20 мисли за религијата кажани од атеисти

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Оние кои веруваат во религиите котираат пониско од другите кои не веруваат во религиите. Тоа многу добро се гледа на почетокот на графикот, каде до нулата се залепени сите верници и повеќето имаат пониско ниво на интелегенција.

Ау да, Спиноза кој идиот бил шо да ти расправам...
 
12. Мислам дека и двајцата сме атеисти. Јас само верувам во еден бог помалку од тебе. Кога ќе разбереш зошто ги негираш другите можни богови, тогаш ќе разбереш и зошто јас го негирам твојот. (Стивен Робертс)

Пред некој ден на он.нет имаше линк до една статија напишана од некој си комичар на тема зошто тој е атеист и баш го имаше спомнато ова. Вика јас и вие верниците сме речиси исти, атеисти. Од постоењето на човештвото до сега се регистрирани речиси 2800 (или така нешто) богови или натприродни сили. И кој ти гарантира дека овие сегашниве богови (Исус, Алах, Буда итн) се "вистинските", а не и тие од пред неколку милениуми (Јупитер, Зевс, Митра, пагански богови) и дека треба да се верува исклучиво во еден од нив? И ако ти веруваш во еден твој Бог, значи не веруваш во останатите 2799 што те прави речиси атеист колку и него. 1 бог мање више, не прави некоја разлика :)
 
Не е баш така.
1. Ни одблиску не се регистрирани 2800 богови или натприродни сили. Многу исти божества се именувани со различни имиња. На пример речиси секое племе го обожавало (или обожава) истото Сонце, но под различни имиња. Слично е и со другите божества.

2. Будистите не го сметаат Буда за бог, туку за просветлен мислител.

3. Монотеистите не се атеисти. Стивен Робертс, намерно или ненамерно, ги помешува монотеистите со политеистите. Има голема разлика помеѓу монотеист и атеист. Едниот верува дека постои еден Ителигентен Создател кој плански и целисходно го создал Универзомот и животот во него, а другиот верува дека се е тики така случајно настанато, без присуство на никаква интелигенција и натприродна сила во позадина.
 
Уф вжештна дискусија се почнала овде. Секој си ги брани своите гледишта и нема да има разумен компромис :)
 
Уф вжештна дискусија се почнала овде. Секој си ги брани своите гледишта и нема да има разумен компромис :)

Ќе можете ли да ми објасните што е тоа разумен компромис :)

Пази сега:

 
никогаш нема компромис кога се во прашање религиозните погледи.
 
Инаку не се впуштам одамна во вакви дискусии. Си ја научив лекцијата. Зачаран круг! :)
 
Не е баш така.
1. Ни одблиску не се регистрирани 2800 богови или натприродни сили. Многу исти божества се именувани со различни имиња. На пример речиси секое племе го обожавало (или обожава) истото Сонце, но под различни имиња. Слично е и со другите божества.

2. Будистите не го сметаат Буда за бог, туку за просветлен мислител.

3. Монотеистите не се атеисти. Стивен Робертс, намерно или ненамерно, ги помешува монотеистите со политеистите. Има голема разлика помеѓу монотеист и атеист. Едниот верува дека постои еден Ителигентен Создател кој плански и целисходно го создал Универзомот и животот во него, а другиот верува дека се е тики така случајно настанато, без присуство на никаква интелигенција и натприродна сила во позадина.

Не мораше буквално да објасниш се, затоа и пишав 2800 (или така нешто) зашто во случај тој да згрешил или јас да не сум запамтил убаво. Моја грешка може е тоа. И јасно ни е на сите дека политеистите, монотеистите и атеистите се со различни убедувања. Поентата ми беше дека монотеистите (најголем дел од светска популација, или и овде сум грешка :)?) се речисти исто толку атеисти како и атеистите според тој комичарот зашто веруваат во еден Бог, а не веруваат во стотици или илјадици други Богови, семоќници, создатели и слични креации.
 
Што е најтрагично магарешката инаетливот е распоредена и на двете страни подеднакво. Ни тие, ни тие не се во право.
 
Што е најтрагично магарешката инаетливот е распоредена и на двете страни подеднакво. Ни тие, ни тие не се во право.

Најубав одговор мислам би било ни едните, ни другите не се во право туку сите заедно се во право. Па секој нека тера како му чини.
 
Најубав одговор мислам би било ни едните, ни другите не се во право туку сите заедно се во право. Па секој нека тера како му чини.

Значи дека јас сум најмногу во право пошто не сум ни за едните ни за другите :) Ех, да беше сега Сократ жив славаму сите ќе ве убедеше дека таму има Бог, Креатор :)
 
Значи дека јас сум најмногу во право пошто не сум ни за едните ни за другите :) Ех, да беше сега Сократ жив славаму сите ќе ве убедеше дека таму има Бог, Креатор :)

Нема тој што да убедува, и онака тој знае дека ништо не знае :)
 
Сега свети ли сијалицава? Па или свети или не свети.
Комбинациите „и свети и не свети“ или „ни свети ни не свети“ не се можни.
 
Супер е тоа (:
Само неќам од верник да го чујам (:
Ептен ми е... Iron man..

Верник или не, ако нешто што е кажано прави смисла - треба да се оддаде почит. Какво е тоа малолетно размислување - од верник не сакам да слусшнам тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom