„Канал 5“ купи три бугарски сапуници

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
"Good thing about internet is that you can always check quotes validity." - Abraham Lincoln
:)
Се слагам со тоа и ИоСоно да се потпишува како Абрахам Линколн но Буковски навистина бил во право, не сосема, но кога станува збор за Балканот целосно :)
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
За жал преводот на "Стаклен дом" не е многу добар. Пропуштаат се реплики и некои се преведуваат како се слушнат, а не како што навистина се.

Во "Жителите на столицата" има доста хумор, но дел од него тешко ќе го разберете, бидејќи е поврзан со конкретни настани во Бугарија, но се надевам дека ќе ви се допадне.

Би ви препорачал "Под прикритие" - криминален/акција/драма, но на мене ми се допаѓа повеќе од другите..
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Тоа "Жителите на столицата" не треба да биде “Жителите на главниот град“?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Голем дел од коментарите се негативни, уште пред да почне да иде серијата. Пред 2 часа ја изгледав последната епизода снимена до сега, и сум многу задоволен. Во таа серија има вложено милиони, серијата е одлична, и по мое мислење многу подобра од Долина на волците.
А вие шо од инат дрдорете, ќе ви кажам само дека Бугарија има глума и театар уште пред ние да имаме една единствена драма.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Ама нешто нема голема гледаност серијава во Македонија или се лажам?
Никој од пријатели, роднини не ми спомнал дека ја гледа.
 
В

Вори

Гостин
Јас гледам ''Стаклен дом'' и искрено да ви кажам добра серија е.Нема многу тупење со љубов и такви срања.Баш интересно е.Глумата е на ниво,камера фантастична и сценариото е занимливо.
А и добра е таа Елена за...глума де.
 

_iva*

Шмизла у хороскоп
Член од
6 декември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
8
Ги имам гледено „стаклен дом“ и „граѓани“ :) искрено речено на почеток и јас бев скептик, демек бугарски не сакам да ги погледнам.

За стаклен дом, има добра приказна, Елена порано се занимавала со проституција, се разбира не доброволно. Од целата таа каша ја вади Димитар, нејзиниот сегашен сопруг. Потоа Димитар „умира“, таа се заљубува во неговиот син Камен Касабов. Потоа Димитар се враќа. Елена ќе се сретне со нејзината сестра која исчезнала пред многу години....и да не раскажувам нема да ви биде интеренсо :) (инаку да на канал 5 доста лош превод, глумецот вика „разбија“ тие преведуваат „развијам“ :))
http://www.btv.bg/seriali/glass-home/

Зa „граѓани“(Жителите на столицата - нема логика преводот :)) )
Значи, овде се работи за обични луѓе кои живеат во Житница мислам дека се викаше селото. Сите комични ситуации се поврзани со двајца соседи, кои цел живот се заедно, цел живот се сакаат. Но сега е време за избори, и двајцата се кандидираат за „кметови“. КРИСТАЛНО ЈАСНО се објаснува на кој начин се одвиваат изборите на Балканот :), како се поткупуваат цигани и сето тоа на комичен начин. од селани ќе станат граѓани...
http://www.btv.bg/seriali/stolichani/epizodi

На линковите погоре, ги имате сите детали за сериите (глумци,коментари), па дури и епизодите ги има целосни се разбира.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515

А1 ЕКСКЛУЗИВ = +389 скоро истата екипа од А1 заедно со Жаре кој утре во вторник ќе ја има првата емисија Еден во еден на Канал 5 псветена на Лигата на Шампиони
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, Македонци. Се извинувам ако има грешки. Не доаѓам да се каже ништо лошо.Само сакам да го споделам дека "Жителите на столицата" е одличен филм. Полне со комедија и ним слични. Во Бугарија е многу познат. За оние кои не се гледале во филмот се раскажува за две семејства во село Извор - Лјутови и Качанови, за двајца иманјара бараат пари од древни римски богатства. За љубовта помеѓу еден Лјутов и една Качанова, но најмногу за градоначалничката битката меѓу Јордан Лјутов и Рангел Качанов.
Поздрав и се најдобро.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
114
Поени од реакции
16
Тоа "Жителите на столицата" не треба да биде “Жителите на главниот град“?
Не насловот е потсмев за градовите како Перник кои ни наполнија убавата престолнина со секакви селани.

Буквална превод е

престолнинани во повеќе
--- надополнето: Nov 8, 2011 3:01 AM ---

:icon_lol:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како сум се изнервирал вчера со шупацине од Канал 5 и таму ќе го пуштам телевизорот само на 24 Мај во 20.40 и потоа на 29 Фебруари ако надворешната температура е над 19 Ц.
На полуфинале од лига шампиони ми го отекоа со екслузивното вклучување во живо на концертот на Харис Џиновиќ по фудбалот каде што јас со задоволство би му фрлил напалм на публиката и потоа би ставил и малку антракс во случај да не остани некоја трага од ДНК. (Ќе го поштедам само Sussaro, ако случајно бил на концертот :D ).
Како да не му е тоа тоа кусо на кич уредниците од Канал 5 кои сигурно болни паднаа оти имаше пенали и продолжение, кога го пуштија Харис и екслузивниот пренос во живо, реков да свртам на Канал 5 плус да не даваат некој филм и види чудо, паралелно и на тој канал оди погодете кој?!! Маестро Харис Џиновиќ со фарбан мустаќ и кожен елек со набилдано исончано тело како актер на германски порниќ од 80ти.
Како да му е малку само еден канал, па оди и на двата канали небаре не нападна некоја друга галактичка цивилизација. :tapp:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
ГЕРМАНСКАТА РТЛ САКА ДА ЈА КУПИ КАНАЛ 5?



Националната телевизија Канал 5 се подготвува за продажба, неофицијално дознава „Капитал“ од извори во телевизијата.
Според нашите информации, интерес за купување на телевизијата покажала германската телевизија РТЛ, за која неодамна се шпекулираше дека е заинтересирана за влез на македонскиот пазар преку купување на српската Пинк 15, која пак, неодамна ја изгуби дозволата за работа. Телевизијата Канал 5, која е во сопственост на Емил Стојменов, син на пратеникот Борис Стојменов, претседател на ВМРО-Македонска, која неодамна се припои кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, минатата година имаше раст на профитот од неверојатни 372,5%. Податоците од Централниот регистар покажуваат дека Канал 5 во 2010 година имала профит од 310.000 евра и не беше рангирана меѓу 200 најпрофитабилни, за во 2011 година профитот да и се зголеми на 1,5 милиони евра.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/84377/germanskata_rtl_saka_da_ja_kupi_kanal_5_.aspx

 

Kajgana Shop

На врв Bottom