goodman_91
Бубалица
- Член од
- 2 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 29
Холанѓаните се подготвуваат за крај на светот во 2012 година
Повеќе илјади Холанѓани велат дека го очекуваат крајот на светот во 2012 година, а многумина тврдат дека преземаат превентивни мерки за апокалипсата што следува, известиле холандските весници.
Весникот “Де Волкскрант“, соопштиле дека разговарале со илјадници тамошни жители кои веруваат дека на цивилизацијата и престои крај. Додека теориите за наводна катастрофа варираат, повеќето се сложуваат дека во 2012 година, ќе биде крај на Маванскиот календар, а со тоа и на светот, информирало радио Холандија. Многу од интервјуираните луѓе прават залихи, гумени чамци и друга слична опрема.
Проблемите што преовладуваат на планетата имаат заеднички корен: духовен пад на човештвото односно човековата неможност да завладее со духовното знаење. Холанѓаните кои веруваат во скорешен крај ценат дека можеме да ја изгубиме шансата за еволуција што не чека во 2012 година, доколку не се воведе програма со широк опсег, за да се спречи катастрофата.
Постојат многу шпекулации за тоа како ќе се случи судниот ден, точно на денот на зимска солстиција, 21 декември. Луѓето често споменуваат природна катаклизма или светска војна.
За други пак ова е исполнување на древните библиски пророштва, додека други научно шпекулираат дека овој датум може да значи почеток на потполно нов еволуциски циклус или геолошко време во историјата на Земјата, пренесува телевизија Нова.
Годината 2012 добиена од втората пресметка на маванскиот календар, кој многу прецизно го одредува циклусот од 1.872.000 денови, а почнува на 13 август 3113. пр. Кр. И завршува на 21 декември 2012 година.
Извор: Нетпрес