„Американците со години го подготвуваат проектот голема Албанија“

Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.408
САД и Албанците: залетувања и опомени


Скоро секогаш кога некој има максимална поддршка, кога добива незамисливи подароци (Косово – држава), ја губи ориентацијата и неизбежно се залетува.
Ристо Никовски
Така, и Албанците ги злоупотребија покровителството и заштитата кои ги имаат од САД. Амбициите во Тирана, и не само таму, пораснаа бидејќи достигнувањата, во решавањето на „албанското национално прашање“, во последниве 15-тина години, беа над сите големоалбански соништа, кои тие и те како ги имаат.
Губењето самоконтрола особено дојде до израз во подготовките за прослава на 100 годишнината на албанската држава. Предизвикот беше преголем. Меѓу повеќето екстремности, демонстрирани во тие рамки, Бериша порача и дека албанските територии се од Превеза (Грција) до Прешево (Србија) и од Скопје до Подгорица. Навлезе во четири суверени земји. Реагираше висок претставник на Стејт департментот кој, за МИА, изјавил – „САД не го поддржуваат прецртувањето на националните граници на Балканот. Непродуктивен и дестабилизирачки е секој обид да се стори тоа“ (1 декември 2012).
Со идентична изјава излезе и американскиот амбасадор во Тирана. Тоа беше првата сериозна опомена од Вашингтон која, меѓутоа, остана без резултат.
Националистички провокации од Тирана продолжија и се ширеа. Кулминираа околу преместувањето на споменикот во Прешево. Бериша рекол – „тоа покажа дека Србија е расистичка држава“; дека „етничките Албанци на Балканот мораат еден ден да се обединат во една држава“; дека „тој акт покажал уште еднаш дека има само еден начин – обединување на албанскиот народ, за Албанците да ја уживаат слободата која со крв ја стекнале“.
Во меѓувреме, по дипломатски канали, САД сигурно повеќе пати јасно им ставале до знаење на надлежните во Тирана, ама и на Албанците пошироко, дека (пре)нагласените големоалбански, националистички истапи, барем во моментов се - контрапродуктивни. Во Тирана, очигледно, тоа не го есапеле (мора да се констатира дека Албанците во земјава, барем јавно, не ја злоупотребуваат кризата низ која врвиме. Не треба да има никакви дилеми дека е тоа резултат на спомнатите пораки).
Во Вашингтон, пукна филмот. Стејт департментот испрати Меморандум до албанското МНР. Текстот не е објавен ама главните поенти, намерно во секој случај, протекоа до медиумите. Без тоа, потегот ќе беше залуден. Било оценето дека - нагласената националистичка реторика на Тирана води кон конфронтации; е оддалечување од регионалните приоритети; се отвора простор за насилно однесување; ги еродира мирот и стабилноста на регионот; може да ги загрози односите со САД. Во Мемото најексплицитно се порачувало – не се мешајте во внатрешните работи на Србија! Се тврди дека во него се нотирало и дека споменикот во Прешево бил илегално изграден за да се провоцира српската власт.
Користењето на формата Меморандум зборува дека се работи за исклучително сериозен политички демарш. Потврда за тоа е и посетата на Рикер, кој во Тирана пристигна веднаш потоа и остана неколку дена. Во интервју за ТВ Топ канал, тој нагласи дека САД се цврсто против промени на границите (не кажа само од кога?!?). Оцени дека „повиците за обединување на сите Албанци или за обединување на групи, базирано на етничка или национална припадност, се контрапродуктивни и неодговорни“. Меѓутоа, на забелешка од новинарот, дека во Преамбулата на албанскиот Устав пишувало дека аспирација на Албанците било национално обединување, што значи дека Бериша настапува уставно, Рикер немаше соодветен коментар. „Како што јасно реков – границите во Европа се поставени“, заклучи тој.
Пред Тирана, Рикер бил во Брисел и се сретнал и со Тачи, и со Дачиќ, кои таму преговараа. Овие средби покажуваат дека Вашингтон е концентриран на средување на односите меѓу Косово и Србија, што е последна, клучна етапа од нивниот проект „Косово-држава“. Непотребните залетувања на Тирана се штетни кога, поради своите европски амбиции, Србија е спремна на концесии. Класичната политика на стап и морков доаѓа до израз – Србија ќе попушта околу Косово, а ќе напредува кон Европа. За да се постигне тоа, во моментов, САД се на страната на - Србија.
Фактот што на албанската залетаност реагираше Вашингтон, а не Брисел, заслужува посебно внимание. Во основата, екстремните национализми се предизвици со кои се справуваат НАТО и ЕУ, а не САД. Ова е само уште една потврда дека сите конци во регионот ги држат САД, особено кога се Албанците во прашање. Не дозволуваат никој да им се меша, а начинот на кој е реагирано покажува дека е доведена во прашање американската регионална политика. ЕУ, пак, потврди дека нема релевантни надворешно-политички и безбедносни капацитети.
Сите овие случувања, сепак, воопшто не значат дека има какви било суштински промени во американската политика во регионот. Тврдењата дека „Вашингтон ги буди Албанците од сонот за голема Албанија“ (ударен текст во Нова Македонија од 19 февруари 2013), се преуранети и нереални. Мемото е само опомена за залетаните дека тие се само извршители на туѓа политика и дека не смеат да се истрчуваат. Преговорите кои се водат меѓу Белград и Приштина, се сега приоритет и не смеат да се доведат во прашање. Целта на САД е да се осигури иднината на Косово, кое е нивни капитал, а Албанците остануваат главен партнер на Балканот. Токму преку нив, за првпат во историјата, САД станаа доминантен фактор во регионот и немаат намера да се повлечат.
Случајот личи на едно историско искуство. Сите се бунат, пцујат... пресветли кнеже, му носеле јатаците загрижувачки вести од теренот на српскиот водач, Милош Обреновиќ. Релаксиран, вождот наредувал нови давачки. Така било се додека, еден ден, јатаците, задоволно, не му пренеле дека на теренот се е мирно и тивко, никој не кревал врева. Загрижен, Милош наредил веднаш да се попушта, да се намалат даноците... Нешто се спремало...
Идентично на тоа, и Тирана ја преминала црвената линија и затоа е реакцијата на Вашингтон. Меѓутоа, не треба да се залажуваме. Проблем е реториката. Таа мора да се промени. Агендата останува апсолутно иста. Проектот „Голема Албанија“ не само што не е напуштен туку, со косовската независност, тој е веќе околу 70 проценти и реализиран. Останува само уште делот од Македонија. Трите општини во Јужна Србија и четирите во Црна Гора, со доминантно албанско население од по неколку десетици илјади, се многу помалку важни за албанската кауза. Грција сè уште не е на дневен ред. Залагања на САД за непроменливост на границите, од друга страна, се чист блеф. Македонија тие ја рушат од внатре. А, со промена на името на државата, ќе се разнебитат и Македонците.
САД немаат објективен интерес да дозволат скоро спојување на Албанија и Косово. Многу полесно им е вака да ги контролираат. А сигурно се свесни и дека обединувањето лесно може да води во граѓанска војна. Албанците се единствени за националната кауза ама, како политички противници, се гледаат само преку нишан. И во Албанија, и на Косово, и во Македонија...
Во секој случај, исклучително е добро што, одеднаш, Вашингтон „се сети“ дека - Тирана зборува за „албански територии“ надвор од државата; се меша во работите на соседните земји каде има Албанци; отворено се залага за се-албанско обединување, конфронтирајќи се со четири држави... иако сето тоа е дамнешна практика. Досега се затвораа очите како ништо да не се случува.
За жал, новите тонови не водат кон промена на политиките кои ја загрозуваат Македонија. Во прашање е само инцидент.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Агендата останува апсолутно иста. Проектот „Голема Албанија“ не само што не е напуштен туку, со косовската независност, тој е веќе околу 70 проценти и реализиран. Останува само уште делот од Македонија. Трите општини во Јужна Србија и четирите во Црна Гора, со доминантно албанско население од по неколку десетици илјади, се многу помалку важни за албанската кауза. Грција сè уште не е на дневен ред. Залагања на САД за непроменливост на границите, од друга страна, се чист блеф. Македонија тие ја рушат од внатре. А, со промена на името на државата, ќе се разнебитат и Македонците.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Ako sakaja Amerite da ja raznebitat Makedonija toa ke go napravea 2001.Pocnaja da duvaat poinakvi vetrista albnskata kauza pojke ne e vo interes na zapadot, nekolku pati na albanezite im e staveno na znaenje da ne se zaletuvaat pojke samo ne znam dali ja svatija porakata.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ako sakaja Amerite da ja raznebitat Makedonija toa ke go napravea 2001.Pocnaja da duvaat poinakvi vetrista albnskata kauza pojke ne e vo interes na zapadot, nekolku pati na albanezite im e staveno na znaenje da ne se zaletuvaat pojke samo ne znam dali ja svatija porakata.
porakata moze da ima 1000 skrieni nameri
vikas da sakaa 2001 ama togas ke bese epten apla deka amerika e grebator deka 99 se sluci kosovo
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Mozno e da ima skrieni poraki,ama mi se cinit deka veke ime preku nos od albanezive gi preteraa site granici.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Mozno e da ima skrieni poraki,ama mi se cinit deka veke ime preku nos od albanezive gi preteraa site granici.
seuste ne im se dojdeni preku glava deka seuste svercot drogata organite i prostitucijata na balkanov ja zavrsuvaat albancite za amerite isto i rudnicite kosovo ama ke bide najkasno za 10 god
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Се дур постои Грција и Србија,за Голема Албанија можат само да сонуват, инаку со кој памет бре имате идеи за Голема Албанија? Како прво Албанија не е воена сила и никогаш нема да биде, а ако се споредува со Грција и Србија, Албанија е никој и ништо, а ако очекувате САД да ви помогне и тука се лажете..
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Се дур постои Грција и Србија,за Голема Албанија можат само да сонуват, инаку со кој памет бре имате идеи за Голема Албанија? Како прво Албанија не е воена сила и никогаш нема да биде, а ако се споредува со Грција и Србија, Албанија е никој и ништо, а ако очекувате САД да ви помогне и тука се лажете..
Треба сите ние Македонци, Срби, Грци, Бугари, Црногорци...
ако не по друго барем по ова прашање да бидеме пријатели и да бидеме сложни и да не дозволиме создавање на монструмот Голема Албанија ...
Вие Грците имате т.е. ќе имате проблеми со нив кад-тад така да треба превентивно да делувате против нив ...
За почеток треба малку поактивно да ги барате своите права во јужниот дел на Албанија кој ви припаѓа на вам ...
Северен Епир е Грчка земја, зашто не се борите за нејзе !
Подобро удрете ги вие нив прво, бидејќи они вас ќе ве удрат ... во нив нема верба !
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Се дур постои Грција и Србија,за Голема Албанија можат само да сонуват, инаку со кој памет бре имате идеи за Голема Албанија? Како прво Албанија не е воена сила и никогаш нема да биде, а ако се споредува со Грција и Србија, Албанија е никој и ништо, а ако очекувате САД да ви помогне и тука се лажете..
грците на национална основа секогаш се држат заедно, исто колку и албанците грците не се како нас да кутат богами албанија тешко ке си помине кај грција, нема играчка со грција , а овие албанците на мапата на голема албанија имаат и територии од грција а ке ги добијат никогаш , само можат да изгубат
 
D

dbt

Гостин
грците на национална основа секогаш се држат заедно, исто колку и албанците грците не се како нас да кутат богами албанија тешко ке си помине кај грција, нема играчка со грција , а овие албанците на мапата на голема албанија имаат и територии од грција а ке ги добијат никогаш , само можат да изгубат
За делот дека Албанија тешко ќе помине кај Грција, само би го спомнал името Саранда и историјата околу овај регион. Значи Грција неколку пати во историјата го имаше вратено овај дел во војна, но стално е даден на поклон на Албанија од големите сили. Ова ми го има потврдено жител (Грк) на островот Крф кој што има роднини во Саранда. Албанците и нивните планови не се за потценување колку и да не ни се допаѓаат.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Еве ги протестите на албанците во Скопје
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ма који бре курац, па они веч имају Велику Албанију, остају само формалности.

Нажалост изгубили смо, нема се више шта курчити. Ми срби треба сви под хитно да се одрекенемо имена јер смо говна највеча и не заслужујемо славно име наших предака. Ми смо ти бре толика говна да се и говно треба стидети од нас. Погазили смо и Обилича, и Кнеза Лазара, Краља Петра, и свих који су вредни спомена. Губитак Косова нажалост је значило и губитак Македоније и Црне Горе, наше две земље најмилије. За све што се сада дешава криви смо само ми срби и нико други. Нема оправдања то што их је нато браниот и цео западни свет подржавао. Били су наши предци у још веча говна па су нама створили историју на коју смо поносни, наш проблем је што нисмо били спремни да се одрекнемо материјалних ствари и жртвујемо живот свој за будучност наших покољења. Ово данас нема ни с од српства. Пиздурине материјалистичке и жедне за власт.





Респект нашим предцима, ми то не заслужујемо.



Помоз Бог !
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.408
Операција Експлозија

Тајниот план на Енвер Хоџа за напад врз СФРЈ по Титовата смрт

Комунистичките лидери на Албанија, тогаш најзатворената европска диктатура, на своите тајни состаноци во доцните 1970-ти и раните 1980-ти ја планирале воената операција „Шпертими“ (Експлозија), со која според нивното мислење, кога по смртта на Јосип Броз Тито во Југославија ќе почнат внатрешни клановски борби за власт, тие со брза акција на својата војска би ги присвоиле Косово и делови од Македонија и од Црна Гора, каде што етничките Албанци се мнозинство, пишува Јутарњи лист.

Ова, врз основа на албански и руски архиви, на записници од седниците на Политбирото на Партијата на трудот на Албанија и на изнесените сеќавања на тогашниот министер за одбрана Велија Лакаја, го објави рускиот историчар д-р Артјом Улунјан, експерт за комунистичкото движење во 20 век на Балканот, од Институтот за општа историја на Руската академија на науките, во својот труд „Тајната операција Експлозија: како Енвер Хоџа се подготвувал за хаос по Тито“, во јануарското издание на списанието на Академијата „Славјановедење“.

Иако Улунјан пишува дека и пред тоа, повремено и нецелосно (главно во интервју на бивши албански комунистички функционери) се појавувале информации за таа воена операција, сега од достапните архивски извори се гледа дека албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа бил опседнат со она што ќе се случи со Југославија по Тито. Тој бил убеден дека таму ќе почне крвава борба за власт меѓу „проруските“ и „проамериканските“ сили.

Страв од иднината

Тој истовремено се плашел и за својот режим, но трескавично размислувал како да извлече најголема корист од ситуацијата и, ако е можно, да го добие Косово. Енвер Хоџа, водачот на аутистичниот сталинокомунистички режим, на таа тема му зборувал на најтесното партиското раководство во почетокот на декември 1977 година. Тоа било почетокот на сериозните тајни подготовки на албанското раководство во случај на смрт на Тито. Биле разгледувани сите опции за моќниот сосед, чија сенка отсекогаш го плашела Енверовиот режим.

Улулјан вели дека Косово е и една од можните причини зошто Албанија е единствената земја што не го потпишала Финалниот акт на Хелсиншкиот самит 1975 година, кој ги дефинирал границите на поствоена Европа.

Улулјан го наведува извештајот на министерот за внатрешни работи Кадри Хазбиу од ноември 1977 година, во кој „прв и единствен пат“ во толку важен документ на Хоџиниот режим се споменува „дека владата на Албанија ја поддржува идејата за обединување на сите Албанци“.

„Ние (Владата), кога дозволуваа околностите, со сите сили ги поддржувавме Косоварите. И ние сме за тоа тие да се обединат со Албанија, бидејќи тоа би обезбедило национално единство“, пишува Хазбиу.
Воени планови

„Не треба да се жалат средства за Косово, бидејќи тоа порано или подоцна ќе се исплати во иднината“, заклучил албанскиот диктатор. Затоа во 1978 година во структурата на ЦК АПР е основана Канцеларија за пропаганда во странство, која била наречена Канцеларија за Косово.

А бидејќи неволјата никогаш не доаѓа сама, освен штурите информации за здравствените проблеми на другарот Тито, од кого Албанија се плашела уште од 1946 година, кога тој пријателски им нудел федерација, за несреќа на албанските лидери, токму тогаш тие се скарале со својот единствен сојузник Кина (по смртта на Мао), па одеднаш се нашле на бришан простор во очекување на сериозни потреси во регионот што, според нив, ги најавувал Титовиот болнички кревет.

„Смртта на Тито ќе ни предизвика невидени проблеми“, им зборувал очајниот Хоџа на своите другари од Политбирото.

Албанија правела воени планови, но во исто време панично се плашела од напад врз себе. Хоџа во инспекција на силите на југословенската граница на 24 јуни 1978 година ги предупредил генералите: „Ние сме на работ на војна“ и барал отчет за спремноста на Албанија да се одбрани од напад. Генералите, сепак, го предупредиле Хоџа, кој во исто време се плашел и од прокинеските сили во армијата да не му направат некаков државен удар, дека со ненадејниот прекин на соработката со Кина војската останала без професионалци и без потребните резервни делови.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ако ја нападнеа Југославија тогаш ќе си го дадеа најголемиот автогол на сите времиња.
Вака сега имаат 2 и пол албански држави,а тогаш кој знае дал и и во Албанија ќе ги имаше ако се дрзнеа да ја нападнат Југославија.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.973
Ма који бре курац, па они веч имају Велику Албанију, остају само формалности.

Нажалост изгубили смо, нема се више шта курчити. Ми срби треба сви под хитно да се одрекенемо имена јер смо говна највеча и не заслужујемо славно име наших предака. Ми смо ти бре толика говна да се и говно треба стидети од нас. Погазили смо и Обилича, и Кнеза Лазара, Краља Петра, и свих који су вредни спомена. Губитак Косова нажалост је значило и губитак Македоније и Црне Горе, наше две земље најмилије. За све што се сада дешава криви смо само ми срби и нико други. Нема оправдања то што их је нато браниот и цео западни свет подржавао. Били су наши предци у још веча говна па су нама створили историју на коју смо поносни, наш проблем је што нисмо били спремни да се одрекнемо материјалних ствари и жртвујемо живот свој за будучност наших покољења. Ово данас нема ни с од српства. Пиздурине материјалистичке и жедне за власт.





Респект нашим предцима, ми то не заслужујемо.



Помоз Бог !

''Не бојим се ја вражијега кота,нека га је ка' на гори листа,но се бојим од зла домаћега''
 

Kajgana Shop

На врв Bottom