1. испитиве дај нека завршат и да почне убавото и долго топло лето
2. малограѓаниве во нашава мила државичка (мислам секој е фраер или фраерка и секој е најпаметен)
3. сообраќајниот метеж ( многу коли, скап бензин, автобуси од времето на дедо Ное, немање транвај во Скопје ...
4. разговори за политика (имало ли избори или немало сеедно една од најчестите теми кај нас е политика па веќе преку глава ми е)
5. од младината што се едуцира со американските тинејџерски филмови каде што ин е да изгледаш повозрасно, да си фраер на секој безвезален начин, да носиш штикли од 10 цм во 6то одделение, да си облечен во училиште во најкратка блуза и најкратка мини сукња ... а родителите сето тоа да го оправдуваат
6. од телевизиските програми кои што се сведени на 5 пати вести во текот на денот, 5 саати реклами, емисии со повик кој чини 50 денари, а за филмови и добри емисии се остава ако има слободен термин
7. ѓубрето во градовиве, епа ептен ме нервира нечистотијата
8. поскапувањето на се и сешто, поскапи продукти за секојдневна егзистенција, поскапа гардароба, поскап бензин, поскапи камати, поскапо ова она... па да одиме накај Европа мора и цените да се сменат, а заборавија дека и платите треба да се зголемат???
9. од чекање ... чекање другарка, чекање автобус, чекање ред во банка, чекање ред на каса, чекање да помине некое време ...
10. и преку глава ми е што државава нема пари за многу работи ... нема пари за асфалтирање на улиците, за поголеми стипендии, за младите и талентирани спортисти и нивна афирмација и помош, за вработување во добри компании за најдобрите студенти (како што е во странство) , за средување на зоолочка градина, за средување на градскиот парк ... има уште многу да се набројува али затоа има пари за митинзи, за нивни славења, трошење на безвезе пари ... (али барем во последно време има подобрување на сето ова вајда иде на подобро)
и така ...
