа во тоа што оној кој не треба да работи си зема дупла дневница а оној кој треба по свој избор да одбере дали ќе празнува или не,мора да биде присилно дома.Сепак никој не треба да се чуди на ваквите постапки затоа што тоа е дел од преродбата во 100 чекори ама назад кон едно време на диктатури и наметнати ограничувања во слободата на избор.Браво за ваквите моронско-комунистички одлуки на "технократите" кој се повеќе наликуваат на диктатори.