1899

Член од
17 октомври 2011
Мислења
11.496
Поени од реакции
28.014
1899 е германска научно-фантастична мистерија - ТВ серија креирана од Jantje Friese и Baran bo Odar (креаторите на нам добро познатата и омилена на форумов - Dark), под капата на Нетфликс. Премиерата ја имаше на 17 ноември 2022. До сега заработи многу позитивни критики, особено за глумата, режијата, кинематографијата, кастингот... иако најчесто и се замерува за спорото дејство. Дејството е сместено во 1899 година, баш на крајот пред преминот во нов век. Го следи патувањето од Лондон со параброд наречен Кереброс на група европски мигранти кои се стремат кон нов живот во Њу Јорк Сити.

1669199040803.png

Улогите ги толкуваат: Емили Бичам (Into the Badlands), Анеорин Барнард (Dunkirk), Андреас Пичман (Dark), Мигел Бернардеу (Elite), Мациеј Мусиал (The Witcher), Лукас Лингаард Тонесен (The Rain), Клара Росагер (The Rain), Хосе Пиментао, Изабела Веи, Габи Вонг, Јан Гаел, Матилд Оливие, Жонас Блок, Розали Крег, Антон Лесер, и др.

1669199073898.png

Уште е рано да се збори многу за серијата, иако генерално критиките и на форумов до сега се позитивни. Внимавајте, може да налетате на спојлери во темава, затоа не ја отворајте и не продолжувајте понатаму ако не ви е гледана серијата.
Автоматски споено мислење:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
12.208
Поени од реакции
12.438
Вчера ја догледав, партали од серија
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.560
Поени од реакции
9.265
Убавини, може сега да дискутираме на раат :D За сите оние што ја имаат изгледано целата прва сезона, неколку опсервации и теории. Некои се мои додека ја гледав серијата, на некои налетав на други места во дискусии.

За останатите што ја немаат изгледано првата сезона, не читајте понатаму.

Најголемата мистерија ни беше разрешена од самите автори. Карактерите и дејството не се во 1899, целото патување е всушност симулација. За време на целата сезона има хинтови, од првата до последната сцена. Многу детали од објектно-ориентирано програмирање и ИТ in general. Замислете ја целата сезона како Sims или било која симулација.


class Simulation
{
private $name;
private $runtime;
...
}



class Ship
{
private $name;
private $coordinates;
...
}



class Human
{
private $name;
private $lastname;
...
public function __construct($name, $lastname...) {
echo "Wake Up!"
}
public function terminate() {
...
}
}



class Passenger extends Human
{
private $roomNumber;
...
}


Итн. итн., у суштина (скоро) се во животот може да се опише со објектно-ориентирано програмирање. Интересното овде беше буквалното, очигледно интерпретирање на кодот во дејството. Пример секоја симулација си имаше runtime од 8 саати, на почеток сите патници се повикани со конструкторот и сите имаат исто "будење", т.е. истата конструктор функција со она Wake Up! (хинт, повик кон функција е call, така да буквално wake up call). Кога доаѓа време да се прекине симулацијата (после 8 саати), се повикува функција terminate (или delete, remove, како и да е крстена од Креаторот) и сите се самоуништуваат (фрлањето од бродот после повикот кон функцијата, т.е. тоа звукот). Откако заврши симулацијата, инстанцата од класа Ship оди во архива заедно со сите останати бродови. И се почнува од почеток. Освен ако некој не ја "хакне" симулацијата.

Хакерот беше Даниел, користеше еден уред Shell (хинт, Shell/Terminal е нешто што повеќето програмери, хакери, ИТ бубалици го користат секојдневно да испратат команди). За отварање затворени врати т.е. пристап до места, ресурси (код) користи буквално бубачки (багови). Користи и key-value парови (клучот и пирамидата, прстенот и пирамидата) што самиот ги поставува (користејќи нешто налик квантен компјутер?). Можна теорија за во иднина, Eyk (капетанот) е анаграм на Key. Вирусот што Даниел го создаде во симулацијата беше претставен со тоа црнилото. Можно е истото да претставува crash, memory leak или нешто слично.

Зошто Maura Singleton беше објектот во кодот што мораше да се разбуди и да ја прекине 1899 симулацијата?


In software engineering, the singleton pattern is a software design pattern that restricts the instantiation of a class to a singular instance. One of the well-known "Gang of Four" design patterns, which describe how to solve recurring problems in object-oriented software,[1] the pattern is useful when exactly one object is needed to coordinate actions across a system.

More specifically, the singleton pattern allows objects to:[2]

  • Ensure they only have one instance
  • Provide easy access to that instance
  • Control their instantiation (for example, hiding the constructors of a class)

Што понатаму? Според мене 2099 е исто симулација, т.е. нов брод (вселенски in this case), нов левел. Мистеријата за мене лично е дали сите овие карактери постојат во вистинскиот живот (како во Матрикс) или се само програма, дали некои од нивните особини се наследени и се пренесуваат во симулацијата (пример хомосексуалност во 1899), кој е Креаторот (т.е. програмерот)...? Секако, можно е и да има некој огромен твист и сето ова да биде нерелевантно. Во секој случај добра серија :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.934
Поени од реакции
3.967
За останатите што ја немаат изгледано првата сезона, не читајте понатаму.
Мене не ми сметаат спојлери, ама ништо не те разбрав, многу комјутерџиски објаснувања. :D
Ај откако ќе ја гледам серијата, па може ќе ми биде појасно што кажуваш.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.436
Поени од реакции
15.387
Шо е со php класиве? :) И ова ќе мора да се гледа.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
7.706
Поени од реакции
7.528
Мене не ми сметаат спојлери, ама ништо не те разбрав, многу комјутерџиски објаснувања. :D
Ај откако ќе ја гледам серијата, па може ќе ми биде појасно што кажуваш.
сака да каже 1+1 =3, така и серијата гледај и трепкај си


елементи на matrix, inception,interstellar споени во една целина
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.309
Поени од реакции
3.804
Прејака е серијава. Едвај чекам втора сезона. :vozbud:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.852
Поени од реакции
11.781
Серијата е повеќе од добра.. Спора е во некои секвенци ама генерално добро направена. Мене на некои делови ми имаше несоодветна музика (т.е. како да можеле уште подраматичен ефект да добијат со нешто поавтентично).
 
Член од
5 март 2018
Мислења
12.208
Поени од реакции
12.438
:D
Серијата е повеќе од добра.. Спора е во некои секвенци ама генерално добро направена. Мене на некои делови ми имаше несоодветна музика (т.е. како да можеле уште подраматичен ефект да добијат со нешто поавтентично).
Музиката мене највеќе ми се допадна, маестрално изведено.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
11.496
Поени од реакции
28.014




Ај откако ќе ја гледам серијата, па може ќе ми биде појасно што кажуваш.
Зошто го читаш, воопшто, пред да ја гледаш серијата? Си пиша човекот да не се чита подолу. Сега веќе си го расипа доживувањето.
 
Член од
25 ноември 2022
Мислења
18
Поени од реакции
21
Осум епизоди по саат време вртење во место без никаква цел и поента,акање низ бродот како муви без глава,влагање од кабина во кабина,влегување и излегување низ пролазите под креветите и одење по сто пати на местата кои имаат клучно значење за карактерите без никаков заклучок и поента.Маура го бара капетанот на бродот па потоа капетанот ја бара Маура,сите го бараат детето,овој го бара оној па оној го бара овој,влагање и излагање низ кабините во бродот и тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom