Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Победникот е сам од Коељо Пауло. Засега одлично - добар опис на високото општество како и подбивањето со него.
 
Стари Маргини. И се радувам што ги читам.:wink:
 
Џејн Ејр- Шарлот Бронте
Мислам дека името Бронте кажува се. И со скромност може да се дојде до се што се посакува и многу повеќе. Добро така е бар до сега, до пола сум со книгава. Сепак,некои работи во книгата се доста предвидливи.

Славејот и розата и други приказни- Оскар Вајлд
Оваа ми е за на паузи на факлутет зошто Џејн Ејр е доста тешка. Малку претерува во некои приказни со опис на природа итн, али сепак, интересни приказни кои содржат доста добри пораки во себе. Како и да е, не може да се споредува со Сликата на Доријан Греј, барем до кај што сум стигната.
 
Странецот од Алберт Ками.

Книгава е во "јас форма", го прочитав првиот дел, типов раскажува за погребот на мајка си, љубовта со Марија, чудните соседи и убиството на еден Арап.
 
Откако ја завршив Странецот на Ками, "се префрлив" на "Генералот на мртвата војска" од еден од најголемите (ако не и најголем) албански писатели, Исмаил Кадаре.
Во делото се разработува сторијата за еден италијански генерал и еден свештеник кои доаѓаат во Албанија, дваесетина години по Втората светска војна со задача да ги најдат, откопаат и вратат коските на мртвите италијански војници од тој период.
Нивниот престој во оваа земја ќе открие многу тајни и работи кои овие луѓе не ги знаеле, а притоа подобро ќе ја запознаат "можеби најосамената земја на светот" (како што вели самиот Генерал).
 
„Колачиња за појадок“ - Дороти Кумсон

Прочитав некои 100тина страни од можните 430. Се работи за жената Кендра што го напушта својот дом во Сиднеј и изнајмува стан во Англија од човек што има 2 деца близначиња и се разведува со сопругата токму во периодот кога таа се вселува кај нив. Децата многу се приврзуваат за Кендра затоа што таа им дозволува да јадат колачиња за појадок и сакаат да им биде мајка.
Но, Кендра има свое минато што подоцна почнува да ја прогонува, наидува на човекот со кој чува една ужасна тајна. Нејзиниот живот почнува да се распаѓа...
 
Do Androids Dream of Electric Shep?

Мислам дека нема потреба од кратка рецензија :)
 
97800071826572.jpg
 
моментално читам од Пауло Коелјо - Петта Гора, и можам да кажам одлична е
 
Во моментов читам 2 книги-Исчезнат од Даниела Стил и Ребека од Дафне ди Морие:pipi:
 
FORTRAN - Tricks & Tips - издание - 1984 год.
Неможам да се замислам себе си да читам романи од разонода или пак не дај боже да читам за ставовите на некој си и љубовните драми или кој знае што. Ја навредува мојата интелигенција самата помисла како некој може да чита вакви работи... Освен стручна литература која се базира на докажани факти или барем мислења на експерти од некоја област, навистина не ми е јасно како некому може да му претставува задоволство да чита рекла искуства,ставови и муабети на некој си од којзнае каде во некоја од таканаречените "книги" кои ги чита обичниот и припрост народ.

Да го образложам мојот став.

Можеби мојот став кон ова е таков каков што е затоа што сум електро инженер и работите ги гледам од повисоко. И да можете да ме наречете егоист, нарцис или кој знае што но навистина е така, ние работите ги гледаме од повисоко. Инженерот го има најдобриот поглед и најдобрите сфаќања за се во животот, затоа што она што тој го знае, на обичните луѓе не им доаѓа ни на сон. Ве молам да се воздржите од обвинувања за моето гледиште од некој без соодветно образование(дури и доколку некој се смета за интелигентен без образование, зашто интелигенцијата е нешто што мора да се развива)
 
„Како станав новинар“ од Мирко Миронски. Топла, емотивна, едноставна и книга што ги објаснува процесите во кои овој автор (за жал починат) станува новинар во едно стегнато социјалистичко време, каде слободата на печатот е нереалност. Повеќекратно е обвинуван, но никогаш осудуван.

***
...Разбрав за еден случај кој речиси беше сензација. Патувале маж и жена странци, со автомобил со приколка. Тогаш беа ретки таквите приколки. Се одбирале убави места, кампувале и уживале. Една вечер жената возела се додека не и се приспало, заспала и го разбудила мажот за дасе сменат. Договорот бил, тој што ќе појде во приколката, кога ќе ја затворал вратата, да ја удрел малку посилно за да слушнел возачот и тоа било знак дека може да се тргне.
Жената која пошла во приколката ,се соблекла и излегла надвор - за понадвор... Дувнал ветерот и вратата се затворила. Мажот кој мислел дека е тоа знакот, дал гас и тргнал кон Сплит...

и така натаму...:pipi:
 
Моментално ја читам "библијата на германскиот народ", "Moјата борба" од Адолф Хитлер. Книга-размисла за патот на еден народ кон пропаста, за најлудиот план на еден човек - директно одговорен за смртта на над 50 милиони луѓе, за "еврејскиот светски заговор против човештвото" и за "супериорноста на германската чистокрвна (ариевска) раса."
Иако делото не импонира со некоја среденост на мислите и некоја строга тематска поделеност (мислите се нафрлани туку-така и раштркани низ целата книга), сепак може да се сфати суштината на Хитлеровата идеологија на нацизмот, неговата омраза кон еврејскиот народ, "ширењето на германскиот животен простор" како и планот за Третиот Рајх - Германија господар на светот.
Инаку книгава според некои информации е веднаш зад Библијата по бројот на продадени примероци и по својата популарност.
 
Апсурдистан - Гари Штејнгард.
Се двоумам како да ја оценам :) Ај, ко за прва книга, не му е до толку лоша :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom