1923

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
4.049
Поени од реакции
15.957
Еееееее ама напнуваат бетер Гејм оф Тронс кога патуваа по две сезони..
Интересно е ама почнува да здосадува ова со пречките на секој метар, особено со Алекс.

Да чекам ли да ја изгледам за да ја почнам Yellowstone или?
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
783
Поени од реакции
1.412
Еееееее ама напнуваат бетер Гејм оф Тронс кога патуваа по две сезони..
Интересно е ама почнува да здосадува ова со пречките на секој метар, особено со Алекс.

Да чекам ли да ја изгледам за да ја почнам Yellowstone или?
Почни ја Жолтиот Камен, комплетно да се внесеш во каубој мод.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.926
Штета за Џек замина неславно.
Следната Недела конечно последната епизода од серијава,нека стигне Спенсер веќе еднаш да ги рашлака сите и Доналд и Банер и Клајд не ги можам веќе.
Многу ме интересира каков ќе биде расплетот и кој ќе испадне таткото на Џон од Јелостоун.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.926
Дедото. Татко му знаеме кој е, го имаше во флешбек сцена, само не знаеме кој нему му бил татко.
Татко му ќе биде или детето на Александра или детето на Елизабет.


Само што ја завршив четвртата сезона од Yellowstone и пред да го пратат Џими во 6666 Џон му кажува дека дедо му изгубил нога.
Џек само што го убија во 1932 и не изгуби нога па не би требало тој да му биде дедото на Џон ако се водиме по наративот од Yellowstone.
Останува дека Спенсер е дедото на Џон а детето на Александра татко на Џон.
Но ќе видиме како навистина ќе испадне за една недела.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
7.054
Поени од реакции
42.120
Во кастот за 7мата епизода стои еден глумец, кој треба да го глуми Спенсер од 1969та година, значи ќе има некој флеш-форвард :D. Што би значело дека ќе преживее, и он ќе бидете дедото на Џон Датон од оригиналната Јелоустоун.
Screenshot_23.png

Ако се водиме по ова што го пиша @Magic Mike, моја претпоставка е дека Спенсер ќе биде ранет во 7мата епизода на крај, на железничката, ќе идат на 3та сезона, каде што он едвај ќе преживее, ќе ја изгуби ногата итн итн ама на крај ќе ги утепа и Витфилд и Банер, а неговиот син т.е Џон Датон 2, ќе биде наследник на Датон фамилијата.

Елизабет која и така не сакаше да остане на ранчот, и се гледа дека не е спремна да го живее овој живот, кога ќе дознае дека Џејк е убиен ќе фати чур и за тој наследник нема да се знае ништо, или ќе го изгуби детето од стресот не знам.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
4.049
Поени од реакции
15.957
Елизабет и Спенсер ќе се спарат, или он ќе му го исчува детето на Џек. Овака зборам, без да знам што се дешава во оригиналната серија.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.926
Нешто друго ме мачи сега,во првата епозода од 5-тата сезона на Јелоустон Џејми го претставува Џон како 5-та генерација ранчер во Монтана.
Ако Спенсер му е дедо на Џон тогаш Џон би бил 4-та генерација а не 5-та,треба Џек да му биде дедо за Џон да биде 5-та генерација.
Џејмс Датон е првата генерација,Спенсер и Џон Први се втората,Џек е трета генерација па Џон Втори ако му е син на Џек би бил четврта генерација за да Џон Трети(Кевин Костнер)биде петта генерација :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom