13 Reasons Why

  • Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување
S

staycalm

Гостин
Книгата ако не се лажам е од пред ерата на фб и сите други апликации да земат замав. Ни ова што е во серијава не е реално баш за сега моментално, зашто сите глупости ќе се одвиваа на социјални мрежи. Она што мислам дека беше апла нереално е дека тинејџериве во америка имаат слобода да прават што сакаат. Изгледаше ко ниедно од децата да нема асален родител за да го построи малце. Можеби се е надвор од контрола, не знам, но не видов апсолутно никаква родителска контрола, што не верувам дека е баш така кај сите.

@staycalm , добро, сите други беа виновни што она се уби. Другите не ги мајтапеа ко неа, само таа имаше мака со тоа. Другите деца имаа и позаебани животи од неа, па никој вени не исече. Али ок. Што според тебе е тогаш поентата од серијата?

@beaverknight , анонимно помош, тоа мало сутра оти некој ќе се заинтересира. Па и на школо, секако. Во сите школи има силеџии од деца, сите ги знаат кои се, и кај нас и било каде, ретко кој се замара со нив. Првенствено дома се решаваат проблеми, со оние на кои им е гајле. Можеше комотно дома да зборува, нејзините не беа на Марс качени.

Останувам на тоа дека лошо беа реализирана цела идеја, ликот на Хана беше безвезален и од мене не добива симпатии никакви.
Очигледно ти немаш поима какви се децата овде у Македонија, посебно средношколците (уште полошо од она што е прикажано во серијата) а не пак во Америка. Какви родители какви бакрачи.

Koја ти е поентата со тоа дека и други биле малтретирани? Као секој човек е со ист карактер и на ист начин може да претрпи bullying? Плус и другите деца ги силувале? Поентата на серијата е да се дигне свеста за она што може да предизвика bullying, за депресивноста и суицидалноста, пошо реално тоа е табу тема. а треба да се зборува за тоа што почесто.

Плус имаше одлична поента крајот на прва сезона, додека сите бевме фокусирани на Хана, истите знаци ги покажуваше и Алекс а (скоро) никој од гледачите не обрна внимание на него и не помисли дека би се самоубил и тој.
[DOUBLEPOST=1496259068][/DOUBLEPOST]И бај д веј ставајте спојлери ако раскажувате за крајот, можда некој ќе се најде во темава што ја нема изгледано се' уште, или планира да гледа :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Јас сум да се зборува и да се зборува за ментални болести, за депресии, за насилство и се останато. Не ми се допадна како серијава си ја прикажа поентата што сакаше да се прикаже. И тоа е тоа.

Немам поима какви се средношколците искрено, ние имавме некој да не контролира и да не воспита, немавме чуено за хиперактивност па да ни е се дозволено.

Излегоа сите епизоди од серијата, и тоа пред повеќе од месец. Без спојлери нема дискусија. Кој сака да гледа, нека гледа, мада јас препорачувам да не гледа.
 
S

staycalm

Гостин
Препорака до оние што читаат а ја немаат гледано: остајте шо ви препорачуваат на форум. Ако ви изгледа интересно некоја серија, гледајте ја. Се' варира од личност до личност.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Немам поима какви се средношколците искрено, ние имавме некој да не контролира и да не воспита, немавме чуено за хиперактивност па да ни е се дозволено.
Да бе стварно аххахах разгалени пички се самоубиваат


-_-

Не е битно дали била или не била драма квин и дали другите биле или не биле виновни
Поентата е што секоја депресија треба да се земе сериозно и дека сите сме различни
Да беше вистинска приказна немаше да има потреба да се покажуваат прсти кој е крив
Живот ќе беше згасен а можело да се спречи, секој живот е важен дури и на оние шо „оверреактуваат со самоубиство“.

Suicide is a permanent solution to a temporary problem

ТОА е поентата јас што ја сфатив

едит: ти си очигледно од оние луѓе што мислат дека депресија не смеат да имаат оние што се привилегирани и дека нивната депресија е помала во важност со туѓи депресии на луѓе што имаат потежок живот
well, news flash, и богати привилегирани луѓе имаат депресија и се самоубиваат
тоа не го прави актот на одземање живот помлку емпатичен
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
едит: ти си очигледно од оние луѓе што мислат дека депресија не смеат да имаат оние што се привилегирани и дека нивната депресија е помала во важност со туѓи депресии на луѓе што имаат потежок живот
well, news flash, и богати привилегирани луѓе имаат депресија и се самоубиваат
тоа не го прави актот на одземање живот помлку емпатичен
Многу знаеш ти јас како мислам и што мислам за депресија.
Бар не бидете лицемерни кога сте од оние самопрогласените што не покажувате прст и ставате предрасуди.

Не реков дека Хана била богата пичка па не вреди да плачеме по неа, Хана беше стварно кревка пичка. Коментаров твој упатен кон мене ќе ја натераше да ти прати касета. :(

Серијава секој различно може да си ја протолкува, како и исходот од неа, јас моето си го пишав, немам намера да се објаснувам до недоглед зашто мислам дека не ја бива колку што е величана.
 
S

staycalm

Гостин
Многу знаеш ти јас како мислам и што мислам за депресија.
Бар не бидете лицемерни кога сте од оние самопрогласените што не покажувате прст и ставате предрасуди.

Не реков дека Хана била богата пичка па не вреди да плачеме по неа, Хана беше стварно кревка пичка. Коментаров твој упатен кон мене ќе ја натераше да ти прати касета. :(

Серијава секој различно може да си ја протолкува, како и исходот од неа, јас моето си го пишав, немам намера да се објаснувам до недоглед зашто мислам дека не ја бива колку што е величана.
You: СЕРИЈАВА Е OVERRATED!?1!?11
МЕ: Welcome to your tape bitch :D
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Ја имав читано книгата од поодамна, и серијата ми е изгледана. Читам и тука и на еден друг форум мислења, и некој од вас очигледно не сфаќаат што се ментални болести :)

Хана имаше депресија, и тоа тешка. Суицидност е дел од депресијата. Она тоа не го направи за да привлече внимание туку тоа го гледаше како излез, што е common кај луѓе кои се болни од депресија. Прво јас не сфаќам како дел од вас не сфаќаат дека депресијата е тешка болест, и може животот да ти биде и најсовршен и пак да сакате да умрете? Па поголем дел од случаевите со депресија имаат прилично добар живот, па пак се болни. Депресија е болест, каде се јавува хормонски дисбаланс и е намалено нивото на серотонин во мозокот. Хана не размислува свесно и подеднакво исто како и личност со нормално ниво на серотонин. Нејзе и мал лош ден може да и предизвика страшно голема реакција. И не е себично суштество или drama queen побогу.

Има еден quote и баш го кажува тоа што го мислам Ментална болест- честа како и настинката, но сериозна како ракот. Ако не се лекува на време, последиците може да бидат смртни.

Е сега дека серијата е предизвикувачка, можеби за личности до 15 години, ама за постари лица напротив мислам дека може да се освестат и да видат кои се последиците од тоа. И јас се борам со депресијата, и јас сум била суицидална, и во никој случај не ми беше серијава предизвикувачка. Јас имам доживеано доста тешки работи во животот, и не сум се осмелила да си го одземам животот, ама ја разбирам и Хана.

Од друга страна како студент по психологија, советникот крајно го осудувам. Ние личните проблеми не смееме да ги донесеме на работното место, без разлика што ни се случува. Тој имаше должност да се грижи за нејзе, и чим слушна такво нешто тој требаше да превземе мерки! Да, право на приватност има, ама во некои случаеви каде што случајот е ризичен, како што беше Хана(и да, и лаик можеше да види дека не е во ред девојчето) веднаш се превземаат заштитни мерки, се контактираат родители, па макар и да лажен сигнал. Сепак се работи за нечиј живот, а ние психолозите/советниците/итн сме должни да превземеме нешто од моментот кога на нас ни се обраќа некој.

Мене Клеј како лик ми беше убедливо омилен и во книгата и во серијава. Исто и Алекс ми се допадна. Простор за втора сезона оставија да, ама не знам како би се одвивало со оглед на тоа дека веќе ги знаеме 13-те причини и поентата на серијава.

И на крај, мислам дека е страшно важно секој родител да ја погледне серијава. Ништо не е така како што изгледа.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Супер серија само немаше потреба од втора сезона, го покажаа тоа што требаше да се покаже. Можеби требаше само уште 2 епизоди да се вметнат за да се дознаше што ќе се деси со Брус, Џесика, Џастин и што ќе направи Портер со касетите, а не да прават цела втора сезона од тоа. И ова со Алекс е глупаво, втора сезона 13 причини зошто он се убил он, па послем некој друг ќе се убие па за него и така до бесконечност.

Се согласувам со Маја дека Хана беше драма квин и дека бараше само изговори да се самоубие. Ништо од тоа што и се деси се до случката со Брус не беше толку страшно за да си го одземе животот, такви работи се случуваат сегде само треба да се справиш со нив. Џастин имаше посјебан живот од нејзиниот па не се уби. Тоа што и го направи Брус да за одземање на живот е, ама па Хана тоа го сакаше цело време. Да сакаше да живее ќе му се спротистави на Брус, ќе дадеше отпор, ќе викаше, а не она само си се потпра и толку.

Најголем проблем кај депресивноста е тоа што немаш кај кој да побараш помош. Немаш верба во никој да кажеш што ти се случува оти знаеш дека на тој што ќе му кажеш гајле му е за твоите проблеми. Ќе прават дека ги интересира, а нема ништо до направат за да ти помогнат туку во прва прилка ќе раскажат насекаде дека си фрик и уште повеќе ќе те избегнуваат. Светот стана таков што кур ги боли луѓето какви проблеми имаш, туку поважна работа е како они изгледат пред другите и какво мислење имаат другите за нив.
Единствени на кој што можеш да кажеш што проблеми имаш се твоите родители, ама голем број на луѓе немаат храброст да разговарат за тоа со нив. Или се плашат од родителите како Алекс или пак нејќат да го срушат мислењето на родителите за нив како Хана или пак ко мајка му на Џастин да не и е гајле за сопственото дете.

Иако се согласувам со Маја за Хана, ја сепак би ја препорачал серијава на сите. Можат многу да научат за луѓето со депресија и за тоа како да не завршиме како Хана.
 
Член од
7 јули 2017
Мислења
1
Поени од реакции
1
Причината поради која ја изгледав серијава беше затоа што братучедка ми ми ја предложи. Таа се уште ја нема гледано верувајќи дека доколку ја гледа би имала потреба да си го одземе животот. Претпоставувам дека поенатата ми е доколку мислиш дека не си доволно психички силен за оние работи кои ги обработува серијава не ја гледај, но во спротивност доколку си заинтересиран и знаеш дека на крајот на денот тоа е само фикција слободно продолжи. Јас, лично, милсам дека ова е одличен начин да се започне со зборување на вакви осетливи теми.

Не се сложувам со тоа дека Хана е драма квин. Таа е само преосетлива. И многу луѓе го занемаруваат тоа.

Вакви работи се случуваат насекаде дури и кај нас, па донекаде. Поголемиот дел од времето се трудам да бидам позитивна и сакам да помагам да се спречат работите како суициднос, како и сите тие глупости кои доаѓаат со тоа. Кога некој ќе ме навреди на некој начин за нешто ситно се чувствувам многу лошо. Кога некој ќе ги премине границите, а понекогаш тоа можат да бидат и родителите, веќе не ми е гајле за ништо, сета таа позитивност исчезнува и запаѓам во привремена депресија. Тоа е целата работа всушност. Кога ти е преку глава од се' и од животот сам не можеш да го решиш тоа. Мораш да разговараш со некој поискусен и не верувам дека родителите се бројат доколку не се психијатри. Кога децата ќе им кажат на родителите дека се во депресија, дека се суицидни или некои посериозни работи голем дел од родителите го сфаќаат тоа како шега. И мислам дека многу тинејџери се плашат баш од тоа дека нема да бидат сфатени сериосно, па затоа не се ни обидуваат. Претпоставувам дека и Хана се чувствувала така.

Знам дека се имаше дигнато голема забуна за онаа сцена каде што Хана се самоубива. Дека била многу графичка и дека покажувала баш како да си го одземеш животот и сл. Но, таа истата сцена исто така ти ја покажува и болката низ која би поминал што би те натерало да размислиш дали тоа всушност е вредно.

Многу многу не сум заинтересирана за следната сезона затоа што немам никаква идеја каде би можела да оди приказната. И мислам дека таа сезона само ќе ја уништи серијата за мене.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
На почетокот ја одбегнував, си мислев е типична тинејџ серија, средношколци бла бла бла.
Но, кога почнав не можев да престанам. Првиот ден 3, вториот 10 епизоди, и не можев да спијам после бидејќи цело време размислував за серијава што како.
Ми се допадна што е реална, и прикажува како животот на никој не му е совршен, и како секој на различен начин се справува со тоа несовршенство.
Колку само добро е прикажано како секој лош збор, навреда, озборување влијае врз однесувањето и може да ти ја зезне психата.
Како во тие тинејџ години многу е битно да имаш подддршка од родителите или од некој повозрасен, пријател и сл. Како проблемите на родителите, лесно можат негативно да влијаат врз децата. Колку е тешко да имаш вистински пријател и некој кој нема да ти го сврти грбот кога ти е потребна помош.
Можеби немавме ние вакво детство, каде се се објавува на социјалните мрежи, но сегашноста и иднината се вакви.
Би препорачала секој родител и среношколец да ја изгледа серијава, има од неа што да се научи.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Вторава сезона е хардкор депра. Ме врати во 3то оделение.
Серијава адресира болни теми посебно поради тоа што станува збор за ептен специфична возраст на ликовите. Ама генерално "мееееееееех" е мојот коментар. Не отскокнува нешто премногу, иако на моменти беше претерано заразна.
Можеби пре-емотивни моменти има за да ми се свиѓа, и малце све тоа е нафурано во американски фазон.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Полно е со дупки и нелогичности, еден куп претерани моменти со драма и поезија и незнам шо дрвја цветат сонце пече - јака мома вени сече.
Идејата беше супер добра, реализацијата катастрофа. Особено се дотепаа со втората сезона, крајно глупо и наивно одиграно. Уште 2-3 епизоди имам ќе ја догледам чисто да видам што ќе се пресуди на судот, ако дадат во оваа сезона де.

On June 6, 2018, Netflix renewed the series for a third season, which is set to be released in 2019. :pos::pos:
Yea bitch никој нема да гледа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ја изгледав првата од новава сезона. Среќа, ја нема веќе Хана Бејкер, но толку очаен ми изгледа обидот да се извадат од сите лајна во кои потонаа лани, што не знам што да речам. Муабетот: нема што веќе да понудиме, па ај ќе бидеме конфузни за да ги збуниме гледачите, и такви, со ебан ум да речат - што тоа јас гледав, wow. Не знам. Ќе и дадам шанса да се отплетка, ама тешко дека ќе ја биде.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Fuck this shit! Човече, толку напињаа цела сезона со моралности, глупости, за да ја завршат на најнеморалниот начин можен? Ја учеле они младината да биде храбра, да стане, да каже ако нешто лошо им се случува, или да побара помош, и демек ќе било подобро. А испаѓа дека ја учат да лаже, да ја зема правдата во свои раце и слични глупости. Tons of shitload! 13 саати изгубено време...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Зошто 15 деца би му биле соучесници на некој нестабилен идиот?!
Па и оваа црната, од многу морална девојка, се плесна со тој за кој и кажуваа дека е силувач, за на крај да го прикрие вистинскиот убиец. Иако кај оваа не е се најчисто, ама нема врска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom