21-во традиционално искачување “Голем Кораб 2012“

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сум бил два пати минативе четири години... и не планирам да одам пак, барем на вака организирано...

додуша првиот пат го реков истото револтиран од страшно лошата организација на автобускиот превоз за назад (кон Скопје) - многу „падобранци“, кои без никаква контрола ги заземаа местата на тие што си платиле. Ние од друштвото изигрувавме некакви џентлмени и дами, па пропуштивме неколку автобуси отстапувајќи место на мајки со деца, баби и дедовци и слично, за на крај речиси да останеме без превоз....

Вториот пат автобусите од Скопје, заради некакви задршки по пат, стигнаа предоцна, па останавме на „опашката“ на колоната.... тоа, пак, е лошо од неколку причини (барем за мене): во тек на целото искачување, во ниеден момент не можев да си следам свој „ритам“ - мораш да претекнеш некого (што на стрмен терен како од Шаќирова колиба до Седло е прилично исцрпувачко), или да следиш, заради што нема простор каде би претекнал - во секој случај, „челото“ на колоната е подобра опција за мене....

Вториот пат, на враќање, повторно пех - ни пукна гума на автобусот пред наплатната кај Желино.... дома си дојдов на полноќ...

Што се однесува до искачувањето и неопходните подготовки, погоре прочитав неколку совети со кои не се согласувам:

1. Со патики или сандали не се искачува планина. Ниту со куси пантолони. Причини има повеќе, но кога се однесува на облека и опрема, токму на Кораб сум видел планинари што тргнале на искачување (и покрај препораките на организаторот) како на Зајчев рид, па на симнување се прашувале зошто не си зеле резервен пар колена и глуждови...

2. Исклучително е важно да се употребува млеко за сончање со што повисок заштитен фактор и да се нанесува редовно во текот на целиот ден. Истото важи и за носење заштитни очила за сонце со соодветен УВ филтер и капче... На тие надморски височини, УВ зрачењето е поинтензивно, така што...

3. Еднаш понесов смрзната вода, со цел да имам ладна вода за пиење во текот на целиот ден. Како водата не се стопи во текот на утрото, целотот искачување го поминав со многу малку вода, која ја позајмив од другарчињата - epic fail!!!
Не дека нема да се снајде човек, особено на масовно искачување како ова (а плус, планинарките се срцки ;) ), ама зошто некој би тргнал на такво искачување без вода ?!??!
(подобро поремногу, отколку недоволно) ...

4. Носењето на зимска облека (џемпер, суви маици, пар чорапи, кабаница) е, според мене, задолжително. Предминатата година на самиот врв имаше снег, а неколку години претходно, иако на подножјето времето беше/било фантастично, над одредена надморска височина, паднала магла, а понатаму во текот на искачувањето, паднале и температурите под нула -> вијулица -> снег... сеуште се раскажуваат анегдоти во врска со дечки кои тргнале по куси пантолони и со патики, како и за „храбрите“ кои решиле да мочаат на такво време ;)
 
Колку души од форумов планираат да одат на турава? Јас сум заинтересиран.
 
И јас сум заинтересиран, ама колената ми се закануваат со востание, а и сите даски, шарски, ракии, штокови и апсорбиран катран у грудима мислам дека ќе воскреснат таму за да ме спречат. Планинарски патики немам, имам полабави. Така да ми треба сега некоја со нежно лице и свилен пост да ме смири, кажувајќи ми дека чим она како женско се искачила без проблем, ќе можам и јас сигурно.
Значи секое искуство и повлекување паралела нарочито со Водно е добредојдено на темава.
 
Значи секое искуство и повлекување паралела нарочито со Водно е добредојдено на темава.
Водно (Димитар-Цветкова патека - најстрмната+ до средно од полицијата) х 4 или х5 , што би рекло физички неспремен не се оди, воопшто не е наивно, околу 20км вкупно...може само 1км по изохипса се оди, што значи дека цело време е качување, односно симнување...
На суво и чисто време е најубавото место во Македонија, тие што не биле ќе се запрепастат од убавината...
Носете си вода и нешто храна (не многу солена, дека ви ја троши водата, у-в заштита и наочари ако е сонце, кабаница (исто и да е сонце во Скопје, таму е друг свет) и најбитно според мене - соодветни кондури затоа што има висока трева и во неа камења и посебно лошо на некои места за симнување....
Инаку, најдобро гасење на мозок и одмарање на душа, физичкиот замор ќе го заборавите после ден, два.....а и најдобро е кој може со кола да си оди, организацијата со автобусите не само на оваа, туку и на сите други тури е катастрофа, македонска работа...
 
Водно (Димитар-Цветкова патека - најстрмната+ до средно од полицијата) х 4 или х5 , што би рекло физички неспремен не се оди, воопшто не е наивно, околу 20км вкупно...може само 1км по изохипса се оди, што значи дека цело време е качување, односно симнување...
На суво и чисто време е најубавото место во Македонија, тие што не биле ќе се запрепастат од убавината...
Носете си вода и нешто храна (не многу солена, дека ви ја троши водата, у-в заштита и наочари ако е сонце, кабаница (исто и да е сонце во Скопје, таму е друг свет) и најбитно според мене - соодветни кондури затоа што има висока трева и во неа камења и посебно лошо на некои места за симнување....
Инаку, најдобро гасење на мозок и одмарање на душа, физичкиот замор ќе го заборавите после ден, два.....а и најдобро е кој може со кола да си оди, организацијата со автобусите не само на оваа, туку и на сите други тури е катастрофа, македонска работа...

А во споредба со новата патека што поминува покрај столбовите на жичарата од средно до врв ?
 
Мислев од полицијата до врв (целото искачување) на Водно како репер за должина на искачување....патекава на Кораб е 3-4 такви искачувања (со 5 може е претерано да се спореди)...нормално има поблаги и пострмни искачувања...
Патеката почнува да се качува од околу 1300-1400мнв до 2764мнв, има полициска станица на околу 1500 и тоа е најдалеку што може да се стигне со кола....автобусите до таму не стигнуваат....
Пробајте деновиве на Водно (иако има некоја забрана, ама знам доста луѓе што одат), да си видите до каде ви е силата, затоа што со малтретирање, нема кеиф многу да видите...
А во споредба со новата патека што поминува покрај столбовите на жичарата од средно до врв ?
Не можам да ти кажам, затоа што не сум се бил од таму, многу стрмно ми изгледа, посебно за симнување...
 
.....искачувањето е најлесниот дел....ако ви се погоди времето
.....проблем е симнувањето....теренот е стрмен...патеката е тесна и страдаат колената....добри чевли (чизми) се неопходни за безбедно симнување....

....на искачување немаше повредени планинари....но на симнување имаше....

....на киломтражата дадена од организаторот додадете уште 2,5 километри.....бидејќи километражата е од караулата, а автобусите ве оставаат километар и нешто под караулата

за секој случај понесете кабаница и топла блуза....можеби воопшто нема да ви затреба....но ако ви затреба ќе бидете преблагодарни што ја имате во ранец

....еден од начините да намалите конзумација на вода, а со тоа да решите еден куп проблеми е низ уста да мотате некое заоблено каменче или килибарно топче....ова ќе ја намали жедта....ќе пиете помалку вода....ќе бидете полесни....нема да правите топлотни шокови на организмот...и најбитно од се....има премногу луѓе....теренот е гол и екстремно е тешко да најдете место да го испразните мочниот меур

....исто така многу битно е да фатите свој ритам....следењето на некој друг и премногу форсирање може само да ве исцрпи.....и качувањето да го направи непријатно

искачувањето на Кораб е убаво искуство и топло му го препорачувам на секој што сака да искуси малку природа....уморот ќе го чувствувате ден или два.....спомените траат цел живот
 
Друже, автобусот по која релација се движи? Од кај поминува и кај застанува? :)
Пожелно е и координати да ми најдеш ако можеш, баш ме интересира :)
 
Сакаме да одиме друштво со шатори од саботата, да спиеме една вечер и неделата да се качуваме со другите. Дали некој знае дали треба некаква дозвола за кампување, поради тоа што е национален парк и плус што има проблеми со пожариве? И ако некој знае дали има одредено место за поставување на шатори?

Фала.
 
минатиот пат ко беф јас имаше еден куп шатори одма до караулата, за да немате проблеми треба да се пријавите негде мислам
 
Или никој не отиде или тапа ви било....никакви импресии некој да напише од качувањево....
 
Сега ја гледам темава...:coffee:

Прв пат ми беше да се искачувам на некоја голема планина, освен Водно последен пат прошла година мај со точак. Прво па машко, Кораб. Очекував многу повеќе напорно да биде, ама се изненадив колку сум бил подготвен.

Со сопствен превоз бев, 3 и 45 сабајле од тука, почнавме од Караула да се искачуваме во 6 и 30 сабајлето. Опрема патики (што се каам што не ги земав Саломонките), шорцеви (што и не беа некаков проблем, за некои што зборат обавезно долги надоле), две маици на кратки (една резерва), една блуза на долги и дуксер за секој случај (што не го облеков). Храна два сендвича, две банани, маринирано овошје, чоколатца некои и литро вода (што требаше повеќе, не знаев дека толку ќе бидат пресушени поточињата).

Времето бомбона. Сабајлето малку ладно, ама после 20-30 минути искачување почнуваш да се загреваш и не е толку ладно. Башка и после некое време, излегуваш на голи ридови, каде што сонцето директно мава на тебе, така да е поприлично топло, плус ладен ветер што прави идеална температура. Убавини секаде. Остајте тоа што гледате на слики, многу е подобро со свои очи да го видите тоа.

Освојување на врвот 10 ипол, што значи некои 4 саати пат. Патеката, според мене, стрмна, ама се искачува. Секако има и рамни делови, каде што може да се одморат нозете и во движење. Не бев намачкан со крема за сончање, така да сега сум црвен ко Пољак на летен одмор. Горе убавина. Лева страна Албанија, десна Македонија. Подолг одмор, некои 2 саати, јадеш, пиеш, дојадуваш, смеење итн.

Надоле ми беше смрт. Колената и зглобовите мислам уште ми се тресат. Понапорно ми беше надоле, него нагоре. За некој пола саат помалце од времето на искачување се симнав до караула. Почнав да се симнувам без вода, на пола пат веќе пресушен најдов едно поточе, му се израдував ко мало дете. Некои викаа не ја пијте, не е чиста, ама уште сум жив. :D Затоа понесете си литро ипол најмалку вода ако одите, баш од овие причини, пресушени извори.

На караула се почастив едно пиво, ја почекав придружбата да се собереме, саат време пауза и пат накај дома. Една замерка само, патот од мостот кај Бродец до караулата, што е некои 10 километри, многу замара. Саат време го проаѓавме со пасат, земјен пат со камења. Мислам дека не е до толку голема фантазија да го асфалтираат. Нема толку да биде напорен патот. Тоа е мислам една од главните причини зошто не се оди толку на Кораб.

Сума сумарум, задоволен сум. Ново искуство, нов предел за откривање. Се се исплатеше, и болки во колена, зглобови, препони, жедност, сончаница. Би сакал да има и нареден пат, доколку ме послужи здравјето, времето и околината.

Ќе оставам слики за некое време, да им стаам вотермарк на моиве, пошто почна и мене да ме иритира крадење на сликите од нашиве квази сајтови и медиуми.
 
јас сакаф да одам ама заебаја работа овие од Битола, мислам имаше само еден автобус и се собраја поблиски пријатели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom