2019 FIBA World CRAP
Аргентина - Скола и на 39 години не се дава, нема што-најлојален кон репрезентацијата сите минати првенства (20+ години стаж со сениорите). Квалификации, Светско, Олимпијади.
Прилики и неприлики, секогаш на располагање, додека други фаќаа кривини. Скола со мрсната коса, собрана со некое венче, или врвца за чевли, па и со ластичето олабавено што баба ти го користи за тегли за зимница, стана заштитен знак за едно Светско, од неговата појава на терен носталгија ме мава и ме прави да се чувствувам многу помлад, како да е 2002-та. Обеле во косата. Претходното интернационално такмичење за Аргентина (2014) демек требаше да му биде последно ...и не вреди веќе да се прогнозира кога би се пензионирал од составот на Аргентина. Рекорд со 5 последователни Светски првенства за еден играч во историјата на Фиба турнирите.
Кепекот Кампацо, ѓомити Аргентискиот Бареа, Лапровитола/Брусино/Гарино ударна тупаница...слаба клупа и одбрана, Аргентина многу се потпира последниве години на шут за три, повеќе од било кога, дури и Скола веќе не може да одолее.
Бразил - кадровски , пензионерска шема до даска! Барбоса 36/ Маркињос 35/ Гарсиа 39/ Хуертас 36...чак и Варежао (36) го товариле, да им дига просек во години! Е не, ќе акаат по Амазон и пожари ќе гасат, на пепел да трујат со денови. Фелисио дудукот, со НБА стаж, не менува многу во квалитетот на тимот, за жал. Леандро спринтерчето, кој 2013-та скина ACL како член на Бостон денес и со 36 години лета по теренот!
Шпанија - општо и пред се шутерски послаби од било кога, во поновава ера, а особено на бековски позиции- кога Марк Гасол ти е најдобар шутер за три во стартнава постава...Ќе му ја вадат маста, иако нема во моментот големи резерви за експлоатација (како едни други времиња), ниту квалитет доволно, па на овие години да ги крепи како брат му! Слаба клупа, длабина како Дојранско езеро. Руди хиената кружи само на периметар, ќе стискаат палци да плесне по некое тројче од усвет и да пружи пристојни партии, за што не е кадарен веќе ....дрвата Хернангомез не ги бива за сува слива. Еден Клавер уште ми се влече, па и прва постава. Миротич- "Шпанецот" ќе им фали многу, дупката која ја остави Гарбахоса пристојно ја пополнуваше. Наваро-тикваро, Гасол стариот и Гарбахоса (грда коса!) беа јадрото на Шпанија декада плус, поентерски теренот го покриваа многу добро, разновидни офанзивни решенија и 70-80% од вкупните поени доѓаа од оваа тројка ( некој залак за Руди), небитно со кој играат.
2010 Светското без Гасол стариот имаа 5-4 скор и завршија шести. 2017-та Европското го јаваа стариот и чекаа со 35+ години да дава исто толку поени секој натпревар, и изигра над можностите. Рио 2016 слично јавање беше, го витосаа човекот, бескичмењаци-трупци.
Литванија - најверојатно последно првенство за 1984/85 генерација ветерани Мачиулис/Јанкунас/Сеибутис, сите со ~35 години, екипа која со Линас 2003 на јуниорското светско (U19) беа финалисти и изгубија од Австралија (Богут). Клеиза беше тогаш најдобар поентер
на првенството. Солидна стартна постава, иако Калниетис годините го стигаат, со Јонас еден прост пик ен рол возат, досаден но ефикасен, и тоа е темелот на играта од 2013 -та наваму. Ги отсечеш ли во тој дел и екипата е парализирана. Григонис треба да биде засилување, добро се покажа подготовките. Сепак, до кај ќе стигнат зависи многу колку помош ќе има од тројката Мачиулис/Јанкунас/Сеибутис. Сеибутис и левутката Јанкунас никогаш не беа некој голем фактор, но Мачиулис од 2010 беше меѓу најбитните играчи во составот. Пример, 2015-та Европското, против Грузија, во тесен меч со 34 поени даде речиси половина од кошевите за Литванија. Или, 23 поени во полуфиналето со Хрватска, на Еуро 2013-та итн...Модерна верзија на еден Шишкаускас, незаменлив играч, во битни натпревари партал правел последниве години и играл на друго ниво и буквално им го спасувал газот на Литванците, во тесни мечеви. Да не беше тој Литванија немаше да има еден медал последниве 6-7 години!
Острелија, лендот на кенгурите- нападот им е толку еднодимензионален и предвидлив веќе со години= "Сите го бараме и се крстиме у Пети Милс мишот!", со многу осцилации. Фалат квалитетни индивидуалци, како никогаш до сега, да може да шутнат од дриблинг!! Шутерски послаби од било кога, особено за три. Висока и дефанзивно ориентирана екипа, реално нема простор за разновидност со многу комбинаторики во овој состав. Богут и Бејнс може со корпулетноста да делкаат на моменти во рекет против екипи кои се со неуранети играчи на центарските позиции или играат со ниски постави, и двајцата пет пари не вредат офанзивно со годините. Предвидливиот напад ги прави лесни за чување во одбрана, дефанзивно поозбилни екипи како Србија, пример во Рио, во полуфинале ги стопија. А толку "импресивни" беа Австралија на почетокот во Рио. Голдинг од клупа што вреди, друго тапа. И онака се слаби шутерски а имаат висина, уште Бен Симонс дрвото им фалеше (кој нема никаво искуство со сениорите), не само што ништо немаше да смени туку ќе му дадеше на нивниот напад една друга димензија на стагнација и очај. Ниту пак Данте. Рајан Брокоф (Далас), кој беше специјалист шутер за три минатата година во Рио фали многу. Австралија редовно исфрла добри играчи последниве 20 години преку јуниорите и одличните младински школи/програми кои ги водат докажани кадри, ангажирани што од поранешна Југославија, САД па и од сите страни на светот, ама во Кина не идат многу од нив. Канаѓаните, во првиот меч од турниров им направија пресврт со 25-7 серија во трета четвртина, Делаведова-"шутерот" ги извади тој меч, се што шутна влезе (6/10 за три!!) а на турнирот во РИО, на 8 натпревари вкупно постигна само 7 тројки! Со Сенегал се корегираше Делаведова со 1/5 за шут и 0/3 за три. Инглс во Рио беше лајно, по некој шут од место за три (ами што друго?!), за кој се мести колку што троши на комшијата ќерката време за шминка пред корзо.
Србија -највисока екипа на турнирот=206 cм, просекот е негде 196 cm, грубо, од око. Фали и Коста Перович да го дигне просекот уште троа. Во шут за три послаби од било кога. Слаба клупа. Пример, еден Мачван, отсекогаш потценет, вршел работа многу. Бјелица не е тоа што беше, колку би играл на ниво, шутот негов за три многу ќе значи ?! Само од 9/10 метри да не торпедира, како што има навика и се занесува и во НБА. Симонович, Милутинов, Гудуруч, Бирчевич право во Дунав. Кичмата во минативе 5-6 години Тео/дибекот Радуљица -на ти го, дај ми го. Радуљица е тром веќе, се губи, продава топки. Богданович пред се и дебелиот што ги бива 1-1 нешто да одиграат пристојно годинава. Дебелиот нема толку простор како во НБА. Маријанович зошто го влечат ?? Голема планина е на плеќите на Богдан, без него се само збирштина од тополи. Тој беше и најемотивен и цвилеше по поразот во финалето 2014-та. Висината која ја имаат, колку згодна во одбрана им е сериозен проблем за флуидноста на нападот, против поозбилни екипи. На турнирот Acropolis Tournament 2019 со Грција, пред 2 недели, за 45 секунди до крај на меч спичкаа 8 поени разлика!
www.youtube.com
Грција - втора по висина екипа на турнирот=204 cm. Со колку топки ќе играат Грциве??!! Нападов е компромис меѓу дај му ја на Анте прва прилика и шибај и не се секирај, и поумртвена игра со Калатес (кај што овој е и поснаодлив). Ќе инсистираат на моменти да играат побрзо темпо, кое одговара за Антената. Брзо темпо со кого ?! 80% од екипата од Европското 2017 + Анте. Уште Бурузис гредата се влече со ~ 36 години, со Спанулис беа јадрото на екипата пред 10-на години, добар тандем и беше солиден играч тогаш. Калатес во години, Принтезис со 33 ништо поарен, Василопулос 36 (и онака е фикус ).... Шутерски слаби (Бурусис, Калатес и Анте од стартнава = абе шутери кој од кој!), клупа јок. Зизис ќе фали многу. Бурузис е спор при превземања на ПНР и го кријат најчесто со дремење рекет, проблеми прави и во двата правци. На овие години сега како тројкаш пред се го користат, неопходно да ја отворат бар малку играта, во стартна со Анте. Џабе бандераши во екипава кога во одбранава знаат да се изгубат против побрзи и добро уиграни екипи. Голем товар за Калатес е турниров поентерски, знае да проигра одлично, Принтезис исто ќе мора многу да помага. Под кош кој ќе го игра сиртакито, ќе се шуткаат: Анте, Принтезис , Бурусис или Папајанис ? И Куфос фали тука да бидат ко сардини во конзерва!
Анте е многу полесно да се брани по фиба правила, дефанзивните три во НБА, во комбинација со стилот кој доминира последниве години, со многу тројки/брзо темпо, го прават рекетот далеку поотворен, со повеќе простор и слобода за него, му ја олеснуваат работата. На овие турнири и темпото е поспоро доста што не му одговара ич, а многу репрезентации, независно од кој континент идат, играат дел од времето зона на интернационални такмичења (колку добро и ефикасно ја играат тоа е друго), што за него е кошмар, бидејки под такви услови сите негови слабости се изразени и доминантни=истата се разбива со шут (кој го нема)....оваа разлика многу помага за поефикасни и навремени удвојувања, им ја олеснува работата на секундарните дефанзивци (на помош), дали на врв од рекет или долж аут линија итн....бенефитите од правилата за Грчките противници се значителни при играње под ФИБА во справување со Анте. Торонто пресвртот го направи против Бакси со "зонска" одбрана. Зона под ФИБА како формација и "зона" под НБА само како нешто поразлично од 1-1 одбрана е голема разлика, во ефикасност, концептот иако ист! Плус, Анте не може да игра со класичен плеј како Калатес, без топка е изгубен во играта, слабо ја чита, премногу е статичен, со што прави проблеми во нападот на Грција. Еден Бразил, со пола состав од 35 години просек јаначиња му земаа на Анте и со прости решенија мајмун го правеа....и други поозбилни и уиграни пред се екипи ќе го прават,тек допрва! Едноставно, не може туку-така да ми го фрлиш Анте како индивидуалец, со неговите офанзивни лимити, во екипа која има континуитет и уиграност од јуниорски години и да очекуваш да бидат подобри, особено не под овие правила! Еден сегмент од играта ќе подобриш многу други ќе расипеш!
Еден меч на Грција со Доминиканска како пример (линк подолу ), од пред една недела во рамките на Suzhou International Basketball Challenge...Доминиканска, која не е никаков фактор турниров и доаѓа со големи промени во составот (нема никој од таа екипа што 2012 со Хорфорд во Венецуела ја испердаши Македонија во квалификации за Олимпијада, освен Баез) толку изгубени беа во одбрана и пак имаше Грција проблеми три четвртини. А и Доминикана играат со ниска постава, па Антето ми се чалами и ми ржи. Прва четвртина пола од кошевите на Грција од Анте. Калатес нешто ако проигра и тоа е се. Џабе висока постава Грците кога дефанзивно беа лоши- спори и со лоша комуникација. Кај Доминиканска немаше кој да ги казни за пропустите, добри индивидуалци нема да трупаат поени во серија.
https://www.youtube.com/watch?v=HDuy-s1WxOU
Франција - меѓу поозбилните екипи во последниве декада/две и на име и пред се во играчки кадар, доаѓаат многу осакатени на турниров, од разни причини. Борче,Тони, Рони, браќата Пјитрус, Жалабал-таа генерација која дојде во сениорите на почеток на минатата декада, ги нема сите. Батум, Нандо и Фурние офанзивно треба најголем дел од товарот ќе носат. Нандо и Батум иако во години, доста добро играле за Франција во блиското минато, Батум посебно знаел да спобудале, иако на Батум кариерата му тргна надолу последниве 2 години. ФурниЕ не е тој квалитет (треба фурни да јаде, ма јагнешко и прасечко, со бели пецива ништо не прави) за да надомести за отсуството на оние од постарата генерација. Чекам да ме демантира. На центарска позиција се најслаби офазивно, послаби од било кога и генерално игра под кош. Чак и Ловерњ тука ќе им фали. Он и Дјао бишето беа доста универзални играчи, особено Борче. Позитивно изненадување на почетокот на турнирот во КИНА и импресивен во играта (пред се шутерски) Ембаје, а прво искуство со сениорите, сите соиграчи ги стави во сенка. До кога ќе трае ?!
Мултидимензиналниот придонес на Борче прикажан подолу, од РИО 2016-та и што значел тој за Франција. Дури и на тие години и килажа/форма беше со најголема минутажа!
Скокови, да проигра/асистенции (лидер), шутче (кога најмалку се очекувало по некое тројче ќе плеснел да ги врати во игра), да игра центарски, плеј, што ти душа сака.....Во било кој дел од теренот можеше да поентира.
Канада - времето на Канада се доаѓа (ма дојдено е одамна) и никако да дојде. Франција имаше златна генерација, Аргентина особено, па и Шпанија, на ред е Канада да ги искористи приликите во наредните 5-10 години..и овој турнир за нив е пропаднат со тоа што се собра Б состав, а имаат неверојатен квалитет ако се соберат сите, екипа за медал, дури и да парираат на еден ваков сериозно ослабнат тим на САД. Бар да се огледаат и како пример да го земат еден Скола, кога ќе носат одлуки во иднина за репрезентацијата моменталните генерации и таленти од Канада. Пропуштена прилика за нив а и за квалитетот на самото првенство!
Повеќе за играчкиот кадар на Канада, мој коментар/текст од едно друго првенство пред неколку години, да не се повторувам.
Канада
Нигериа - Диогу коњот, од постарата постава, иако моментално личи физички спремен и во форма, за годините ТОП, стар е, колку би бил константен. Цела кариера солиден играч под кош, со добра техника (ќотек да јаде и да поентира може притоа), центар го играа редовно и прв стрелец до пред некоја година за тимот, па и по некое тројче да збрца не било проблем.
Ал-Фарук се смени со брат му Аладе (кој беше во РИО), дојде конечно да игра за репрезентација флегмава, како што е редот. Мету да го видиме, младо дете од Сан Антонио, колку би играл минутажа е прашање. Окоги добар за транзиција, полн со енергија но слаб шутер и генерално му фалат финеси за игра 1-1, промашен играч за Минесота, во ситуација кога и Вигинс е неконстантен шутер цела кариера. Им фали еден/два снајпери за три очајно, а имало години кога во тој дел биле подобри. Другиов Ајк (Ирегбу) експлозивно шило. Тимски одбраната им е слаба на моменти (а треба да е обратно со оглед на предиспозициите), пред се ради лошата комуникација, доминираат грешки неизнудени и продаваат топки лесно=голема мана и заштитен знак и пречка за поозбилни достигнувања. Го прокоцкаа мечот со посраната Русија, се вратија во игра и 7 поени имаа на 5 минути пред крај, но се изгубија со стил, а овој меч им беше голема шанса за втора рунда.

Greece v Serbia - Full Game - Acropolis Tournament 2019
Watch the #FIBAWC preparation game between Greece and Serbia at the Acropolis Tournament 2019.#HellasGotGame #SrbijaGotGame ►► Subscribe & hit the bell! : ...