bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.700
- Поени од реакции
- 6.627
„Микросам” од Прилеп ќе произведува делови за нов руски комерцијален авион, кој треба да биде изработен до 2014 година. Според менаџментот, руска фирма ќе ја купи производната технологија на „Микросам“ и со неа ќе ги произведе крилата на новиот авион. Самоил Самак, потпретседателот на Управниот одбор, најави дека „Микросам“ е во преговори да извезува ваква технологија и за други авиокомпании, меѓу кои „Боинг“ и „Ербас“.
- Наша цел е да влеземе во авионската индустрија. Засега произведуваме автоматски машини за производство на крилата на авионот. Во иднина, наш предизвик ќе биде производство на роботи за креирање на труп на авионот – изјави Самоил Самак, потпретседател на Управниот одбор на „Микросам“.
Новата зделка склучена од „Микросам“ се однесува на испорака на машини за производство на резервоари за гас за индискиот пазар.
Димитар Богдановски, директор на продажба во „Микросам,“ изјави дека во почетокот на идниот месец, за Германија ќе бидат натоварени 24 камиони со машини за производство на плинските боци, кај нивниот тамошен партнер во овој проект и потоа тие ќе патуваат за крајниот потрошувач, Индија.
- Наскоро ќе склучиме вакви договори за Русија, Бразил, Кина и Јужна Америка – рече Богдановски.
Менаџментот не сакаше да открие колку чини инвестицијата во новата производна линија и само наведе дека во неа вложиле неколку милиони евра. Според нив, цената на оваа технологија на пазарот чини од 6 до 20 милиони евра.
Менаџментот најави дека до крајот на годината ќе изгради нова хала за производство и монтажа и за таа цел дополнително ќе вработи 20 нови инженери и работници. Во моментов, во „Микросам“ работат 80 работници.
Веста ви ја пренесувам од плусинфо.мк а целта ми беше да се отвори дискусија околу последнава реченица околу вработувањата. Ме интересира да кажат искуства луѓе што биле таму, работеле, биле во академијата, на пракса и слично...јас бев онака информативно на разговор 3 месеци после дипломирањето во 2009 и практично ги “молев“ за пракса (НЕ ЗА РАБОТА) и ме одбија. Дали е вистина оваа вест околу проширувањето, барањето нови луѓе или пак се ќе си оди по мој-твој шемата?