Па и јас сум свесен дека се коцкам, не знам ни јас колку пари имам дадено. Не се убивам. Еве ти одма еден контра пример. И сеа што праиме? И тоа и тоа е порок, и тоа и тоа е штетно. Зашо да ќутиме за цигарите, а за коцкањето да креваме џева?
Не ти ги разбирам примерите со водоводџија и слично, ти стварно мислиш дека на 10.000 луѓе можеш да им кажеш преку ноќ еј слушајте од утре нема коцкарници, ти Петко пробај водоводџија биди, ти Станко електричар итн итн...

У казина не работат само луѓе што уплаќаат за слотови, мењаат чипови и слични такви, него имаш и ИТ, човечки ресурси, дистрибутери, хигиеничарки, луѓе што реално допирна точка немаат со коцкањето. Не можеш ти на овие луѓе туку така да им кажеш дека од утре немаат работа. А што вика и Боце со ваквите одлуки само ќе им потпомогнат на таквите ко Меџити за да го развијат нелегалното коцкање каде нема никаква регулатива од страна на државата.
Треба постепено да се почне, прво преку намалување на рекламирањето, со ова 100% се сложувам, па потоа малце по малце да се дислоцираат од населените места или да се отвараат големи реонски казина. Со кладилниците не знам како ќе го решат ова, за почеток нека ги извадат слот машините од таму затоа што не им е местото во кладилница, а ако ги дислоцираат надвор од населени места нема логика некако, сигурно нема до Блаце да одам за да пишам спортска. И најбитната работа да се направи огромна контрола врз брзите кредити, да не може да се даваат на лепе очи, затоа што и тие во добар дел стимулираат коцкање, особено за ликови од 18-25 години, неизградени личности, немаат имот на свое име и решиле дека ги боли кур ако ги дадат на извршител и се заглавуваат до гуша.