Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Странецот вечер ќе почнам да ја читам.

Ја читам зошто ми ја препорача другарка од постарите генерации, и зашто таа ја имаме за обработка наскоро.
 
Странецот вечер ќе почнам да ја читам.

Ја читам зошто ми ја препорача другарка од постарите генерации, и зашто таа ја имаме за обработка наскоро.
И да почнеш,одлична книга е,една од омилените ми е мене.
Инаку,сакам да ја прочитам "Арарат" од Лајош Зилахи,ама никако не можам да ја најдам преведена на македонски.Изгледа ќе морам на српски да ја читам.
 
Почнувам да ја читам "Тајните досиеа на FBI"...автор не пишува, пошто е тајна :)
 
Романот "А потоа..." на францускиот автор Гијом Мусо.
Генијално четиво за една фикцијална љубов и животот на еден човек кој верува дека ги живее последните денови од својот живот.
Голема препорака, бидејки не е само роман кој не ве остава мирни додека го читате, туку е полн со поучни делови кои на моменти ме тераа да размислам за одредени нешта во мојот живот.
 
Ја завршив пред некој ден “Љубов со мали букви“ од Франсеск Миралјес. Не е којзнае колку добра книга, ама интересна е, како за опуштање е ок. Има и неколку забележливи мисли, кои вреди да се запамтат или запишат некаде. :)

А сега почнав да ја читам “Така зборуваше Заратустра“ од Ниче. Ниче си е Ниче, иако јас по неколку точки не се сложувам со неговата филозофија. (ама кој ме прашува мене :icon_lol:)
 
Mr. Twilight!
Fantasy. Battle between good and evil, delving into the arcane, love and intrigue, etc. Standard plaknenje mozok!

Mischael Reeves & Maya Kaathryn Bohnhoff
 
Вчера ја завршив `Стратегијата Банкрофт` од Роберт Ладлам и тој веќе влезе во доменот на моите омилени писатели. Човекот е цар на трилерите, ни Ден Браун не му е рамен. Има некој постојана динамика што не ти дозволува да ја оставиш недочитана книгата!
До сега од него прочитав:
`Стратегијата Банкорфт`
`Ракописот на Чанселор`
`Московски Вектор`

Утре одам во библиотека да ископам уште некоја негова книга, ако не во библиотека тогаш сигурно во книжара!

Едит: Дај кажете вие некој добар писател на трилери, ама што го имате читано(не од гугл да коирате Best triller writer). Кажете некој што ве воодушевил, онака што остава во текот на целата книга место за претпоставки. Има некој таков? Ако има пишете го, ако нема читајте Роберт Ладлам!
 
По втор пат ја читам Евгениј Онегин од Пушкин која ми е лектира(првиот пат кога ја читав ја разбрав ама не до крај).Се што пишувано во стихови ми е 2пати потешко од дела пишувани во проза.
 
Бранови од Вирџинија Вулф.
Плус едно прилично богато книже за фотографска уметност. Згора на тоа блог поезија.
 
Бакни ме додека спијам - Линда Хауард.
Криминалистички роман, возбудлив и доста интересен за читање.
 
„Фактотум“ - Чарлс Буковски

Се работи за еден „пропаднат“ човек на кого апсолутно ништо во животот не му е важно, менува многу работни места, многу жени, нема постојано место за живеење, талка, се пијанчи и не се грижи за ништо. Тоа е стилот на Буковски, препознатливо контроверзно.

„Мистеријата на синиот воз“ - Агата Кристи

Карактеристично за Агата, се случува убиство во возот под необјасливи причини, Херкул Поаро е тука да ја открие мистеријата. Сплетки и непредвидливи ситуации на повидок.
 
"Милијардери-историја на светското богатство од Крез до Бил Гејтс"-Детлеф Гитлер
 
Денес почнав да ја читам “Уметноста на љубовта“ од Ерик Фром. Chicago Tribune има напишано: Ерик Фром е остроумен психолог и способен писател истовремено. Значи со книгава нема намера човекот да продава бајки, туку баш од социјален, психолошки и општествен аспект ја анализира љубовта и сакањето. Баш ме заинтересира, не е голема, така што брзо ќе биде прочитана. :)
 
Само пред еден ден ја прочитав книгата Порака во шише од Николас Спаркс.Преубава книга.Кој не ја читал вреди да ја прочита.:helou:
 
Алхемичарот - Пауло Коељо. На првиот квартал сум иако лесно соџваклива е, секогаш има доста скриени пораки кај типецов. Добро сеа за сеа (како порано не и` мавнав шмек на книгава?)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom