Скептична сум за тоа дека ќе се случи апокалипсата сега во 2012 година. Прерано е за вакви имбицили како нас да бидат толку неславно истребени.
Шега настрана, верувам дека се случуваат некакви промени. Ова не го велам под претпоставка туку веќе истите започнуваат да влијаат врз целокупното човештвото.
Голема е веројатноста да настанат разни пореметувања кај човештовото со што би довело до геноцид.
Доказ е пулсирањето на земјината топка која доколку претходно изнесувала во просек некаде околу 7,83 циклуси. (Не ме фаќајте за збор, меѓутоа мислам дека е ова точен податок.) Денес е рамна на речиси неверојати 12 циклуси! Што и не треба да се сфати несериозно, ниту најмалку.
Алармантна е состојбата, но се плашам дека ние сме пезафатени за преземање на било какви мерки, па и доколку имаме прилика да спасиме парчиња од она што останало се сомневам дека ќе се сплотиме во заедница за да го сториме тоа.
Сепак факт е дека секојдневно сме сведоци, а и медиумите не бомбандираат со перманентни објави околу соларни бури, катаклизми, ураганите и сл. збиднувања не се и така коинцидентни, бидејки според некои тези во најмала рака го наговестуваат цикличното поместување на географските полови на земјата.
Пр. ураганот Сенди кој се случи овој месец е последица на пореметувањето кое настанало во природата.
Или ако земјината прекривка се замени со половите и со се останато што е на неа, тука веќе станува збор за поместувањето на Земјината оска.
Оваа планета е можно да се претвори во вселена под тежината како фактор, со што би дошло до поместување на географските полови вклучувајки ѓи нивните ледени маси.
Зрачењето е исто така огромно бидејки одамна е јасно дека озонската дупка е уништена и остануваме незаштитени.
Е сега, за среќа или не, овде тука некаде помеѓу, е вметнато и реторичкото прашање околу апокалипсата, која не е тотално исклучен и заборавен настан. Сума сумарум, еден ден ќе биде, а кога останува на нас дали ќе одлучиме да останеме почесни гости на овој свет па да бидеме и сведоци.
Втора работа која ја чув, која според мене е глупост е поставувањето на новиот поредок од страна на Илуминатите.
Тоа според мене нема никаков резон и се коси со сите досегашни поставени тези, но ете некои го споменуваат како можност, па си реков да го наведам. Ако некој има некакви информации нека пише да видиме за што станува збор.
А моето позитивно гледиште околу темава, за да не звучам толку песимистично..
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Е дека календарот на маите е незалуден. Можеби означува почеток на нова ера, а крај на претходнава.
Па 5-тата димензија во која ќе навлеземе ќе биде прекрасна. Ќе биде опсипана од нова енергија и позитивни вибрации кои ние ќе треба да ги впиеме во себе.
Небото ќе добие разни бои, ние ќе може да летаме како во времето на Икар.
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Ха ха.
Во кратки црти, преостанува само да се надеваме и си правиме филмови во главата дека нешто од ова ќе се случи.
Ако не ништо повеќе бар имаме бујна имагинација.