Јас сум на економски и кај нас имале некаква замисла да го воведат, започнале до некаде, заглавиле и оставиле така. Сите бевме изненадени кога при една заверка ни беше побарано на листот да напишеме колку кредити имаме освоено претходната година

И сите лупаа безврска
Ма какви ти семестрални трудови, есеи, активност, присутност! Spanish village! Ништо од ова не се вреднува. Во прва година ги лажат студентите да биделе поредовни и поактивни на предавања, меѓутоа нема никаков бенефит од тоа, освен можеби активноста, ама ако му влезеш во око на професорот т.е нон-стоп да блебетиш нешто (во контекст со тоа што се предава, нормално

)
За присуство, нон-стоп пуштаа списоци но на крај мислам дека само економија - Владо избаци еден список кога даваше потписи и тоа списокот беше од една дождлива сабота, кога одработувавме друг ден и кога едвај 20-30 колеги се појавија.
Семинарските што се прават во втора и трета се ради реда, никој не ги прегледува, сите земаат ЕВТ или МТП, кутриот професор го затрупаа со семинарски па годинава го ограничи бројот само на 20 студенти

Јас лани направив кај него, не ми ја прегледа воопшто, само ја зеде и ми стави потпис и тоа беше тоа.
Госпожа Кикеркова рече дека ќе давала од присуство по 3 бода на сите студенти ама до ден денес не разбрав како планира да ги даде тие бодови, врз основа на севкупниот број од сите колоквиуми или? Бидејќи знам дека кај неа третиот колоквиум е најбитен, така да без разлика што си имал на прв и втор, ако третиот ти е слаб - те праќа на испит (ни три ни свети три бода).
За други професори и колеги не знам, но за мене конкретно, предавав по еден предмет и на крај никаков бод не ми дадоа од тоа, башка - професорката пушти список да сме се запишеле тие што сме предавале и се запиша цел амфитеатар!
И да, на економски му фали таа активност на часови, семинарски трудови, есеи, бодови за присуство, некакви бенефиции за тие со просек... ама ништо.