10 работи од кои ви е преку глава

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Не е глупост. Празно место се остава за пишаното да биде почитливо.
Чим толку ми сече што ми се обраќаш?Читливо е,ако сакаш да го прочиташ и ти благодарам за крајната порака.;)
Колку можам се придржувам до правилниците (а ова го нема во ниеден правилник),но ова е нешто ново за мене и е тотална групост,мислам на вакво допишување,пишување.
Волкот го менува крзното ,но не и карактерот.:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
1. Од тоа како секој ден постепено Скопје се претвара во една смрдлива и сељачка дупка...
2. Од луѓе со по 50 лица на себе, кои секој ден ги гледам, а најтрагично е што дел од нив се некои кои долго време сум ги сметала за пријатели...
3. Кога во целото централно градско подрачје нема едно еб...но и слободно паркинг место, а истото да не се плаќа...
4. Од "госпожи и дами на нивоУ", кои продаваат морал пред околината, а позади сите тие завеси на домаќинлук, се плескаат со оженети мажишта со по 2-3 деца, свесно!
5. Од т.н богат ноќен живот во Скопје, којшто подолго време го избегнувам, бидејќи крајно ретки се местата кадешто се чувствувам хармонично, без да се затрујам од вештачката атмосфера, створена од 15-годишни курви, пијани ропачишта и тикви покондурени...Иако не сум голем обожавател на вулгарниот блогер Кристијан Македонски, сепак во неговава т.н колумна без влакна на јазик има истресено све што мислам на оваа тема...http://komitamkd.wordpress.com/2013/10/25/гратските-дрољи-и-40-те-разбојници/
6. Од тоа што 2 години веќе по ред сум заглавена во компанија кадешто работам вон мојата струка, а мојот леб таму негде го јадат синови и ќерки на партиски чобани и неписмени пикнати со дебели врски...
7. Од тоа што сум принудена да дишам загаден воздух..
8. Од цените на храната, пијалоците и горивото, за кои на пример братучед ми во Америка плаќа горе-доле исто, а зема плата десеткратно повисока од мојата...
9. Од 40-те работни саати месечно, кои ми се прекувремени, а никогаш неплатени...
10. Од турбуленциите што константно ми се случуваат, а неретко го јадам стапот кога сум најмалку виновна...
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
1. ПОЛИТИКА - претерано не замараат веќе повеќе години како во ниедна земја во Европа ние се замараме..заедно со комшиите на Балканот...И просто неможе да се побегне од нив, па макар и да не гледаш тв воопшто ко јас..
2. Лажни ветувања..празни муаебти ..плакнење уста ради реда итн..
3. Дечки кои сакаат само секс од девојка....
4. Предрасуди - Полна е македонија со луѓе кои не размислуваат што се крие позади површината...туку гледаат просто и површно и осудуваат одма...
5. Сиви луѓе..мрачни фаци...мањаци..лудаци по улици..питачи...просјаци во центар и по контејнери...
6. Од дечко кој не знае да цени што има додека не те изгуби....
7. Од љубоморни погледи на девојки кои те меркаат од глава до пети да ти најдат мана и се гураат намерно ..ненормални,луди...но комент.
8. Од патријахални балкански машки кои имаат двојни аршини ..една за во куќа,друга за провод..
9.. Од луѓето преку мостот, оние неартикулираните ..не нормалните образовани фини луѓе...
10. Од смрдеата и гадното Скопје прљаво со дупки и ѓубре насегде...без никакво зеленило скоро...
 
Член од
17 ноември 2013
Мислења
271
Поени од реакции
686
1.) Politika,politicari
2)Vesti
3)seriite na nasive televizii..opsto site televizii grrr
4)ogovaranja
5) skopje2014
6)tupavosta i glupavosta kaj lugevo
7:)licemerie
8:)zavidlivosta i zlobata
9)se se gleda niz prizma na pari
10) ufff ima uste mnogu mnogu sto da se kaze ama aj.......
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
11
Преку глава ми е од:
1. СИТЕЛ и нивните розеви изјави дека е супер во Македонија (дека само уште нафтен извор не сме пронашле)
2. Турски серии :sick:
3. Непочитување
4. Партиски вработувања :facepalm:
5. чекање по шалтери :tapp:
6. минимална плата
7. синуси
8. кредити
9. сезнајковци и мамини синчиња :drk:
10. увек да сум и втор...

Останете ми нервозни чеда... :pipi:
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
1. Телевизиите во Македонија (особено Сител) и се што се емитува на нив. Се што има на тие телевизии се вести во кои се поддржува владата (сите медиуми се замолчени од страна на некого), сапуници(сеедно дали се турски, индиски, шпански, спрски...), реклами и некои си досадни емисии (од оние како Жаре Бербер).
2. Се што се случува во Македонија. Мислам на политика и политичката криза...Сите глупаци од политичари, реформите на Грујо, криминалот на Зајо, влакната на Гордана, шминката на Спиро, појавата на Шеќеринска...Понатаму, прекрасната иднина...БЕГАМ!
3. Глупаци. Можно ли е на секој чекор да ги има? Не можам, се нервирам од самата помисла.
4. Празни муабети. На пример, две тетки ќе се сретнаат и ќе зборуваат глупости пола саат.
5. Чувството кога треба да станам од креветот наутро...Будна сум, но станувањето е проблем...А и помислата дека треба на училиште да одам...Станувам. Ладно е. Се лепам до радијаторот кој е пуштен на најсилно. Одам до шкафот. На патот до шкафот се сопнувам од некои гаќи, тренерки, крпа...Ги земам фармерките од шкафот и ги облекувам...А толку се ладни....Невозможно.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.768
Поени од реакции
12.124
1. Фамата околу Нова година проследено со гнетење и пиење како последен ден да е на планетава.

Плус девет од десетте божјите заповеди, "не сведочи лажно" ми е awesome and kewl :icon_lol:
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
19
  1. Роднини​
  2. Неискрени и нестабилни луѓе​
  3. Личности кои незнаат што сакаат во животот​
  4. Мамини мази​
  5. Колоквиуми​
  6. Турски серии​
  7. Прости луѓе​
  8. Политика​
  9. Непочитување​
  10. Лажни ветувања​
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
1. Од тоа како се запоставувам себеси.
2. Од тоа да губам концентрација како што го губиме даљинското по дома.
3. Од zdravo sine sestra ti se tusira pa jas malce na fejzbuk. imasli pari, jadese li denes?
4. Од „на овој човек не треба да му се верува“?
5. Од арогантни шалтерски мрсулчиња.
6. Од касиерки шо немаат да ти вратат ситно ко им даваш илјадарка. Немам поситно, таа ми е, за неделава ми ја пратија еве сега плаќам со неа. Морам негде.
7. Oд спиење до касно.
8. Од луѓе што мислат дека се бескрајни, бесконечни и единствени.
9. Од тоа да нема ладно кафе во прав спакувано у една убава тегла.
10. Од тоа Рејдиохед да немаат уште дојдено у Маќедониа да видат како убаво играм.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
1. Викотници и расправии
2. Неодлучноста кај некои луѓе
3. Опсесијата со пари и заборавањето на вистинските животни вредности кај луѓето
4. Нафурани пензионери/пензионерки што се шетаат и што се бутаат по автобуси колку да зафаќаат место и да го преполнат цел автобус
5. Дволични луѓе
6. Спонзоруши, расипани женски
7. „Започнува најгледаната индиска серија за 2014, 2013,2012,2011.......“ (прашањето е кога завршува, јас мислам попаметно е тоа да го најават....)
8. „Упс, внимателно погледнете!!! Ана Николиќ, Сораја и Станија покажаа нешто повеќе од своето деколте....“
9. Америка, ЕУ и нивната педерска политика и манипулација со светот
10. Мафијаши и „уфурани фаци“ во Скопје кои мислат дека се фаци а уствари се такви сељачини што е греота што се жители на земјава...
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
аа ја прочитав темава и се зачленив на форумов, морав да се испукам негде! Ај здраво живо :vozbud:

1.Преку глава ми е од (самопрогласени) уметници, фотографи, поети итн.
2.Преку глава ми е од луѓе кои се чукаат во гради со факултетот шо го завршиле, а благе везе од животот немаат.
3.Преку глава ми е од лицемери.
4.Преку глава ми е од љубоморни суштества.
5.Преку глава ми е од "чувствувањава" на фејсбук.
6.Преку глава ми е од локалниве селебрити.
7.Преку глава ми е од шител и анал5.
8.Преку глава ми е од хејтерии офоварачи (а се појќе ги има).
9.Преку глава ми е од атеншн вхорс (и нив се појќе ги има).
10.Преку глава ми е од помаливе (де)генрации (ќе се напијат 2 пијачки в кафич и глумат лудило).


И така битно се испукав негде позз :love:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.650
Поени од реакции
40.697
се на луѓево им е преку глава, а не сфаќаат дека и они прават работи од кои на друго му му е преку глава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom