20 мисли за религијата кажани од атеисти

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Знаеш како иде, кафански патриотизам, форумџиска храброст... :)
Како и да е, Среќна Нова и тебе и на сите, верници, атеисти, бесни глисти... убаво да си поминете за празнициве :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Еве, што е научно докажано:

Невозможно е да постои слободна воља ако постои божја судбина и семоќен бог со божествен план. Две илјади години се глупирате со контрадикции. Тоа е многу глупирање.

Контрадикциите не се причинети од верувањето во христијанскиот Бог. Антиномијата е секојдневие на човекот, било какви и да се неговите религиски определби. Зарем атеистите ги надминуваат тие контрадикции со својата атеистичка логика? Еве ти, ако си атеист, кажи, има ли слободна волја? Значи да го оставиме настрана Господ. Дали човекот прави тоа што го сака, и што поточно тоа значи? Значи, Бог е нешто надвор од таа необјаснивост.

Господ им дал на луѓето слободна волја. Луѓето согледуваат дека такво нешто постои, за кое Бог вели дека им го дал. Тоа значи дека Господ на луѓето им дал можност за сопствен избор за некои нешта во нивните животи (се разбира, не за се во вселената), за сами да одлучат за патот што ќе го одат. Но Бог им кажал и кој е вистинскиот пат, откако луѓето увиделе дека постојат доброто и злото, како различно својство во природата на духот. Па им дал заповед да го следат добриот пат, бидејќи е Бог добар, и им кажал дека само ако го следат тој пат ќе бидат среќни. Тоа е чиста консеквентна логика. Тука нема никаква контрадикција. Бог не може ништо да стори повеќе од тоа за да го следат луѓето вистинскиот пат освен да им каже дека таков пат има, и кој е тој пат. Бог тоа го направил.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Извор:
www.mpc.org.mk/
www.vatican.va/
www.creationism.org/
....

Атеистите се убијци и силувачи. Тоа се болни мазохистички умови што се палат на малолетни момчиња до 2 години, домашна живина, пред се патки и овци... Убиваат верници, политичари и се големи анархистишта. Го негираат Бог и се здружуваат со Луцифер. Сатанистишта од највисок ранг. Се собираат во подруми после полноќ и пијат телешка крв... Имаат страшни ритуали, се оргијшат во штала и имаат многу прверзни умови... Експертите и врвни ветски медицинари (доктои и академици) тврдат дека атеизмот е психолошко растројство кое се јавува кај лица од несаглам фамилии. За ова постојт многубројни истражувaња и еден тон докази! Слободно оваа информција може да ја сместиш во својат ценета меморија оти ќе ти затреба некогаш да развеселиш некого со својат информираност :smir:

Ако не постои Бог не постојат правила.
Ако не постојат правила од ќејф ќе ги убијам сите атеисти, без притоа кривично да одговарам. :)
Верувај поголем верник ќе бидеш ако самиот се жртвуваш во име на Бога. Затоа не чекај посебен момент, туку веднаш истрчај до најблиското оружје кое го знаеш и пукај си во глава. Бог тоа го цени, тоа го сака... Барем така викаат овие од исток, а твоево ценето размислување за елиминација на атеистичката дегенеративна популација некако ми се поклопи :smir:

Ах што прави партија....
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Да бе стварно е вистина ова, јас потекнувам од дисфункционално семејство и поголем дел од мојот живот се однесувам дисфункционално спрема општествово како што е на пример крадење на понекоја круша, јаболко, слива, кајсиа, праска..... од некој овоштарник
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Господ им дал на луѓето слободна волја. Луѓето согледуваат дека такво нешто постои, за кое Бог вели дека им го дал. Тоа значи дека Господ на луѓето им дал можност за сопствен избор за некои нешта во нивните животи (се разбира, не за се во вселената), за сами да одлучат за патот што ќе го одат. Но Бог им кажал и кој е вистинскиот пат, откако луѓето увиделе дека постојат доброто и злото, како различно својство во природата на духот. Па им дал заповед да го следат добриот пат, бидејќи е Бог добар, и им кажал дека само ако го следат тој пат ќе бидат среќни. Тоа е чиста консеквентна логика. Тука нема никаква контрадикција. Бог не може ништо да стори повеќе од тоа за да го следат луѓето вистинскиот пат освен да им каже дека таков пат има, и кој е тој пат. Бог тоа го направил.
Не им дал господ на луѓето слободна воља. Слободната воља е резултат на еволутивниот развој.

Бог, инаку, не е добар. Особено не христијанскиот бог. Прочитај во стариот завет. Убаво е опишан.
Не може да е добар некој кој својата креација цела вечност ќе ја гори во пеколот. Не може да е добар ни човек кој ужива во рајот додека едниот од синовите грешен гори во пеколот. Каков бог е тој што дозволува вакви нешта и вакви добрини?

Не може господ да е омнипотентен, безгрешен, сезнаен (како што го (пре)цртале христијаните) а да нема контрола врз својата креација. Не може да има судбина (од него предодредена), ако секој копиљ може да одлучи да заебе ко ќе му прдне. Контрадикторно е ова со хрис, како што се и поголемиот дел од христијанските учења. За евангелијата да не збориме.

Бог не покажал никаков пат. Патот го покажувале смртници во темни или црвени одежди, со комплекс на виша вредност кои ги лажеле и застрашувале луѓето со закани за задгробна казна и вечни маки во огнени котли длабоко под земјата. Ако патот на стравот е придобивка, тогаш би се сложил дека „господ“ навистина покажал пат.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Во Америка:
- 0.209% од затворското население се атеисти,
- 0.254% се скиентолози,
- 83.76% се христијани.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Но Бог им кажал и кој е вистинскиот пат, откако луѓето увиделе дека постојат доброто и злото, како различно својство во природата на духот. Па им дал заповед да го следат добриот пат, бидејќи е Бог добар, и им кажал дека само ако го следат тој пат ќе бидат среќни. Тоа е чиста консеквентна логика. Тука нема никаква контрадикција. Бог не може ништо да стори повеќе од тоа за да го следат луѓето вистинскиот пат освен да им каже дека таков пат има, и кој е тој пат. Бог тоа го направил.
Првиот болд! Еве што им покажал на луѓето одкако увиделе дека постојат добро и зло:
"земјата нека биде проклета за тебе! Со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот, трње и бодилки ќе ти раѓа и ти ќе јадеш трева полска. Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш од земјата од која си земен!"


Вторит болд! Ако е некој добар, зошто им ја ускратил можноста на останатите да имаат сознание што е добро а што зло?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Во Америка:
- 0.209% од затворското население се атеисти,
- 0.254% се скиентолози,е
- 83.76% се христијани.
И јас сакав да кажам исто....највеќе психолшки проблеми се дојдени од растење во конзервативно семејство. Мајката што си ги удавила децата го направила тоа за да им обезбеди место во рајот! Други убивале затоа што им било ’ветено’ како групна смрт дека ќе отидат кој знае каде.....
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Многу знаете вие, само лупате проценти без врска... Зар не видовте како сите докази се поклопуваат со теоријата дека атеистите се болни умови од дисфункционални семејства... Еден чесен Хитлр е пример за пожртвуван христијнин... Ем ментално здрав, ем пример за верник.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Total FAIL!
Тоа што вчера е пишано, се квалификува за најфејл пост во 2010.
Честитки насекаде!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Мене ме интересира од каде е статистикава, штом е научно докажано, треба да го има во некоја книга. Патем, многу фино што почна да се повикуваш на наука тоа ме радува :)
И уште едно потпрашање, оној владиката Пахомије во што семејство е пораснат? Ако имате некој научен податок и за тоа... :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Научно е докажано, атеистите потекнуваат од дискфункционални семејства.
Освен во ептен ретки случаеви немало до сега убиец и силувач кој бил израснат во саглам фамилија.
Ајајај јас сум верник, па ваква глупост не можам да поддржам. Научно докажано...опасно звучи кога НАУЧНО се поставува секаде. Работава излезе атеистите се најголемо зло:tapp:
Понатаму не би навлегувала во расправа, оти еднаш спомнав да не си го повторувам постојано мубаетот. Јас верувам, но, со тоа не ги правам луди атеистите. Со тоа очекувам и другата страна да ја почитува мојата слобода на верување. Слободна воља е во што ќе се верува, а во што не.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
^.. Де бре луѓе трол ли неможете да познаете ццц
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Не им дал господ на луѓето слободна воља. Слободната воља е резултат на еволутивниот развој.
Така речи слободната волја е резултат на хемиски процеси. Што значи она што го нарекуваме слободна волја е консеквентно хемиско-физички детерминирана реакција. Што значи нема слободна волја. Затоа и ти реплицирав уште прво. Заради тоа што независно од тоа дали сме религиозни, христијани или атеисти, ќе постои таа необјаснивост, антиномија, или контрадикција што би рекол ти. Оттука, тврдењето дека има божја судбина но и слободна волја во исто време, кое е тврдење на христијанската религија, не е ништо поапсурдно од тврдењето дека има според физички закони детерминирана вселена, а во исто време и слободна волја на човекот, како дел од вселената, кое тврдење го застапуваш на пример ти. Во тоа се состоеше мојата реплика на ова:
Невозможно е да постои слободна воља ако постои божја судбина и семоќен бог со божествен план.
Бог, инаку, не е добар. Особено не христијанскиот бог. Прочитај во стариот завет. Убаво е опишан.
Да. Сум го читал цел Стариот Завет. Ужасни наредби му дава на Мојсеја да ги натера Израилците да убиваат жени, деца, да пљачкаат и да палат.


Не може да е добар некој кој својата креација цела вечност ќе ја гори во пеколот. Не може да е добар ни човек кој ужива во рајот додека едниот од синовите грешен гори во пеколот. Каков бог е тој што дозволува вакви нешта и вакви добрини?
Библискиот пекол не е физичка категорија, туку духовна. Тоа значи дека душата која се предала на злото, всушност е самата зло спрема вечноста, што е точно она што сама го бирала, и дека е тоа најголемата несреќа - пекол. Инаку во Библијата речиси и да нема описи на пеколот. Дури и постојат некомпатибилни делови. Се чини дека во Стариот Завет повеќето од пишувањата асоцираат на тоа дека нема пекол, и дека после смртта душата едноставно умира како никогаш да не била. Но категоријата вечност и вечен живот ги создава идеите и за пеколот. Во Новиот Завет има нешто поинаква димензија идејата за пеколот и истиот е прикажан како опозит на вечното блаженство, што ќе ги снајде грешните. А најголемите, застрашувачки, баснописечки описи на пеколот се подоцна импутирани во христијанската доктрина од власта(црквата), со цел разбирлива - да се обезбеди послушност спрема црковните институции и многу поданици преку една страшна објаснива(земна, болна) за масите визија за вечниот оган, што се разбира нема врска со вистинското христијанство какво што е напишано во Библијата.
Не може господ да е омнипотентен, безгрешен, сезнаен (како што го (пре)цртале христијаните) а да нема контрола врз својата креација. Не може да има судбина (од него предодредена), ако секој копиљ може да одлучи да заебе ко ќе му прдне. Контрадикторно е ова со хрис, како што се и поголемиот дел од христијанските учења. За евангелијата да не збориме.
Овде ја имаме истата дилема со детерминизмот и слободната волја за која зборувам погоре.

Бог не покажал никаков пат. Патот го покажувале смртници во темни или црвени одежди, со комплекс на виша вредност кои ги лажеле и застрашувале луѓето со закани за задгробна казна и вечни маки во огнени котли длабоко под земјата. Ако патот на стравот е придобивка, тогаш би се сложил дека „господ“ навистина покажал пат.
Сите и во минатото и денеска покажуваат некаков пат. Но ако еден пат го покажал суштество како Единиот Бог, тогаш тоа е насочување со сосем друг квалитет од тоа што би го дал еден обичен смртен, грешен човек. Општо, вистинскиот пат е оној кој обезбедува вистинска среќа. Лажниот пат е оној кој обезбедува вистинска несреќа. Ако воопшто постои вистински пат, ако постојат универзални, општочовечки, општоважечки етички непроменливи закони, тогаш тоа е Господ кој ги создал и претставил, и тој пат е Бог.


--- надополнето ---

Вторит болд! Ако е некој добар, зошто им ја ускратил можноста на останатите да имаат сознание што е добро а што зло?
Кои останати?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom