JeepMkd
Scratch model builder
- Член од
- 25 јуни 2008
- Мислења
- 1.576
- Поени од реакции
- 468
Друштво, ја започнав оваа макета после 3 направени џипови во размер 1:16 (ќе бидат и тие претставени овде), и ќе биде точна копија на мојот џип кој го имам дома. Работам веќе втори месец, па со фотките малку ќе „премотам“ напред за да се види до каде сум стигнат сега.
Започнав со шасијата, на која ги додадов сите појачувања заедно со нитните и дупките кои се позабележливи.
Недостигаат: менувачот и редукторот, карданите, како и повеќе детали на самите надолжни профили.
--- надополнето: Aug 1, 2011 7:33 PM ---
Веднаш после оформувањето на шасијата започнав да го градам подот. Димензиите на деловите, како и нивната форма потполно се идентични како и на оригиналот. За посложените заоблени форми прв пат користев калапи и ги пресував деловите.
--- надополнето: Aug 1, 2011 7:37 PM ---
Ги изработив и профилите на кои школката „лежи“ на шасијата, т.н. hat channels. Една од работите кои не сакам да ги правам пак.