„Стелт“ измислен од нацистите

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ФАЛАТ СО СВОИТЕ НЕВИДЛИВИ АВИОНИ, ВИСТИНА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА

„Стелт“ измислен од нацистите

Американската технологија за авионите „стелт“, всушност, е украдена германска технологија од времето на Втората светска војна и на Третиот рајх, открија германските медиуми копајќи по архивата на нацистите. Американските „невидливи“ авиони „Ф-117“ и „Б-2“, всушност, се копии на германскиот „невидлив“ авион „ГО-229“, што значи дека Американците, не само што своите први балистички ракети ги направиле врз основа на германските ракети „фау-2“ на Хитлеровиот ракетен стручњак Вернер фон Браун, туку и технологијата „стелт“ ја „зеле на заем“ од нацистите. Браќата Рајмер и Валтер Хортен, заедно со Александар Липиш, работеле на проект на авион со слаба радарска видливост по шемата „летачко крило“ во Германија, додека во СССР истото го истражувале научниците Чижевски и Черановски, а во САД - Џон Нортроп.
Сепак, браќата Хортен во истражувањето и во производството на прототипот за „невидлив“ авион отишле најдалеку. Нивниот проект бил врвна тајна на Третиот рајх, обвиен во мистерија, исто како и проектот на германска атомска бомба и за ракетите „фау-1“ и „фау-2“. Браќата Хортен за својата работа директно му одговарале само на маршалот Херман Геринг, командант на „Луфтвафе“. Геринг дури определил и тактичко-технички барања за германскиот авион „стелт“: „1.000х1.000х1.000“, односно побарал ова летало да биде во состојба да носи 1.000 килограми бомби и ракети на оддалеченост од 1.000 километри и да лета со брзина од 1.000 километри на час. Прототипот на авионот „ГО-229“, прво добил мотор на „БМВ-003“, а подоцна на „јумо-004“, додека деловите на трупот биле комбинација на бомбардерот „Хе-177“ и ловецот „БФ-109 Г“.
Во технологијата на крилата било користено дрво, спојувано со специјални клинци, а композитните материјали биле смеса од дрвен јаглен, лакови и пластика, со кои биле обложени трупот на авионот и крилата. Всушност, тоа е истиот состав и од тоа што можеше да се види од структурата на крилата на американскиот „Ф-117“, кој беше урнат од југословенската противвоздушна одбрана при нападите на НАТО на нашиот северен сосед. Од компанијата „Готар вагон фабрик“, во 1944 година биле нарачани седум пробни и 20 претсериски авиони „ГО-229“. Првиот прототип летнал на 2 февруари 1945 година од аеродромот „Оренбург“, при што авионот постигнал брзина од 795 километри на час, што тогаш било рекорд на сите постојни летачки објекти во светот. На 12 март 1945 година Херман Геринг го следел испитувањето на првиот прототип на авионот „ГО-229“ во лет и побарал да се зголеми дострелот на авионот за да може да ја бомбардира и територијата на САД. А, во првобитната верзија, „ГО-229“ имал два или четири топа „МК-108“ или „МК-103“, две бомби „СЦ-1000“ и два дополнителни резервоари од по 1.250 литри. А, браќата Хортен решиле нивниот авион да биде „невидлив“ и во топлинскиот спектар, па пронашле начин и деловите околу моторот да се ладат со специјален систем на струење студен воздух, со што значително се намалувала температурата на леталото.
Со оглед на тоа што Германија во тоа време имала проблем со производството на алуминиум, било решено „невидливиот“ авион да се прави од т.н. недефицитарни материјали: дрво, специјални ткаенини, јаглен... Производството требало да почне во подземните фабрики во Туринген, но крајот на војната беше побрз. Американците први стигнале до фабриката, го одземале првиот примерок на прототипот од авионот „ГО-229“, а браќата Хортен и другите работници ги одвеле на подолг одмор и соработка во САД. Својот бомбардер „стелт“, САД за првпат јавно го покажа на 22 ноември 1988 година, а компанијата „Нортроп“, само во проектот вложи околу две милијарди долари.



Uploaded with ImageShack.us


Третиот рајх бил пред сите


По завршувањето на Втората светска војна, американскиот генерал во воздухопловството Џон Нер изјави дека западот не знае колку бил назад за време на војната во однос на нацистите, и тоа во многу сфери на истражувањата. Според Нер, доколку сојузниците не биле брзи во контраударот против Третиот рајх, новото воено оружје што го произведувале Хитлеровите научници ќе било доволно да се покори светот.

Извор
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Само накратко... ако само уште година дена потраела војната... сојузниците ќе беа поразени на нивно тло, каква се технологија излегува на видело... а развивана во времето на нацистите и каква уште има допрва да се прикажува или да се обелоденува дека е нивно дело... ќе покаже времето а ние само ќе си се восхитуваме на тоа какви умови успеале да соберат и да развијат проекти рамни на научна фантастика.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Скоро секое оружје денес што се користи или што ќе се користи е иновација од Нацистите. Какви се не документи дома имам со таква содржина дури се замислив каков би бил денес светот со какви иновации да успеаја до крај....

Ништо ново за стелтот од дамна се знае... а да не зборам за Тенкот висок 24 метри со преку 30 членови екипаж дури тогаш имале во план како да ја искористат Тешката Вода како гориво на тоа возило....
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Operation Paperclip е името на програмата чија цел била да ги извади од Европа најдобрите нацистички научници и инженери и да ги однесе во Америка пред истите тие научници да бидат грабнати од Русите. На овој начин илјадници "реформирани" нацисти одеднаш станале натурализирани Американци и продолжиле да работат на своите проекти, само под нова управа.

Така да, горната вест не е ама ич чудна кога ќе се земе во предвид дека Американците стигнале на Месечината пред Русите само благодарение на истиот човек кој ги дизајнирал V-2 ракетите со кои била бомбардирана Западна Европа при крајот на војната - Wernher von Braun, истакнат национал-социјалист и SS офицер.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Само накратко... ако само уште година дена потраела војната... сојузниците ќе беа поразени на нивно тло
Точно, али Хитлер заеба се. Заеба со напаѓањето на СССР, огромни војски заминаа таму.
Инаку, Германците биле многу блиску до конструирање на нуклеарно оружје, а постоеле советски и американски планови за елиминација на германските научници вмешани во тој проект.
Како и да е, ако Хитлер почекаше година - две ќе го имаше цел свет. Ништо немаше да го запри.
Од друга страна, пак, и Русите имале тајни проекти. Еден од нив е проектот на лудакот Сталин (кога дошол на власт) за правење супер армија, составена од шимпанза многу отпорни на надворешни влијанија и издржливи.

--- надополнето ---

Го-229:
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Скоро секое оружје денес што се користи или што ќе се користи е иновација од Нацистите. Какви се не документи дома имам со таква содржина дури се замислив каков би бил денес светот со какви иновации да успеаја до крај....

Ништо ново за стелтот од дамна се знае... а да не зборам за Тенкот висок 24 метри со преку 30 членови екипаж дури тогаш имале во план како да ја искористат Тешката Вода како гориво на тоа возило....
Третиот Рајх бил најнапредниот "систем" барем досега во историјата на човечкото општество.Полетен,напреден и завртен кон иднината бил германскиот научен ум во тоа време.Се разбира вина за тоа има и пропагандната машинерија која итекако успеала да го извлече најдоброто од своите луѓе.Како доказ на оваа тврдење ќе го споменам германскиот падобрански автомат http://en.wikipedia.org/wiki/StG_44 Сличноста со АК-47 е неверојатна,дури се сомневам дека русите само го прекопирале и украле оригиналниот рецепт од германците.За Третиот Рајх можам да пишувам со саати,има бааги мистерии врзани околу овој сојуз.Поздрав
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Само накратко... ако само уште година дена потраела војната... сојузниците ќе беа поразени на нивно тло, каква се технологија излегува на видело... а развивана во времето на нацистите и каква уште има допрва да се прикажува или да се обелоденува дека е нивно дело... ќе покаже времето а ние само ќе си се восхитуваме на тоа какви умови успеале да соберат и да развијат проекти рамни на научна фантастика.
и на кратко и на долго и на широко.не една година плус да траеле војната да траела уште 5 години немало да има никакво значење,нацистите биле технолошки супериорни уште од самиот почеток на војната али истата им била изгубена уште во првата половина на 42 година,се понатака е пролонгирање на крајот
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Како доказ на оваа тврдење ќе го споменам германскиот падобрански автомат http://en.wikipedia.org/wiki/StG_44 Сличноста со АК-47 е неверојатна,дури се сомневам дека русите само го прекопирале и украле оригиналниот рецепт од германците.За Третиот Рајх можам да пишувам со саати,има бааги мистерии врзани околу овој сојуз.Поздрав
АК-47 само навидум изгледа слично со MP-44. Внатре голем од од инженерингот е различен. Физичката форма и решенија се исти и типот на палење. Ама сето тоа е од чисто практична причина, нема врска со плагијат. Пример држењето е исто од практична причина - не треба додатна обука. Палењето е со гасови, за да не глави. Формата е иста за минимална потреба од додатна обработка.

Како и да е ако веќе навлегуваме во оваа тема, Русите биле први. Feodor Avtomat е првиот автомат на светот. Од него копирале и развивале оружја ;)

1916 година

 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Германците воопшто не биле блиску до развивање атомска бомба. Дури нивните научници (кои работеле на проектот), откако Американците ги фрлиле бомбите врз Хирошиме и Нагасаки, не сакале да поверуваат - мислеле дека е пропаганда, зошто биле уверени, после толку истражување, дека атомска бомба едноставно не е можно да се направи.

Толку од тоа колку биле блиску. Другото го кажаа |Volkswagen| и dobro poznat. Мислам, секоја чест на инвентивноста на германските инженери, но да се верува дека неколку напредни проекти (од кои голем дел биле само прототипови и нивното ефективно значење се преувеличува) можеле да го свртат текот на војната е малку несериозно.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
АК-47 само навидум изгледа слично со MP-44. Внатре голем од од инженерингот е различен. Физичката форма и решенија се исти и типот на палење. Ама сето тоа е од чисто практична причина, нема врска со плагијат. Пример држењето е исто од практична причина - не треба додатна обука. Палењето е со гасови, за да не глави. Формата е иста за минимална потреба од додатна обработка.

Како и да е ако веќе навлегуваме во оваа тема, Русите биле први. Feodor Avtomat е првиот автомат на светот. Од него копирале и развивале оружја ;)

1916 година

Мислиш автоматска пушка, автомат е друго...

Ништо не е копирано од Федоров кој е развиен на база на други системи во калибар 6*50 Арисака.
А бидејќи 1887 е пред 1916 тогаш не може да е прва автоматска пушка.

Мексиканскиот Мондрагон е прв.



http://en.wikipedia.org/wiki/Mondragón_rifle

Прва јуришна пушка е Рибеирол М-1918.

АК-47 не е плагијат туку reverse engeneering.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Јуришна (assault rifle http://en.wikipedia.org/wiki/Assault_rifle ) e F.Avtomat и е прва ставена во вистинска функција.

Како/што/зошто...не знам, ама ова се фактите и така се води ;)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Скоро секое оружје денес што се користи или што ќе се користи е иновација од Нацистите. Какви се не документи дома имам со таква содржина дури се замислив каков би бил денес светот со какви иновации да успеаја до крај....

Ништо ново за стелтот од дамна се знае... а да не зборам за Тенкот висок 24 метри со преку 30 членови екипаж дури тогаш имале во план како да ја искористат Тешката Вода како гориво на тоа возило....
Да,имало некаков проект за тенк од 1500 тони...
Која е логиката на градење тенк кој може да се забележи од километри е нејасно.
Веројатно како магнет за противоклопни средства и бомби од 228 кг (500 фунти).

--- надополнето ---

Јуришна (assault rifle http://en.wikipedia.org/wiki/Assault_rifle ) e F.Avtomat и е прва ставена во вистинска функција.

Како/што/зошто...не знам, ама ова се фактите и така се води ;)
Ако прочиташе внимателно ќе забележеше дека пишува претходник на јуришните пушки.

Mondragon е усвоен во вооружување на мексиканската армија во 1901.
И 1901 е пред 1916.
После одиме на прва борбена употреба.
Повторно Мондрагон - Мексиканската револуција од 1910.

Во апсолутно ништо Федоров не е прв.

Ниту пак има некакво “официјално водење“ која е прва автоматска пушка.

Концептот на јуришна пушка е нешто поинаков.
Почнува со Рибеирол М-18.

Фактите се тие.
Другото се руски митови и легенди...
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
технолошки најнапредни,но без доволен капацитет да одговорат на потребите на сите фронтови,како и на персонал кој ќе управува со истите.....
 
S

smart ass

Гостин
ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ФАЛАТ СО СВОИТЕ НЕВИДЛИВИ АВИОНИ, ВИСТИНА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА

„Стелт“ измислен од нацистите

Американската технологија за авионите „стелт“, всушност, е украдена германска технологија од времето на Втората светска војна и на Третиот рајх, открија германските медиуми копајќи по архивата на нацистите. Американските „невидливи“ авиони „Ф-117“ и „Б-2“, всушност, се копии на германскиот „невидлив“ авион „ГО-229“, што значи дека Американците, не само што своите први балистички ракети ги направиле врз основа на германските ракети „фау-2“ на Хитлеровиот ракетен стручњак Вернер фон Браун, туку и технологијата „стелт“ ја „зеле на заем“ од нацистите. Браќата Рајмер и Валтер Хортен, заедно со Александар Липиш, работеле на проект на авион со слаба радарска видливост по шемата „летачко крило“ во Германија, додека во СССР истото го истражувале научниците Чижевски и Черановски, а во САД - Џон Нортроп.
Сепак, браќата Хортен во истражувањето и во производството на прототипот за „невидлив“ авион отишле најдалеку. Нивниот проект бил врвна тајна на Третиот рајх, обвиен во мистерија, исто како и проектот на германска атомска бомба и за ракетите „фау-1“ и „фау-2“. Браќата Хортен за својата работа директно му одговарале само на маршалот Херман Геринг, командант на „Луфтвафе“. Геринг дури определил и тактичко-технички барања за германскиот авион „стелт“: „1.000х1.000х1.000“, односно побарал ова летало да биде во состојба да носи 1.000 килограми бомби и ракети на оддалеченост од 1.000 километри и да лета со брзина од 1.000 километри на час. Прототипот на авионот „ГО-229“, прво добил мотор на „БМВ-003“, а подоцна на „јумо-004“, додека деловите на трупот биле комбинација на бомбардерот „Хе-177“ и ловецот „БФ-109 Г“.
Во технологијата на крилата било користено дрво, спојувано со специјални клинци, а композитните материјали биле смеса од дрвен јаглен, лакови и пластика, со кои биле обложени трупот на авионот и крилата. Всушност, тоа е истиот состав и од тоа што можеше да се види од структурата на крилата на американскиот „Ф-117“, кој беше урнат од југословенската противвоздушна одбрана при нападите на НАТО на нашиот северен сосед. Од компанијата „Готар вагон фабрик“, во 1944 година биле нарачани седум пробни и 20 претсериски авиони „ГО-229“. Првиот прототип летнал на 2 февруари 1945 година од аеродромот „Оренбург“, при што авионот постигнал брзина од 795 километри на час, што тогаш било рекорд на сите постојни летачки објекти во светот. На 12 март 1945 година Херман Геринг го следел испитувањето на првиот прототип на авионот „ГО-229“ во лет и побарал да се зголеми дострелот на авионот за да може да ја бомбардира и територијата на САД. А, во првобитната верзија, „ГО-229“ имал два или четири топа „МК-108“ или „МК-103“, две бомби „СЦ-1000“ и два дополнителни резервоари од по 1.250 литри. А, браќата Хортен решиле нивниот авион да биде „невидлив“ и во топлинскиот спектар, па пронашле начин и деловите околу моторот да се ладат со специјален систем на струење студен воздух, со што значително се намалувала температурата на леталото.
Со оглед на тоа што Германија во тоа време имала проблем со производството на алуминиум, било решено „невидливиот“ авион да се прави од т.н. недефицитарни материјали: дрво, специјални ткаенини, јаглен... Производството требало да почне во подземните фабрики во Туринген, но крајот на војната беше побрз. Американците први стигнале до фабриката, го одземале првиот примерок на прототипот од авионот „ГО-229“, а браќата Хортен и другите работници ги одвеле на подолг одмор и соработка во САД. Својот бомбардер „стелт“, САД за првпат јавно го покажа на 22 ноември 1988 година, а компанијата „Нортроп“, само во проектот вложи околу две милијарди долари.



Uploaded with ImageShack.us


Третиот рајх бил пред сите


По завршувањето на Втората светска војна, американскиот генерал во воздухопловството Џон Нер изјави дека западот не знае колку бил назад за време на војната во однос на нацистите, и тоа во многу сфери на истражувањата. Според Нер, доколку сојузниците не биле брзи во контраударот против Третиот рајх, новото воено оружје што го произведувале Хитлеровите научници ќе било доволно да се покори светот.

Извор


Стелт технологија користеле уште прва светска бвојна подморниците(со абсорбери на звук) а имало и тро експерименти за стелт авиони,всушност ако гледаме по изработка францусквиот хардвер се покажал со подобра финална изработка-подемот на нацистите не беше од (Многу..како што замислуваат)ЕПТЕН супериорен хардвер-ами од Супериорна тактика и координираност(блицкриг)-башка дисциплина и обука...инаку и САД експериментираа паралелно,Англија исто инаку америте имале ракета со домет 3000км налик ФАУ-но не ја употребиле,што се однесува до млазните мотори...ехааа колку експерименти имаат британците,америте,русите...ама кај јавноста само месершмит се спомнуе.

Мит е Напредната технологија односно препумпана е...сепак радиото било предност кај тенковските единици.

--- надополнето ---

АК-47 не е плагијат туку reverse engeneering.
абе папашата е кул:)

знаете за ВТ фјуз полнењето-каде имаме емитер на радиобранови-па така гранатата експлодира близу целта-на овој начин САД втора светска војна од 6000 проектили за еден соборен авион бројот паднал на 600) ова се чувало под тајност но мораа америте во 93 да го употребат и на копно-германците се предаваат-нит ров штити нит ништо:)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
технолошки најнапредни,но без доволен капацитет да одговорат на потребите на сите фронтови,како и на персонал кој ќе управува со истите.....
Со една реченица ја разјасни мистеријата зошто изгуби Третиот Рајх во II светска војна.Кратко,точно и едноставно,браво :pehar:
Инаку лично мое мислење е дека ако Германија не ја нападнеше Русија,можеби пак ќе ја изгубеа војната,но таа ќе траеше некаде до кај 1965,значи и Битлси ќе фатеа нешто од војната,ха ха ха
 

Kajgana Shop

На врв Bottom