Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
"Уличен адвокат". Сега за сега не ми свиѓа. Нереална е.
 
„Убиство на теренот за голф“ - Агата Кристи

Итен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција, но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот чие избодено тело лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Пред да може Поаро да одговори на основните загонетни прашања романот тече кон пресврт поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин. Можеби еден од најдобрите романи на Агата што ги имам прочитано.

Логика! Логика! Логика! Многу интелигентна приказна.
 
„Убиство на теренот за голф“ - Агата Кристи

Итен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција, но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот чие избодено тело лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Пред да може Поаро да одговори на основните загонетни прашања романот тече кон пресврт поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин. Можеби еден од најдобрите романи на Агата што ги имам прочитано.

Логика! Логика! Логика! Многу интелигентна приказна.

Градинарот е убиецот
 
Фатална вообразеност од Хаек.

И:vozbud:

По втор пат мојата омилена која едваи ја најдов пред четири години а и ме чинеше многу....

RAKETNI SISTEMI PROTIVVAZDUSNE ODBRANE:vozbud:

Knigata origanl e Руска prevedana od ruski od potpolkovnik Milislav stamenkovi;

Od vojnoizdavacki zavod beograd

Морам по втор пат да ја читам да се рефрешувам....Маестрално дело од 270 страници со повеќе САМ системи и нивни карактеристики,а и интересен почеток,односно математички изразени системите,понатаму теоријата,шематски приказ на ракети:vozbud:

ЗАКОНН!!!

добро зачувана и тоа...книга од 75-та мора по втор пат,нели треба повторно да се потсетиме,а инаку ја завршив современи производствени технологии...

Еве една книга од мене...за машинци ко мене..

Principles and applications of nanofluidic transport
W. sparreboom*, a. van den berg and J. c. t. eijkel


http://www.webfilehost.com/?mode=viewupload&id=1688178

Градинарот е убиецот

Поаро ќе дознае,зарем нема некоја шема во крими литературата???

Некоја предвидливост,инаку од филмојте шо ги имам гледано Холмс може вода да му носи на поаро.
 
``Англиски Атентатор`` од Даниел Силва! Сеуште сум на почетокот ама доста е интересна книгата. Ме потсеќа на трилерите на Роберт Ладлам, но некако многу оди на описи на околината Даниел Силва!
 
Сто години самотија интересна книга сега пред малку почнав да ја читам па ќе видеме како ќе биде понатаму

„Фактотум“ - Чарлс Буковски

Се работи за еден „пропаднат“ човек на кого апсолутно ништо во животот не му е важно, менува многу работни места, многу жени, нема постојано место за живеење, талка, се пијанчи и не се грижи за ништо. Тоа е стилот на Буковски, препознатливо контроверзно.

„Мистеријата на синиот воз“ - Агата Кристи

Карактеристично за Агата, се случува убиство во возот под необјасливи причини, Херкул Поаро е тука да ја открие мистеријата. Сплетки и непредвидливи ситуации на повидок.


А гледам си се зачитала доста :) оваа од Буковски му е втората книга после Пошта или како му иди? јас ја читав пред некое време Жени и знам за што книга станува збор
 
Алхемичарот - Пауло Коељо. На првиот квартал сум иако лесно соџваклива е, секогаш има доста скриени пораки кај типецов. Добро сеа за сеа (како порано не и` мавнав шмек на книгава?)

Веќе ја прочитав, денеска. Книгава се чита во еден здив и претставува една филозофска приказна за едно момче кое трага по Богатството, а на патот до него ќе ги научи тајните на животот, ќе запознае многу (не)пријатели и ќе ја проживее својата Лична Легенда. Се надевам дека ќе ти се допадне и на крајот.
 
Naturalis Historia енциклопедијата од Плиниј постариот. Едно од најголемите, најобемни и целосни, зачувани дела од времето на Рим.
Hail to thee, Nature, thou parent of all things! and do thou deign to show thy favour unto me, who, alone of all the citizens of Rome, have, in thy every department, thus made known thy praise.
 
Веќе ја прочитав, денеска. Книгава се чита во еден здив и претставува една филозофска приказна за едно момче кое трага по Богатството, а на патот до него ќе ги научи тајните на животот, ќе запознае многу (не)пријатели и ќе ја проживее својата Лична Легенда. Се надевам дека ќе ти се допадне и на крајот.

Само на мене ли не ми се свига книгата?Ја читав пред 4 години,ама не ми остави некој голем впечаток.
Онака,се чита ама ништо посебно.А пред да ја земам 100 души ми ја препорачаа демек била многу јака.Е шо толку де?


Инаку моментално ја читам Демијан,за лектира ми е.
 
„Нежно ... Навистина нежно “ на Вуди Ален ... Симпатична книгичка ... А пак и смислата за хумор на Вуди од секогаш ми била забавна .
 
До пред некој ден ја читав „Дали знаеш да чуваш тајна’’ од Ана (не_знам_како_се_презиваше)
А денес ја прочитав „П.С. Те Сакам’’ од Сесилија Ахерн

.. и двете се солидно убави книги :)
 
"Теорија на хаосот"

Почетокот нејасен али потоа со тек на време се разјаснува. Позната книга е веќе, што има да објаснувам.
 
Пред неколку часа ја прочитав "Парадоксот на Диоген", драма во два чина во која целото дејствие е всушност судски процес кој се води против инжинерот Драшко Каровски, обвинет за рушење на зградата на хотелот "Сплендид".
Сега ја почнав "Скакулци" од Петре М. Андреевски, во која по малку прочитаното забележав дека дејството е сместено во слободна Македонија, периодот после 1945 г. во времето на воспоставувањето на новиот, социјалистички режим.
 
thumb95ad95eee39b4ac6aa63abee33f74790.jpg


Имав чуено доста позитивни критики со кои се сложувам во целост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom