1. Преку глава ми е од луѓе што мислат дека се попаметни од сите што ги опкружуваат и им сметаат ,,глупавите луѓе,,
2. Исто ми е преку глава од луѓе кои тврдат дека им сметаат неискрени и себични луѓе кога сите сме себични и неискрени во одредена мера.
3. Преку глава ми е од луѓе кои се сметаат за ,,прерано созреани,, и сметаат дека тоа е кул па и го промовираат тоа како да е некое одликување или награда.
4. Преку глава ми е од луѓе кои се исмеваат со се околу нив и глумат огорченост а не направиле една продуктивна работа во животот, не изградиле и создале ништо што вреди и всушност немале никаква сериозна потешкотија во животот (тоа дека ги оставил дечко/женска или дека не им дале пари од дома за нивните каприци не се смета за сериозна потешкотија).
5.Од периоди кога имам премалку обврски
6. Од нетолерантни, ограничени и вообразени личности кои не знаат што е почит.
7. Агресивност и кога ми повишуваат тон додека разговарам.
8. Луѓе кои плукаат на она што не можат да го разберат.
9. Од луѓе кои прават работи само за другите луѓе да мислат одредени работи за нив .
10.од мојава сува уста на која ништо ни е помага.