Кредит трансфер систем

- Што е политика? Мислења?
- Политика е сегде околу нас... во секојдневниот живот.
- Дечко, 2 поена.

Супер систем. :pipi: Јуроп хир ви гоу.:vozbud:
 
многу глуп систем воведоа, мора да идеш на предавања, на вежби, семинарски, проекти, активност и на вежби и предавања, едносеместрални предмети.....тапа. баш ми е мило сто го фатив последниот воз од старата мешана програма.
 
ЕКТС (Европски кредит трансфер систем) се базира на принципот според кој 60 кредити ја означуваат ангажираноста (workload) на редовниот студент во една академска година. Ангажираноста на еден редовен студент во студиските програми во Европа во повеќето случаи е еднаква на 1500-1800 часови во една академска година и тогаш еден кредит означува 25 до 30 работни часови на студентот.
Кредитите во ЕКТС единствено можат да се добијат по успешно комплетирање на потребната работа и задачи, како и соодветното оценување на постигнатите образовни цели. Образовните цели се комплет на компетенции кои покажуваат што студентот треба да знае, разбере или да биде во можност да направи по комплетирање на процесот на учење.
Студентската ангажираност во ЕКТС се состои од времето потребно за комплетирање на сите планирани образовни активности, како што се: присуство на предавања и вежби, семинари, независно и самостојно учење, спремање на проекти, пишување на домашни работи, есеи, семестрални трудови, испити и слично.
Кредитите се доделуваат на сите образовни компоненти на студиската програма (модули, курсеви, практична работа, работа на дисертација) и го рефлектираат квантитетот на работата која секоја компонента бара за да се постигнат нивните специфични или образовни цели во однос на целосниот квантитет на работа потребна за успешно завршување на целата студиска година.

Студентот во текот на следењето на предметот може да освои вкупно 100 поени. Бројот на освоените поени ја определува конечната оценка. Попрегледно ова може да се претстави на следниот начин:

од 51-60 поени - 6
од 61-70 поени - 7
од 71-80 поени - 8
од 81-90 поени - 9
од 91-100 поени-10

или:

-редовна посетеност: 0-20 поени
-колоквиуми: 0-60 поени
-други активности: 0-20 поени


Би ги замолила поискусните форумџии да споделат искуства со ЕКТС, дали добро функционира кај нас и слично.
Никако не функционира кај нас.

Си седел или не на предавања и вежби професорот нема да ти даде 20 поени за редовност. Значи уште во старт губиш 10 поени.

Колоквиумите се штознам..Имаш два колоквиуми, го паднеш едниот си одиш на испит нормално. Проблемот со колоквиумите е што одредени професори сметаат дека треба да имаш освоено 30 поени од двата колоквиуми за да имаш право да одиш на испит па дополнително да те малтретираат. Е да и ова да напоменам. Се случува да напишат и оценка на колоквиумот..па од две седмици кои си ги добил според бодовите, кога тие ќе се соберат добиваш шест...и крај на секоја дискусија.

Други активности се есеј и семинарска. И тука може да се збогуваш со максимумот поени. Максимум на семинарска досега дале 5 или 7 поени, зависно од професорот нели.

Е па отприлика така оди кредит трансвер системот кај нас. И да уште едно надополнување за квадрат пишување или не. Пишува дека со освоени 21 кредит преминуваш во наредниот семестар. Ама кога ќе треба да запишуваш трета година ќе си ги сменат условите пак и ќе бараат чисти прв и втор семестар. Ама потоа може и да се измени нешто.. па да бараат 42 кредити од прва година и по 10 од трети и 10 од четврти семестар. Така да никогаш не си на чисто со факултетов.
 
Полека не се брзајте, ЕКТС има уште време за да биде прифатен и да почне да функционира како што треба. Треба барем една генерација на професори да се сменат.
Инаку ЕКТС е нешто што е договорено на со болоњската конференција, каде што не е ништо друго направаено освен пресликување на американскиот високобразовен систем.
Инаку еве кај мене уште не е воведен ЕКТС, односно еве во германија уште не вовоеден системот на доста универзитети.
Кога ќе се воведе овој систем, конкретно тоа ќе биде на мојов универзитет и факултет тек наредната година, ќе биде многу потешко, ама за тоа што тогаш ќе почнат со рпва година.
А занете ли зошто? Затоа пто по болоњската конвенција каде што е пресликан американскиот систем, стои дека еден предмет имаш право само двапати (во товојот живот) на испит да го полагаш. Односно со други зборови за студии каде нема многу голема флексибилност со предметите, како Природните науки, јазиците, и останатите технички науки, тоа значи дека ако студентот по вторпат го падне испитот неможе да продолжи да студира.

Така да според ова што го кажувате болоњската конвенција уште не е сосема имплементирана на никој од факултетите.
 
Вака изгледа ЕКТС на Економски:

Годишно моеш вкупно да заработиш 60 кредита (7-8 предмети по 6-10 кредити). Кредити освојуваш со добивање на оценка на предметите. Ако освоиш повеке од 41 кредит (или -2 предмети) во годината, се стекнуваш со услов да упишеш наредна година. Ако до наредната фебруарска сесија не ги фатиш и останатите кредити - квадрираш!

Зошто ова воопшто не ми личи на ЕКТС? Јебига.....Универзитет Св. Кирил и Методиј............
 
Вака изгледа ЕКТС на Економски:

Годишно моеш вкупно да заработиш 60 кредита (7-8 предмети по 6-10 кредити). Кредити освојуваш со добивање на оценка на предметите. Ако освоиш повеке од 41 кредит (или -2 предмети) во годината, се стекнуваш со услов да упишеш наредна година. Ако до наредната фебруарска сесија не ги фатиш и останатите кредити - квадрираш!

Зошто ова воопшто не ми личи на ЕКТС? Јебига.....Универзитет Св. Кирил и Методиј............

Верувај не Економски, нема ни “Е“, од ЕКТС. Ти гарантирам 100%.

На таков корупмиран факултет не може да функционира некој систем што го носи епитетот “Европски“
 
Jas bas i ne ja razbiram ovaa EKTS zaebancija...
Kaj nas, na praven, skalata e vaka:
61-68 za sheska
69-76 za sedmica
77-84 za osmica
85-92 za devetka
93 - 100 za desetka

prviot del od ispitot ti se smeta za polozen ako imas vise od 18 poeni... od 35 prasanja...
poeni od prisustvo nemas samo moras da bides prisutern na 63% od casovite za da imas pravo da polagas....
i tolku..... sega se prijaviv za predavanje Voved vo pravo za opstata nauka za srzavata i pravoto vo Rimskata Imperija i Helada pa sto ke bide neka bide.. I ekonomika imam nesto za diskusija okolu +strani na komandnata politika... i SI GI DOBIV PRVITE POENI PO SOCIOLOGIJA NA PRAVOTO.... i samo tolku... nisto vise ne razbiram od ova EKTSvo...​
 
И најдобро од се... пишуваш квадрат на предмет, а не на цела година.

Да, не пишуваш квадрт туку ги презапишуваш предметите од претходната година во наредната, и така кога ќе стигнеш до 4 та ќе имаш испити од втора на пример. Така е на државните, а на приватните не ги слушаш истите предмети само ги полагаш во наредните сесии кои се. Системот до некаде е ок само во РМ уште не е целосно доведен како што треба.
 
ЕКТС си има и свои предности и маани, ама според тоа колку е неорганизиран кај нас, има повеќе маани отколку предности.
Точно е дека преку постоењето на колоквиумите може многу полесно да се исчистат предметите, многу е олеснет материјалот и попрегледно е за учење, на некој начин не се потпира се на личната самосвест на студентот (нормално кога го брка колоквиум :pos2:). Дури и самите професори изјавуваат колку е олеснет системот на студирање преку ЕКТС и воведувањето на едносеместрални предмети и колку повеќе студенти се задржуваат на факултетите од порано.
Сепак на нашиот факултет (филолошки) или поточно, на нашата катедра (англиски јазик и книжевност) пола од професорите даваат колоквиуми а пола од нив не праќаат на испити, па вие сега видете која бркотница настанува после втората колоквиумска недела, кога одвај си ги положил колоквиумите, наеднаш „од никаде“ ти изникнуваат цели испити за полагање и многу од нас се губат во ваквото закажување на испитите, една недела по колоквиум, мислејќи дека може да го спремат испитот за толку кратко време. Абе ако работиме по ЕКТС, па нека дадат сите колоквиуми, кога се учи да знам дека се учи, а не само што ти поминала колоквиумска недела, ти иде испитна сесија и цел еден месец, месец и пол, глава да не можеш да кренеш од учење.
А друга работа е што некои професори се толку неодговорни, па ни даваат поени од семинарска и ја губат твојата семинарска откако ќе им ја предадеш, па тие 1-2 оценки погоре за кои си ја чукал главата ќе паднат во вода. И да не ја заборавиме неинформираноста (:uvo:) на тие што работат на студентски прашања, па и на самите професори, кога станува збор за слушањето на предмет кој ти е обусловен од некој друг предмет, а претходниот не ти е положен, па за давањето на колоквиуми на вонредни студенти (да се биде или не?) - зошто тие како да не постојат во ЕКТС системот, туку си функционираат по стара програма. И за крај тоа глупаво прашање по активноста, кога на некои газолижачи им се дава право да бидат активни помилион пати, а другите, како посрамежливи ќе си чекаат на ред за да добијат глупави 5 поени кои после тоа може да го имаат решавачкиот збор во заклучувањето на оценката. Мх!:nerv:
Мислам дека ЕКТС е најдобро организиран и спроведен на правен факултет, каде јасно и гласно им е кажано на студентите дека ќе имаат колоквиумска недела и пред таа недела имаат една слободна за да си поднаучат повеќе. Кај нив јасно се знае колку поени се дадени од присуство, колку од активност, колку од семинарска и сл. Е сега, мислам дека си имаат и они некакви проблеми со различни професори, па кој има искуство би можел да го сподели. Се на се, ЕКТС е повеќе една голема збрка отколку новитет кој би требало да ни го олесни студирањето, па вака-така ние може и ќе дотераме до крајот, ама дотогаш...:toe:
 
Кај нас не се применува овој систем.Само кај нас на катедрата за Германски јазик не се оди по овај план.Се е измешано.И стариот систем и новиот и е хаос.Мора да одиме на предавање а не ни пишат кредити за тоа,кога ќе им текне има колоквиум кога не.Домашните работи исто така,мора редовно да пишуваме а не добиваме кредити за тоа,ко шо стои во правилникот.
Да е се во ред,да се оди целосно по овај систем мисла дека е супер,само со присуство земаш 2 оценки поголеми пошто присуство ти носи 20 поени.
 
Лошо лошо... барм за мене пошто имам заглавено со некои испити и треба да ги преслушувам. Е тоа и не ми проблем. Лошо е тоа што ти се поклопуваат предавања и вежби, а пошто треба да си присутен како да му обајсниш на професорот или асистентот дека неможе во исто време да си на две различни места, а тоа него не го интересира ако не ми бидеш редовен нема бодови нема потпис нема полагање :toe:.
 
Лошо лошо... барм за мене пошто имам заглавено со некои испити и треба да ги преслушувам. Е тоа и не ми проблем. Лошо е тоа што ти се поклопуваат предавања и вежби, а пошто треба да си присутен како да му обајсниш на професорот или асистентот дека неможе во исто време да си на две различни места, а тоа него не го интересира ако не ми бидеш редовен нема бодови нема потпис нема полагање :toe:.
You are not alone :ojea:​
 
И најдобро од се... пишуваш квадрат на предмет, а не на цела година.
Е па не баш. Кај мене сега смислија некое си ново правило. Запишав трета условно и можам само да ја слушам, а не можам да полагам иако имам право да полагам одредени предмети. Предметите кои можам да ги полагам во трета не смеам да ги полагам затоа што треба да ги расчитам изборните предмети за кои пишува дека се лизгачки до крајот на студирањето. :toe:
Ама нивни правила, си ги менуваат како што ќе им текне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom