1923

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.902
Поени од реакции
44.963
Локација
Скопје
1687981756079.png

1923 е американска вестерн драмска телевизиска серија која имаше премиера на 18 декември 2022 на Paramount+. Серијата е prequel на Yellowstone на Paramount Network и sequel на серијата 1883. Следи друга генерација од фамилијата Датон во 1923 година, за време на Прохибицијата во Америка, огромната суша и зачетоците на Големата депресија која ја погодила Монтана многу пред 1929. Во серијата глумат извонредните Хелен Мирен како Кара Датон, сопруга на Џејкоб Датон и на некој начин главата на семејството; Харисон Форд како Џејкоб Датон, постар брат на Џејмс Датон (лик од 1883); Брендон Скленар како Спенсер Датон, помалиот син на Џејмс и Маргарет Датон (братот и снаата на Џејкоб Датон), учесник во Првата светска војна и ловец на опасни животни во Африка; Јулија Шлепфер како Александра, слободоумна Британка која ќе налета на Спенсер во Африка; Џером Флин како Банер Крејтон, шкотски овчар и непријател на Датонови; Дарен Ман како Џек Датон, единствено дете на Џон Датон сениор, внук на Џејмс Датон, и внук од брат на Џејкоб; Изабел Меј како нараторот Елса Датон која ја репризира улогата од 1883; Амина Ниевес како Теона Реинвотер, бунтовна млада американска Индијанка сместена на сила од властите во Америка во баптистичко училиште; Мишел Рендолф како Елизабет Страфорд, свршеница на Џек Датон и др.

Првата сезона од 8 епизоди може да се гледа кај нас на SkyShowtime, а серијата е обновена за втора сезона која исто така ќе има 8 епизоди. Серијата е креирана и напишана од Тејлор Шеридан, авторот и на Yellowstone и на 1883. Тејлор Шеридан го знаеме како сценаристот на Sicario и Hell or High Water за кој беше и номиниран за Оскар, а глумеше во сериите Sons of Anarchy и Veronica Mars. Шеридан го напиша и режираше филмот Wind River со Џереми Ренер кој исто ни е добро познат на форумов, а е креатор и сценарист на новата серија на Силвестер Сталоне, Tulsa King.

1923 држи рејтинг од 91% на Rotten Tomatoes и 8,4/10 на IMDB. Реакциите од гледачите и критиката се главно позитивни и е една од сериите кои се најголеми фаворити за номинација на престојните ЕМИ награди за 2023.

Не знам дали некој од форумов ги следел Yellowstone и 1883, ама ова е ремек дело кое навистина го препорачувам и на тие кои не се запознаени со сагата за Датонови, како мене. Ѕирнете ја!

1687983296743.png
 
Серијата е супер ја изгледав првата сезона на една од страните за бесплатно гледање серии со превод.
 
Сите 3 се јаки. Точка :D

1883 заврши. Штета што е лимитед.
Yellowstone ќе заврши со втора половина од 5-та сезона.
1923(оваа), ќе си добие и втора сезона(споменато горе) :vozbud: .

Тејлор Шеридан заслужува секаква пофалба за овие дела, а и за останатите горенаведени.
 
Ремек дело од серија! Ау, какво ежење беше финалето на сезоната! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Ќе има ли нова сезона?
 
Епизода 3 завршив од сезона 2. За кратко ќе продолжам, ама имам една забелешка. Изгледа ни во 1923 нема да го добијам одговорот како ранчот расте/ше. Океј сфаќам се е преку тоа leasing ама прејдовме од штотуку населување во 1883 и веќе Датонови ја поседуваат цела планина, како? Елса и гласот нејзин :love:
 
Последно уредено:

Па чија била планината претходно? Ничија. Индијанска територија. Едноставно они си ја запоседнуваат онака како што и цела Америка била присвоена од страна на доселениците. Не е дека требало да купат земјиште од некого, едноставно рекле - мое си е, и нивно си станало. :D

Плус, приказната за ранчот не е завршена, така што нов дел ќе има со друга генерација Датон, веројатно. 1944 веројатно ќе се фокусира на Џон Датон II - тоа е претпоставувам син на Спенсер од 1923 и татко на Џон Датон III од Yellowstone. И се надевам тоа ќе биде Метју Мекконахи.
 
Јас колку што сфатив, планината се наоѓа на резерватот каде што се индијанците? Или можеби погрешно сум разбрал. Ми делува нереално толкав терен да го заземе само затоа што си рекол мое е :D
Али океј, засега немам забелешки за серијава, брзам да ја завршам прва сезона денес.
 
Зборуваме за 1883 година, доаѓаат во ненаселена територија пред тоа. Чија била?
 
Back
На врв Bottom