1 Октомври, почеток на нова академска година!

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ни дадоа мапи каде се наоѓа факултетот,и јас гледам една од кавадарци нешто го гледа градот и велам:Пази да не се изгубиш на мапата....ме гледа и велам и кога ќе ме погледнеш во очи да не ти треба навигација?И тоа си најдов добри другарки утре не учам,ќе си направам распоред нешто.Е незнам дали првата или втората недела ќе решаваат равенки но јас ќе им бидам непознатиот х во нивната равенка:)
 
Честитки, среќен почеток и со ум!!
Само 10ки да редите во тоа индексите! :)
 
Фала за честитките, ете го дочекав и овој ден - Академски граѓанин!

Имам трема како во прво основно да одам... ама баш ме интересира што, како ќе испадни.
Впечатоци утре, него што е најлошо не знам од колку саат сум на факс!
Ако си на техничка информатика...
тие што имаат непарен број на индекс се во 8 часот сабајле
тие што имаат парен број на индекс се во 10 часот сабајле
во училница бр. 9 ( над амфитеатар )

Btw, со среќа нека ни е на сите првата година на факултет...
 
Ај со среќа нека ни е на сите новиов семестар. :helou:
 
Честитки на сите новопечени академски граѓани! :-)

Јас останав „сељак“ без факултет:(
Ти како Бил Гејтс направи.... собери некоја милјарда, па после запиши се на факс :)

Инаку, честито АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ
 
Гледам сите се фалите....:toe: , нас ни ги дадоа индексите кога се запишувавме, па не гледавме во тројца асистенти кој ќе ни го даде индексот. Интересно беше скиксувањето на еден професор, може и декан беше :kesa: :nesum: мноогу киксови кои ги кажуваат постарите под влијание на србизми.....
Интересено нешто .... не знам... ги видовме кабинетиве, т.е. еден :pos2: и прво па машко. Утре прв предмет Математика 1 :uvo: :vozbud: :smir:
 
Jas ko vlegov bev ko izguben germanec, srekja sho najdov eden drugar pa se snajdovme nekako :pos:
Nego, aj so srekja na site, samo 10-ki vo tie indeksite (dobro de, mozit i po nekoja 9-ka)
P.S Izvinete za latinicava
 
Честито на сите и со среќа нека ни е...
ај фала :vozbud: само со убаво нека тера! првиот ден требаше да се осеќам изгубено ама нешто не беше така,се збунив ради тоа појќе :baeh:
п.с. Скулче не се цени толку следниот пат :baeh:
 
Ај нека ни е со среќа....

..каснам оти у Ск кај шо сум сместен сеуште неам стаено интернет(здравје другата недела) па затоа немав време да прашам дали има некој од форумов шо можеби ми е колега на Економски у Скопје....

п.с Не се плашете не апам слободно кажете кој од кајганџииве е на економски...не е можно никој да нее е а???

:toe:

:vozbud:
 
Почеток на факултетски студии

Пишете нешто за вашиот почеток на факултет, без разлика која година сте, дали сте ја квадрирале истата, на кој факултет итн...Подолу нешто од мене:



Пишувам за почетокот на универзитетските студии од 1ви Октомври. Се запишав на економискиот државен факултет на е бизнис смер. Обично на мене со мојата ексцентрична филозофија ми се лоши кога некој ќе ми спомне канцеларија, камата, чек, exel, графикон и биро но ете, токму овие зборови, јас кој имав право на најголем избор се одлучив да ги слушам. И тоа цели 5 ФАКИН години! Зашто?! Единствената и основна причина за мојот избор е егзистензијализмот. Односно, сите велат дека ако си економист побргу ќе се вработиш бла бла. Ете зашто. Бидејки не сакам да ги замарам моите и да им барам пари за искачање на 20 и кусур години. Толкав вол...мислам, срамота е навистина. Би требало сите да се запрашаат малце на оваа тема.И ете. Отидов. Професорите одма почнаа да предаваат. Тоа значи: НЕМА ЗАЕБАНЦИЈА КО У СРЕДНО! Некој вика дека мора да му го купиме учебникот поради тоа што се кршеле авторските права но всушност на сите нам добро познати ни е причината за тоа купување. Професорите лапаат кеш од продажбата на книгите. Хах, баш како она името на една компанија АП ЛАП КЕШ! Има тука еден тука кај мене еден комшија што пишува книги Но има и некои професори кои што ја разбираат положбата на студентите од Скопје и од Прованса (ако кажеме од Провинција или од село се навредуваат, така да ова Прованса звучи повеќе западначки) кои мораат секојдневно да трошат пари за храна и пат. За моите колеги и колешки...па очекував да видам по cool луѓе но како што викаат - не ја суди книгата по корицата. Како и да е, има доста добри колешки морам да признаам али како да фали тука нешто. Обично многу го забележувам стилот кај спротивниот пол. Другото може да помине низ прсти.Инаку, КИМ унивезитетот на сите нам ни е добро познат, спроти судска палата. Комунистичка архитектура, сивило насекаде, бетонски блокови на сите страни. Но, ако некогаш не нападнат со нуклеарка, ако се скриеме внатре, (или во СУ Никола Карев) големи се шансите да преживееме. Пофалби до органите што им текнало да направат пристојни WC, како и малото бифенце што прават fast food од она зеленото во сред ГТЦ. Спици.... така нешто. Пристојни цени, тазе храна, фуче! Исто така има и закон библиотека со сите потребни книгици во неа и со доста модерен James Bond индетификејшн систем. Ја ставаш раката на уредот, внесуваш код, влагаш! Можеш да дремеш на нет бидејки има големо интернет кафе во склоп на економски факултет. Може да се игра 10 на 10 CS. Едноставно има се на факултетот. Па и срамота би било ако нема, толку пари дадовме за партиципација, ова она. Фали само уште мотивот да ги слушам оние горе спомнатите зборови. Идам да спијам. Лаку ноч!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom