21-во традиционално искачување “Голем Кораб 2012“

Статус
Затворена за нови мислења.

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
На 16 септември има планинарски марш во чест на Др.Оливер Велков - Ортопедот, ако има заинтересирани пишете да се договориме
поќе инфо тука > кљик
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.544
Поени од реакции
2.271
Или никој не отиде или тапа ви било....никакви импресии некој да напише од качувањево....
Прашај го pain_killer мислам редовен е на вакви настани?
Имресии......
вака јас се качував втор пат но исто како да ми е прв пат :) Зошто? Таа година кога бев беше многу лошо времето и цел пат го поминав во магла и барајќи маркации низ маглата :) Ниту природа видов тогаш ништо...
Оваа година, како што кажа некој член погоре времето беше абе бомбона :) Сонце пријатно ти ја гали кожата не доволно силно за да изгориш, нормално треба да бидеш претпазлив, ветерче фино малце ладничко таман, идеално време за секакви спортски активности!
Гужва небаре на концерт преку 2000 луѓе, тие што идат секоја година викаат дека никад не било ни приближно толку гужва и луѓе како оваа година!
Кога сум кај луѓето послабо странци отколку што очекував, многу скопјани вриеше... автобуски комбиња може имаше 500 скопјани и повеќе... пријатно ме изненади што имаше многу албанци дојдени организирано со планинарски клубови што не било многу честа појава на други планинарења, други националности.. автобус срби, комбе бугари, полјаци, турци, американци, чеси, интернационалци - збореа англиски нз од која држава :) Амбасадори на различно држави, стари луѓе, дебели жени, мали деца, еден носеше едногодишно дете во вреќа на грбот цел пат, секоја чест, викам луѓе како на концерт :)
Природата, е овде неможам многу да се пофалам, повеќе ги сакам пролетните искачувања кога е раззеленето, сега дека скоро есен и сликата е повеќе жолто-кафеава отколку зелена, мал дел можеби 1/5 од патот се иде у шума другото ради висината најверојатно нема голема вегетација освен трева и по некое грмушче!
Организација жална и мизерна, само едно шаторче оц црвен крст мало никакво скоро пред крај со апарат за мерење притисок и завој како главни адути при повреда што би рекле старите: овде господ ако не те чува никој неможе да ти помогне, сам на себе! Ако си почетник у планинарење недај боже нема овластени лица да ти помогнат, да те упатат да ти кажат имиња на околните места, висина, кај има извор на вода луѓе со црвени мајци што означуваат воџи не постоеја такви, само ако се снајдеш ако прашаш некој некомпетентен евентуално .....
Енергија истрошена, пријатна болка во мускулите, позитивни емоции неописливо, доаѓаш дома се тушираш ти тече кал од тебе и се гордееш со тоа, легнуваш да спиеш и уживаш во болките во мускулите.... нешто што може да те исполни максимално да ги поминеш сите моменти со насмевка...
У превод без разлика на моите критики што секогаш ги потенцирам, кои во случајов и не се многу страшни и така големи ко што делуваат, супер провод и апел до сите надежни планинари за се што ви треба совети организации и слично, можете да ми се обратите и да се консултирате со мене стално ќе бидам расположен да ви излагам во пресрет и здравје боже да се дружиме по македонските планини, а зошто да не и пошироко (y)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Кога сум кај луѓето послабо странци отколку што очекував, многу скопјани вриеше... автобуски комбиња може имаше 500 скопјани и повеќе... пријатно ме изненади што имаше многу албанци дојдени организирано со планинарски клубови што не било многу честа појава на други планинарења, други националности.. автобус срби, комбе бугари, полјаци, турци, американци, чеси, интернационалци - збореа англиски нз од која држава :) Амбасадори на различно држави, стари луѓе, дебели жени, мали деца, еден носеше едногодишно дете во вреќа на грбот цел пат, секоја чест, викам луѓе како на концерт :)
Исто така имаше и 3 кучиња од кои 2 видов на врвот. :LOL:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.544
Поени од реакции
2.271
Исто така имаше и 3 кучиња од кои 2 видов на врвот. :LOL:
:pos: Даа бе, едно мало кафено и едно големо бело што се качија горе!
И едно сиво што не го видов горе, ама тоа најверојатно беше овчарско :) Добра статистика :)
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Оваа година, како што кажа некој член погоре времето беше абе бомбона :) Сонце пријатно ти ја гали кожата не доволно силно за да изгориш, нормално треба да бидеш претпазлив, ветерче фино малце ладничко таман, идеално време за секакви спортски активности!
Јас лани не бев, бев 2010 год. и беше убаво времето, ама пак си имаше остатоци од мраз околу врвот (не знам дали се тоа глечери), ама битно вода имаше да се наполни....оваа година, милиметар вода немаше - жолто, изгорено, прашина....
За организација, не знам што да кажам....не очекувајте многу од клубовиве наши, за полицијата да не праам муабет....жално е што им се случува на луѓе да не можат да продолжат, да им е тешко (што е и нормално, напорна тура е), а шатори за помош има на 1 место на 10км....ама тоа е тоа, нема друго....
Јас со другариве одам со кола и не сум имал искуство со превозот, а знам дека секоја година се жалат тие што одат со автобус.....
Инаку планината ја обожавам, влегуваш од глетка во глетка, дишеш чисто и заморот ти е на 15-то место, за други работи не ни можеш да мислиш....

Тие што не биле им препорачувам да си фатат и некоја тура во периодот крај на мај, почеток на јуни која води до водопадите, по можност со кампување, затоа што е едно 10-15км подолга од оваа, со помалку качување, ама подолго одење (преку селото Нистрово)....јас дури сега сфатив колку се Пројфелските водопади блиску до врвот, од патеката се гледаат врвовите од карпите од кои тече водопадот, ама тоа е и необично далеку затоа што се одвоени со непрооден карпест терен...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom