13 Reasons Why

  • Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување
S

staycalm

Гостин
13 причини зошто е книга од 2007 година, напишана од Џеј Ашер. По оваа книга е снимена и серијата 13 причини зошто, што излезе на Нетфликс на 31 март 2017.

За што се работи? Клеј Џенсен, срамежлив средношколец, по враќање од училиште наоѓа мистериозна кутија пред врата. Содржи 7 касети кои ги снимала Хана Бејкер, соученичка која што неодамна се самоубила. Во секоја касета се објаснува една причина зошто таа одлучила да се убие. Касетите се пратени на повеќе луѓе пред да му бидат доставени на Клеј. Секоја приказна е посветена на една личност која што на Хана и дала причина за самоубиството. Правилото кое што Хана го задала е преслушај, а потоа предај ги касетите на следната личност на листата. Во спротивно, снимките ќе бидат објавени јавно. Клеј е многу зачуден зошто би бил тој дел од причините за самоубиство на девојкатата која што од секогаш му се допаѓала, но никогаш не успеал да ја запознае како што треба, па затоа почнува да ги слуша истите и се соочува со судбината на Хана Бејкер.

Одлична серија што го разработува еден од најголемите проблеми во училиштата, bullying и што се' може да предизвика тоа. Има оценка 8.6 на imdb, според мене заслужено.
Иако имаше неколку нелогични работи, серијата е мноогу добра. Првата сезона заврши, и според книгата приказната е завршена, но крајот остави многу прашања неодговорени и најавија 2ра сезона заради големата заинтересираност од гледачите. Доколку не сакате тинејџерски приказни, не е за вас, бидејќи буквално се работи за раскажување на случки од тинејџерството и средно школо :)

Плус глумата е одлична. Посебно тоа глумење што мајката на Хана го изведе кога ја виде Хана мртва, врв.

Вреди да се погледне, доколку ви е интересна првата епизода веднаш ќе се навлечете на другите. :)
 
B

beaverknight

Гостин
една што ми влага у категорија на најдобри серии на Нетфликс.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
Книгата ја прочитав уште во 2010 некаде и од тогаш чекав да се прикаже како филм/серија. Да не го почнувам сеа класичниот муабет ама книгата е подобра :D, серијата е добра, мада се крена многу прашина бидејќи обработува чувствителна тема за американците. Не знам како им е планот за втора сезона, мислам дека ќе се оддалечат од дејството од книгата скроз.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Се искажав и во општата тема, али сега дека има повеќе простор за дискусија.
Лош приказ на американското срање тинејџерство. Тема како bullying според мене е доста сериозна и осетлива, тие ја заебаа скроз. Се разочарав искрено. Ликот на Хана, очаен драма квин. Не можев да сочувствувам со нејзе зашто ме нервираше. Девојчето си имаше повеќе депресивни, ментални проблеми самата отколку другите што ја гнавеја. Со исклучок на оној Брус. Се самоуби зашто не и се живееше нејзе отсекогаш, но си најде личности, кои демек беа виновни. Катастрофа лик за приказ, најозбилно.
Приказната со тек на време станува се подосадна и подосадна, ја изгледав ради тоа што не сакам незавршени работи. Втора сезона нека има, јас не планирам да ја гледам. Селена Гомез нека си се држи поарно до инстаграм, не да се плетка во серии и нешто за кое врска веројатно нема.
Да завршам со тоа дека одамна немало толку преценета серија.
 
P

Patience

Гостин
Мех, ништо посебно, што знам.
Таму некаде кај 5-6 епизода сакав да ја исклучам, досадна стануваше, све едно исто и вртење у круг, ама пошто го отекоа Клеј со тоа "слушај ја ти твојата касета", ај си викам којзнае што направил овој, можеби тој најмногу оплескал. И така испадна да ја гледам до крај.
Небитно ми е скроз дали ќе има втора сезона.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Девојчето си имаше повеќе депресивни, ментални проблеми самата отколку другите што ја гнавеја. Со исклучок на оној Брус. Се самоуби зашто не и се живееше нејзе отсекогаш, но си најде личности, кои демек беа виновни
Тоа беше поентата? Дека она си имаше депресивни ментални проблеми а никој не ја сфати сериозно кога бараше помош?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Тоа беше поентата? Дека она си имаше депресивни ментални проблеми а никој не ја сфати сериозно кога бараше помош?
А чекај, кога побара помош? Освен накрај кога дојде кај оној советникот кога веќе беше решена да си сече вени? Па тој ако ја спречи ок е, ќе живеам, ако не, ќе се утепам. Сите оние проблеми претходно што и беа, зошто тогаш не побара помош? Ниеднаш не направи муабет со нејзините, со нив си беше ко се розево да е. Човек што сака да живее бара помош, оваа си бараше изговори за да си ја запечати судбината. И ниеден од децава не е виновен, освен силувачот, за проблемите што ги имаше она. Така што, јас стварно не и ја разбирам постапката со оставање касети по поединци.
 
S

staycalm

Гостин
Книгата ја прочитав уште во 2010 некаде и од тогаш чекав да се прикаже како филм/серија. Да не го почнувам сеа класичниот муабет ама книгата е подобра :D, серијата е добра, мада се крена многу прашина бидејќи обработува чувствителна тема за американците. Не знам како им е планот за втора сезона, мислам дека ќе се оддалечат од дејството од книгата скроз.
Сигурно ќе се оддалечат, немаат веќе што да обработуваат од книгата :)) Но било изјавено дека приказната на Хана се' уште не е завршена, и дека и во новата сезона пак таа ќе биде во центарот. Има некои предвидувања дека приказната во втората сезона ќе биде неколку месеци после она што се случи во крајот на првата.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
Се искажав и во општата тема, али сега дека има повеќе простор за дискусија.
Лош приказ на американското срање тинејџерство. Тема како bullying според мене е доста сериозна и осетлива, тие ја заебаа скроз. Се разочарав искрено. Ликот на Хана, очаен драма квин. Не можев да сочувствувам со нејзе зашто ме нервираше. Девојчето си имаше повеќе депресивни, ментални проблеми самата отколку другите што ја гнавеја. Со исклучок на оној Брус. Се самоуби зашто не и се живееше нејзе отсекогаш, но си најде личности, кои демек беа виновни. Катастрофа лик за приказ, најозбилно.
Приказната со тек на време станува се подосадна и подосадна, ја изгледав ради тоа што не сакам незавршени работи. Втора сезона нека има, јас не планирам да ја гледам. Селена Гомез нека си се држи поарно до инстаграм, не да се плетка во серии и нешто за кое врска веројатно нема.
Да завршам со тоа дека одамна немало толку преценета серија.
Па искрено не би се согласила со фактот дека е лош приказ на американското тинејџерство. Ова е by far најдобар филмски приказ како функционираат школите во Америка и со што се соочуваат американските тинејџери.
 
Не знам, според мене темата bullying беше одлично прикажана. Ликот на Хана е тоа што е, можеби на моменти преосетлива ама не баш драма квин. Или она, од „таа беше драма квин и се уби за внимание“, глупости. Скроз сочувствував со нејзе.. Точно дека таа имаше проблеми, али проблеми предизвикани од оние што цело време ја заебаваа. Сите до еден (освен Клеј нели) беа заслужни за нејзината смрт, сите имаа свој удел, некој повеќе некој помалце. Сите и забија нож во грб. А за Брус да не правиме муабет воопшто.. Најголема причина беше тој. Како што поминуваше приказната се поинтересна беше. Со нетрпение се чека втора сезона! :vozbud: Конечно да дознаам шо бидна со Алекс, срце он :([DOUBLEPOST=1496251816][/DOUBLEPOST]
А чекај, кога побара помош? Освен накрај кога дојде кај оној советникот кога веќе беше решена да си сече вени? Па тој ако ја спречи ок е, ќе живеам, ако не, ќе се утепам. Сите оние проблеми претходно што и беа, зошто тогаш не побара помош? Ниеднаш не направи муабет со нејзините, со нив си беше ко се розево да е. Човек што сака да живее бара помош, оваа си бараше изговори за да си ја запечати судбината. И ниеден од децава не е виновен, освен силувачот, за проблемите што ги имаше она. Така што, јас стварно не и ја разбирам постапката со оставање касети по поединци.
над 80% од жртвите на bullying не бараат помош. Колку и да се депресивни. Дури и оној момент кога таа реши да побара помош советникот реагираше така, мислиш ко македонски психолог да гледам во таа сцена. И тоа е поентата со депресивните луѓе, суицидални се, не им се живее...Као, тоа е приказната?!
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Jas koga ja izgledav prvata epizoda dobiv Forest Whitaker eye.

Bravo za sekoj sto prodolzil.
 
B

beaverknight

Гостин
А чекај, кога побара помош? Освен накрај кога дојде кај оној советникот кога веќе беше решена да си сече вени? Па тој ако ја спречи ок е, ќе живеам, ако не, ќе се утепам. Сите оние проблеми претходно што и беа, зошто тогаш не побара помош? Ниеднаш не направи муабет со нејзините, со нив си беше ко се розево да е. Човек што сака да живее бара помош, оваа си бараше изговори за да си ја запечати судбината. И ниеден од децава не е виновен, освен силувачот, за проблемите што ги имаше она. Така што, јас стварно не и ја разбирам постапката со оставање касети по поединци.
Побара помош два пати, ова што го спомнуваш и првиот пат анонимно кога ги пишуваат писмата на часот за peer communication.
Кога отиде кај Портер не беше решена за самоубиство, бараше последна надеж во него, овој ја одјебува, "ех самоубиство, у моево бившо школо црнциве се пукаа со пиштоли".
Низата разочарувања некои им ги приредува на родителите кои кулминираат со губењето на парите резултираат со бариера, која не и дозволува да се искаже пред нив.
Можеби се преувеличува кај некои поединци кои се "причината", а можеби и не, на крај краева се прави слика колку лошо може да резултира малтертирањето.

Од продукциска страна беше нешто послаба, имаше предобар саундтрак, и поената ја гледам да се привлече внимание за менталните проблеми и да се побие стигмата која постои околу нив.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Па искрено не би се согласила со фактот дека е лош приказ на американското тинејџерство. Ова е by far најдобар филмски приказ како функционираат школите во Америка и со што се соочуваат американските тинејџери.
Книгата ако не се лажам е од пред ерата на фб и сите други апликации да земат замав. Ни ова што е во серијава не е реално баш за сега моментално, зашто сите глупости ќе се одвиваа на социјални мрежи. Она што мислам дека беше апла нереално е дека тинејџериве во америка имаат слобода да прават што сакаат. Изгледаше ко ниедно од децата да нема асален родител за да го построи малце. Можеби се е надвор од контрола, не знам, но не видов апсолутно никаква родителска контрола, што не верувам дека е баш така кај сите.

@staycalm , добро, сите други беа виновни што она се уби. Другите не ги мајтапеа ко неа, само таа имаше мака со тоа. Другите деца имаа и позаебани животи од неа, па никој вени не исече. Али ок. Што според тебе е тогаш поентата од серијата?

@beaverknight , анонимно помош, тоа мало сутра оти некој ќе се заинтересира. Па и на школо, секако. Во сите школи има силеџии од деца, сите ги знаат кои се, и кај нас и било каде, ретко кој се замара со нив. Првенствено дома се решаваат проблеми, со оние на кои им е гајле. Можеше комотно дома да зборува, нејзините не беа на Марс качени.

Останувам на тоа дека лошо беа реализирана цела идеја, ликот на Хана беше безвезален и од мене не добива симпатии никакви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom