Прва тура:
1.Домашните политичари и луѓето шо се палат на истите фаци, а 20+ години ги ебат во здрав мозок заборавајќи на националните интереси -
двајца се караат, третиот користи (во нашиов случај многумина
)
2.Турбофолк.И мешањето на истиот во секој тип музика, кафичи и свечености.Почнувам да заборавам шо беше излегување
3.Нашата (не)способност за протести, земја на живи мртовци
4.Лицемерието стана правило во однесувањето
5.Дежурните критичари на се наше, домашно, а особено критичари на успесите
6.Барањето искрено мислење од типот:Кажи ми в лице шо мислиш за Х работа или лично за нив (ама гледај да ми ги прочиташ мислите и да е позитивно)
7.Барање интерес макар и во најмала ситница
8.Дежурните верници (од празник до празник) кои прекршиле 8 од 10 заповеди
9.Америка, НАТО, ЕУ и нивната демократија
10.Несвесноста на глупи луѓе - секогаш мислат дека се најпаметни
Втора тура:
11.Шалтери и шалтерски (не)работници
12.Вратари и 'елитни места'
13.'Сезоната' во Охрид (oд дури 26 дена)
14.Екс-Ју полубанкротирани групи и певаљки со напамет научени фрази за Македонија
15.Упорното сатанизирање на марихуаната и проституцијата
16.Трагедијата МТВ и другите наши таканаречени телевизии
17.Начинот на возење низ земјава
18.Југоносталгија, добро е за промена живот во реалноста, каква и да е
19.Луѓе паничари
20.Кога ќе се жениш, бабино?Ај побрзо, дури не сум умрела