„Канал 5“ купи три бугарски сапуници

Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Ajде пак проблем. Можете да гледате србски и хрватски серии, а бугарски не може. Престанете да се буните. Никоj не ви сака идентитетот каj нас. Ова е многу добро дека Балканот е разпространител на култура и секој може да даде продукт на другиот. И јас ке бидам задоволен да гледам македонски серии. Зашто со такова преднамера гледате. Гарантирам ви дека и трите серии са на многу високо ниво и ке ви допаднат. И во трите има отличен сјужет и прекрасен актерски состав. Гарантирам ви дека не са ништо полоши от србски и хрватски емисии дори и подобри. И споко има много убави бугарки во сериите кои НЕМАТ никакви силикони. Да се уверите дека каj вас представите за нас су много сгрешени. Тоа дека гледате само Планета не значи дека сите бугарки изгледат тако. И верувајте ва Бугариjа има много силна актерска школа.ПА имаме добри оператори и режисери и во последно време сите бугарски филми во кината со големо качество и успех.Аjде парво погледајте малце по после да плукате. .Убеден сум дека ако не гледате на нив со преднамера ке ви допаднат. И глумци, и сјужет, и хумор и се. Поздрави.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
И тоа да се случи, за прв пат да видам серија Бугарска.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.706
Поени од реакции
88.724
И после зошто никој не ја гледа Канал 5 -.-
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Ами момци има многу качествено кино во Бугариjа и немам намера да ви лажам. Просто проблемот е во соработката ви со нас. Вие не сакате ништо да знаете за нас и заради тоа не можем да ви покажем. А ке почнуват и обшти бугаро-македонски продукции се повеке да се создават. Повервајте во наше кино нема никаква пропаганда како што мислите. Сите филми се прават за забава.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
И сега некои ке коментира ли филмите или ке избива комплекси?
,,Стаклен дом,, не е сапунка и има успев не саму во Бугариja
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413
Ами момци има многу качествено кино во Бугариjа и немам намера да ви лажам. Просто проблемот е во соработката ви со нас. Вие не сакате ништо да знаете за нас и заради тоа не можем да ви покажем. А ке почнуват и обшти бугаро-македонски продукции се повеке да се создават. Повервајте во наше кино нема никаква пропаганда како што мислите. Сите филми се прават за забава.
Би гледал бугарски филм, немам никаков комплекс. Ама серија, особено сапунска, какви што овие веројатно се, затоа што не верувам во капацитетот на некоја наша ТВ куќа да откупи било што подобро, не благодарам.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Нема крај на глупостиве у пм...

Но настрана од тоа што се сапуници овие и што имаат исклиширана приказна, многу пари имаат вложено во камера бугарите. Вчера баш загледав и помислив дека глеам холивудски филм по сликата... кога прозбореа - facepalm!

Зошто и ние да не вложиме во филм/серија...
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Добро е додека некој не купи грчка сапуница !!
Имаше на една телевизија едно време, прилична интересна беше ја гледав ко мал... И да, на македонска телевизија! :)
 
H

-HRO

Гостин
Проклет да е денот кога почна да се емитува првата сапуница во Македонија на ТВ. :eek:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
„Стаклен дом“ не е сапуница, а и таа новата „Седум часа разлика“ не изгледа како сапуница... За вторава не знам.
Сите зборувате од памет дека немало да чинат сериите оти биле бугарски, а еве јас и' дадов шанса на „Стаклен дом“ и ќе кажам дека изгледа доста солидно и не жалам за потрошеното време.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Партиски определениот сајт сака да нагласи дека сериите се бугарски. Нејсе причините од далеку јасни и друга тема на муабет.
Не торпедираа со шпански, со латиноамерикански, со индиски, со турски, хрватски, српски, па не ни гледам што би било чудно ако се нагласи дека се бугарски.
Сеедно чии се. Срање се.
--- надополнето: Aug 6, 2011 2:25 AM ---

Да се надоврзам кога сме кај Канал 5.
Ако некому му текнува некој екс ју филм да е емитуван помалку од 5 пати нека им каже на Канал 5 да надокнадат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.439
Поени од реакции
25.371
Ivanovska, Delinda, колку години имате? Пола од мислењата се ваши.

25 мислења избришав. Ако имате нешто во врска со темата да кажете океј е, за друго простор нема. Не сакам оваа тема да ја затворам милион пати ко темата за А1 телевизија.
Има луѓе кои гледаат.
Има луѓе кои не гледаат. Тие не мора да одат офтопик. Политика подфорумот е одамна затворен.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Канал 5 беше троа покултурна телевизија, за разлика од Сител и А1... барем така си мислев. А сега серија, вести, серија вести и 3 пати серија. Ко некоја евровизиска тралалајка им е програмата! Отров серии, филмови од 1999, со понекој од '45та, а бе мизерија...
Телевизорот одамна ќе ми беше во пензија, да беа само нашите програми...
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ако не даваат серии, оти не давале.
Ако даваат серии, расисити сме не сакаме ништо странско.
И вака и така телвизијата се најголемата грешка на светов.
o_O
 
H

-HRO

Гостин
Ако не даваат серии, оти не давале.
Ако даваат серии, расисити сме не сакаме ништо странско.
И вака и така телвизијата се најголемата грешка на светов.
o_O
Друже ова му доаѓа у смисол како „не треба да се глеа телевизија-одете пасете овци“. :)
Нека даваат серии интересни, ама не патетични и не 24/7.
Секој си има свој вкус. Нека даваат и понекоја турска една-две (не викам не), ама да не бидат петнаесет.
Пушти Канал 5-ете ти серија турска, пушти Сител-ете ти серија турска, пушти А1-ете ти серија турска, врати Канал 5-ете ти Бугарска, врати Сител-ете ти индиска и се така до полноќ, се разбира со вести и тон реклами за Доместос,Циф и 500 други сра*а и препарати меѓу паузите.
Ај на почеток Шехерзад беше атрактивна кај аудиториумов, ама сега веќе се претера буквално, не смееш ТВ да пуштиш по 15:00h. - на секој канал буквално има по една...дури и на МТВ индиски почнаа да даваат.
Има љубители на такви серии...познавам и лично, ама треба да се даде нешто и за нас што не сме толку по таквите серии, да се направи некоја разновидност и да се измеша програмата.
Да се разбие малку монотонијата....да се даде нешто атрактивно и актуелно (не мора филм, нека биде некоја емисија од интерактивен забавен карактер), нека биде фудбал или некој друг спорт (и него ни го скинаа), нова документарна емисија исл.
Инаку моментално емисија од забавен карактер се вестите со Латас и неговото непрестајно „ситење“ и детска радост што се затвори А1 кое јавно го искажува, програмите, документарците и емисиите на МТВ од 1920 како и Ник со „Тропски Горештини“, Lajme на МТВ2, глупите каубојски филмови на Телма и МТМ, Југословенските филмови на Канал 5 кои се ре-емитуваат по 100ти пат, ЕнФаПен прозорци рекламата на ЕДО од 1910 и Јанко кркај бурек на Наша ТВ.
Кога би се направил правилен редослед и кога би се измешала програмата на нашиве телевизии би било донекаде по-ок.
А доколку би се вклучиле нови работи и би се измешала програмата во правилен редослед ќе биде уште по-ок.
Се до тогаш ќе се вадиме со интернет, странски канали на кабелска, и евентуално да се погоди некое филмче доколку имаме среќа на нашиве канали после 00:00h. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom