Пивтија

  • Креатор на темата Креатор на темата ManowaR
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека пача е едниственото јадење (од тие што не ги јадам) коe никогаш во животот нема да го пробам. Бљак! :pov:
 
Порано додека беше баба жива обавезно правеше ова време, сега не правиме иако татко ми обожава да јаде пача, јас сум пробала ама не сум некој голем обожавател
 
Никогаш не би пробал :S
 
е на муабетов
еве сега баш јадев пача
 
Ајде по полека ке биде,ке пројадете,барм некои од вас кога ке пораснете и созреете. Кај нас се вика пивтија. Зимава,норчито сега по постиве,се троши како алва(е сега и алвата некој не ја сака). по солена пивтија со ракиче, и домачни колбаси со вино. Па така се презимува бе сега...Одам да ја пробам сега ако е здрвена од сношти ммммм....
:pov:

е на муабетов
еве сега баш јадев пача
:pov: лелеее
 
Да, пифтија и кај нас се вика. Иначе, моиве направија, ама ја нејќам ни да чујам. А ја имам пробано, не е нешто посебно. Не е гадна, ама па и не е баш вкусна.
 
Да, пифтија и кај нас се вика. Иначе, моиве направија, ама ја нејќам ни да чујам. А ја имам пробано, не е нешто посебно. Не е гадна, ама па и не е баш вкусна.
Како не е гадна? Едно од најужасните јадења, неможам да ја глеам не пак да ја јадам:shok:
 
Значи претпоставувам не си ја ни пробал. Види, не е секоја... како да кажам... негадна, ама моиве дома прават добра пифтија. Само нема некој вкус, ме разбираш.
 
Јадам ама не сум голема обожавателка и јадам затоа што татко ми ја прајт иначе нема да пробам
 
Замислете како пробувате пача..
Онака со вилушка допирате и тоа како желе е меко, потоа земате мало парче и пробувате од пачата..Таа се растура во вашата уста, а вие слатко си ја џвакате.Убав вкус е нели...

Ај сега сите на повраќање:tv:
 
Замислете како пробувате пача..
Онака со вилушка допирате и тоа како желе е меко, потоа земате мало парче и пробувате од пачата..Таа се растура во вашата уста, а вие слатко си ја џвакате.Убав вкус е нели...

Ај сега сите на повраќање:tv:
Парченцето пача се топи... дава прекрасен вкус на мрснотија и парченцата лук кои поминале низ топењето нежно го допираат јазикот, прекрасната арома преточена во затоплена водичка со голема мрснотија лизга надолу кон грлото... прекрасно :pipi:
 
Она ли беше пача бе очи, уши, опашки се што се мешаше :shok:.
Бог да чува зар можете ова да го јадете:pop:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom