zeko еве ти еден апдејт за тебе
не знам какво било озвучењето на крафтверк, ама синоќа беше слабо. Немаше сила никаква, рака на срце полна беше халата, ама комотно се праеше муабет како да си во кафич.
диџеите не знам како пуштаа, затоа што влегов на 10 минути пред тиесто, а излегов после него. За тиесто кажав. Тоа и што го очекував од него. Имаше инспирација човекот, и јас шо се тиче неговиот настап сум задоволен.
на врата, не знам дал да коментирам. некаде 11-11:30 портите пред саемот не се гледаа од начичкани луѓе. Застанавме во сторј, седиме така едно 10 минути, кога да видам - шо да видам, не мрдаме. Портите затворени, не можеш да влезеш во дворот на саемот, камо ли во хала. Таму други редици има. И од време на време ќе ги отвореа вратите, од притисок голем што се ствараше, паѓаа девојки, боксови летаа од обезбедувањето, знаеш она како стампедо. И кога ќе решеа во таква ситуација да ги затворат портите маваа зе живо и клоцаа. Како евери за време други светски рат. Едвај некако до решетките стигнавме. Бев многу надркан, ќе изедев ќутек од обезбедувањето, додека не се смирив малку, за да ми текне дека не се они криви. Правев муабет со еден од нив, ми рече - нека ви е за памет друг пат аволон кога ќе организира. Еден дечко збудале скроз, се проби низ вратата почна да пцуе се живо, почнаа да го шлапаат, па списка девојка му, па и нејзе ја заџидарија... да продолжам?
Стгам пред главната врата, истата гужва. Само што сега влагаа еден по еден и онака на ура, затоа што видоа дека ја оплескаа и дека луѓе платиле 1000 денари за тиесто а саат време не можат да влезат. Претресување? Ма какви... мене дечкото заборави картата да ми ја скина, ми вика - еј дечко дечко, скини си ја картата
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
и тука одма еден од обезбедувањето ми ја скина. Алки некакви ќе ставале? Апарати не смеело да се внесуваат? Боже, боже...
Внатре имаше 3 атоми на кислород. Карти се продавале - колку што треба! Шанк? Веце? Ма какви, се решиш ли веце да посетиш, отишла пола журка. Трпи. Пијачка? Па треба да ја земеш пијачката, на шанк да ја мавнеш, и да се вратиш. Инаку каде со неа?
Типови кои залутале? Брееј.. со тони! Ќелави со ланци, ако му ја погледнеш девојката, одма имаш - треба нешто?! Нормално, не мрдаат со прст, ама затоа се на тиесто. Утре ќе се фалат. Имаше неколку инциденти. Нормално е со такви бараби околу тебе, да има такви појави.
Мене не ми е криво за 1000 денари. Јас знам да си поминам убаво ако сакам. И си поминав. Но, тоа внатре, не личеше на ништо. Штала
Едно време рикна миксетата на Тиесто, се чудеше човекот. Управо не знам дали баш миксетата, ама нешто рикна.
и нормално, лов камс агејн - цеца атмосвера. Сви руке у вис и пеј! Кај се пее на журка бе... ох кафанџии
Јас сум кафанџија, ама ...