1 Октомври, почеток на нова академска година!

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Еее трета стигнав. Едвај чекам да почнам имам преубави предмети овој семестар:vozbud:Плус понеделник ми е секогаш празен, значи може и недела журкање :vozbud:
 
Уф мори маjко, тек сеа ме фаќа трема. Сега ова е ново, непознато за мене, други луѓе ќе гледам. Чудно ми е, ама интересно и одвај чекам.
 
Јас вчера си се журкав, си “ја редевме“ до раните утрински часови...а не беше планирано така, пошто би требало денес на факултет, ама се се мења па така и стартот на годинава. Рекоа од 3ти, и си продолжив со уживање.....и сеа.....ме боли главата:uvo: :pos:
 
Со среќа и лесно на сите, тазе и не-толку-тазе студенти :)
Има среќници што се запишале на ИИ при ПМФ?
 
епа со лесно да тргне и оваа година,и што повеќе положени колоквиуми и испити :)

кај мене стандард не бива ако не се деси некое срање со распоредот мој веќе четврта година по ред ист стап кркам :(
 
Туу на електро сауна направија немаше ни место да дишеш,а камоли да стоиш,но сепак згрешив имало убави девојки на електро.
 
е,па,ај со среќа и со лесно нека им тргне на сите.се надевам дека ќе ја протуркам и оваа година ко претходните три
 
Туу на електро сауна направија немаше ни место да дишеш,а камоли да стоиш,но сепак згрешив имало убави девојки на електро.
гледај док можеш првава недела,после тоа ќе ги видиш сите со сплескањи газиња од решавање интеграли и струјни кола :pos:
бтњ јас денес си го одржав првиот час у бифе на тераса,ми тргна :icon_lol:
 
гледај док можеш првава недела,после тоа ќе ги видиш сите со сплескањи газиња од решавање интеграли и струјни кола :pos:
бтњ јас денес си го одржав првиот час у бифе на тераса,ми тргна :icon_lol:


абе ваци нели од оваа година посериозно, јас денес не бев али од утре најредовен ќе сум :nesvest:
 
Уфф еве се вратив дома со впечатоците.
Супер беше. Подобро од очекуваното. Сега додуша малце бев како мува без глава, lost in space, едвај се снајдов, ама успеав. Убаво ми беше како прв ден. Малкуцка досадно, ама убаво.
Ни ги дадоа електронските индекси и тука највише се збунив, затоа што тројца асистенти ги делеа и сите во исто време прозиваа, па кога ме прозваа не знаев кај кој да отидам да си го земам индексот.:pos:
После бев на кафенце и супер си поминав и така. На кратко кажано,тоа би било се.
 
Супер беше како за прв ден. Очекував дека ќе бидам како мува без глава, ама се снајдов. Малце се разочарав од распоредот на предавања и од тоа дека по цели денови од 8 до 19 ќе скапувам во тој лавиринт наречен факс (денеска таков ми се виде).

Ни ги дадоа индексите и тука највише се збунив,затоа што тројца асистенти ги делеа и сите во исто време прозиваа,па кога ме прозваа не знаев кај кој да отидам да си го земам индексот.:pos:
Истото и на мене ми се деси и кај нас ги делеа тројца, памет ми се сврте гледајќи во сите тројца во исто време.
 
Супер помина првиот ден. Сега ќе видиме утре како ќе биде кога ќе почнат со предавања.
 
Супер поминав..Си реков дека ќе боли, ама не било толку страшно..Свечениот час беше убо организиран, ме бендиса сета та свеченост..Само се изнервирав шо се напраја мангупи ко прашавме кај се индексите, се испонашаја нешто..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom