Сум бил два пати минативе четири години... и не планирам да одам пак, барем на вака организирано...
додуша првиот пат го реков истото револтиран од страшно лошата организација на автобускиот превоз за назад (кон Скопје) - многу „падобранци“, кои без никаква контрола ги заземаа местата на тие што си платиле. Ние од друштвото изигрувавме некакви џентлмени и дами, па пропуштивме неколку автобуси отстапувајќи место на мајки со деца, баби и дедовци и слично, за на крај речиси да останеме без превоз....
Вториот пат автобусите од Скопје, заради некакви задршки по пат, стигнаа предоцна, па останавме на „опашката“ на колоната.... тоа, пак, е лошо од неколку причини (барем за мене): во тек на целото искачување, во ниеден момент не можев да си следам свој „ритам“ - мораш да претекнеш некого (што на стрмен терен како од Шаќирова колиба до Седло е прилично исцрпувачко), или да следиш, заради што нема простор каде би претекнал - во секој случај, „челото“ на колоната е подобра опција за мене....
Вториот пат, на враќање, повторно пех - ни пукна гума на автобусот пред наплатната кај Желино.... дома си дојдов на полноќ...
Што се однесува до искачувањето и неопходните подготовки, погоре прочитав неколку совети со кои не се согласувам:
1. Со патики или сандали не се искачува планина. Ниту со куси пантолони. Причини има повеќе, но кога се однесува на облека и опрема, токму на Кораб сум видел планинари што тргнале на искачување (и покрај препораките на организаторот) како на Зајчев рид, па на симнување се прашувале зошто не си зеле резервен пар колена и глуждови...
2. Исклучително е важно да се употребува млеко за сончање со што повисок заштитен фактор и да се нанесува редовно во текот на целиот ден. Истото важи и за носење заштитни очила за сонце со соодветен УВ филтер и капче... На тие надморски височини, УВ зрачењето е поинтензивно, така што...
3. Еднаш понесов смрзната вода, со цел да имам ладна вода за пиење во текот на целиот ден. Како водата не се стопи во текот на утрото, целотот искачување го поминав со многу малку вода, која ја позајмив од другарчињата - epic fail!!!
Не дека нема да се снајде човек, особено на масовно искачување како ова (а плус, планинарките се срцки
), ама зошто некој би тргнал на такво искачување без вода ?!??!
(подобро поремногу, отколку недоволно) ...
4. Носењето на зимска облека (џемпер, суви маици, пар чорапи, кабаница) е, според мене, задолжително. Предминатата година на самиот врв имаше снег, а неколку години претходно, иако на подножјето времето беше/било фантастично, над одредена надморска височина, паднала магла, а понатаму во текот на искачувањето, паднале и температурите под нула -> вијулица -> снег... сеуште се раскажуваат анегдоти во врска со дечки кои тргнале по куси пантолони и со патики, како и за „храбрите“ кои решиле да мочаат на такво време