искрено, иако сум верник, стариот завет се базира на братоубиство, одмазда и крвопролевање, што е сосема спротивно од идејата на новиот завет и воопшто не ми се допаѓа.
Затоа повеќе сакам да се стремам кон филозофијата на новиот завет. Но добриот збор на Исус го злоупотребил папата со крстоносните војни, и сите сме свесни дека не го барал светиот грал туку територијално проширување. Апостолите на пример, ги ширеле тоа на добар начин, никого не присилувале или убивале ако не прифати. Арно ама не се сите со чисто срце не?
Новиот завет вели дека Исус дошол на овој свет да не избави од гревот, што автоматски значи дека сме се родени грешни! А што е нашиот грев? Гревот кој го направиле Адам и Ева! Кој бил тој грев? Што посегнале по дрвото на спознанието и дознале што е добро а што зло!
Заклучок?
1.Бог го создава човекот без сознание за добро и зло и му забранува да го осознае истото лажејќи го дека ќе умре ако посегне по него.
2.Кога луѓето сепак доаѓаат до сознанието за добро и зло, се казнети иако незнаат што е добро а што не!
3.Поради овој "грев" сите наредни генерации кој се раѓаат се автоматски грешни.
4.За да ги спаси од "гревот", бог се праќа самиот себеси на самоубиствена мисија за да ги спаси луѓето од самиот себеси, така што ќе го прифатат како единствен пат и вистина!
Исус вели: "Никој не доаѓа кај татко ми освен преку мене", А исто така вели: "Оној што љуби татко или мајка повеќе од мене, не е достоен за мене". А оние што не заслужуваат кај отецот, библијата вели дека одат во пеколот, трета опција нема.
Што значи дека оваа "љубов" кон бог е изнудена, бидејќи ако не го "љубиш" и прифатиш ќе бидеш казнет на вечно мачење!