“Портокалово сивило“ и понатаму над Македонија?

  • Креатор на темата ABC
  • Време на започнување

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Знам, а и немам меморија диригирана од партија, па селективно да се сеќавам.
Многу добро ги паметам тие години.

А што и да напишеш, останува фактот дека Црвенковски си поплука врз ставот. И не го направи тоа само во случајот со Трајковски, туку и во многу, многу други случаи.
Бране е као ризница на контрадикторни ставови кои си ги мења ко чорапи.

И од ден на ден го губи се повеќе легитимитетот кај народот, баш поради таа своја превртливост и немање на образ. Погледни околу себе, и запрашај се колку од луѓето го почитуваат...

И немој со демагогии од типот го направил тоа за некое добро. И јас можам да убијам човек сметајќи дека со тоа правам добро. Ама ќе си останам убица. Ко што Бране ќе си остане лицемер.

На крајот од краиштата, секоја кохабитација со Бранко е лоша. Таков политички штетник треба да се остави во изолација, после сето зло кое го нанесе.

Прифати дека народот е гневен на Бранко. Дека е уморен од него и не го цени нималку. А, Б.Ц ќе му ја плати цената баш на тој народ. Затоа што истиот најмногу патеше од неговото немање морал и цврстина на карактер.
Па отприлика 20% од народот. Доволно за сега?
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Немој да се обидеш да манипулираш со нешто што не сум го ни рекол. И гледај надвор од кутијата, да му ебам мајката... ДАЛИ поставив прашање кон тебе (бидејќи беше расположен за одговор) во компарација, или побарав нешто поконцизно?

Ме боли патлак шо признал Петко ил Станко... не би навлегувал. Те прашав нешто за нашиот претседател, бидејќи го браниш - а јас го презирам поради сфаќањето на основната ефтиноќа на неговиот политички ентитет.

И уште еднашка... КОЈ КУР ФАКТОР е Бранко бе да ми признава ил не признава нешто за што сите сме гласале? После 3 години се смилувал, и го признал Бориса... Фала многу. Мојот мозок памети повеќе, и функционира на повисоки фреквенции.

Затоа, иако гласав за Сашко Кедев - јас го признавам него спрема легитимитетот кој му е даден од народот. Тоа е крајот за мене.

Сфаќаш, или да отворам МС Паинт?
Другар со ништо не манипулирав и затоа на крајот од речениците поставив прашалници.

И добро донекаде те сфатив, односно ти моменталниот Претседател и покрај твоето негативно мислење за него сепак го прифаќаш како легитимен. И тоа е ок и така треба сите да мислат без разлика дали го сакале или не. Исто како што јас го почитував Трајковски иако знам како беше избран, али тоа е завршена работа и не би се враќал.

Само за една работа не добив твој одговор дали го "осудваш" Груевски што има таков ригиден став кон ова прашање? чисто ме интересира твоето мислење ..иако по кој знае кој пат ќе речам, државата трпи заради тој став.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па колку што знам Б.Ц. можеби донесе црнило во државава,но темава беше за “портокаловото сивило“ кое продолжува и понатаму во Македонија.Значи не би било на одмет малку и да се држите во контекст со оваа тема оти за Бранко,Никола или било кој друг имате голем број теми.Впрочем не најдов одговор на моето прашање за огромниот трговски дефицит во Македонија кој се појави последниве месеци како резултат на “портокаловото сивило“ што продолжува да опстојува,без резултати за подобро утре.:toe:
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ете бе субвенцијата од 2 денари за млекото ви ја респектирам како реална мерка корисна за производителите.Кажете нешто интересно ебаго,не да ми се фалите со бледи придонеси кој не можат ни да се наречат реформи.:toe:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=69972
2006 15 denari
2007 30 denari
ne e tocno deka 30 denari po kilo tutn e merka na SDSM, toa go napravi gvujo
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Па колку што знам Б.Ц. можеби донесе црнило во државава,но темава беше за “портокаловото сивило“ кое продолжува и понатаму во Македонија.Значи не би било на одмет малку и да се држите во контекст со оваа тема оти за Бранко,Никола или било кој друг имате голем број теми.Впрочем не најдов одговор на моето прашање за огромниот трговски дефицит во Македонија кој се појави последниве месеци како резултат на “портокаловото сивило“ што продолжува да опстојува,без резултати за подобро утре.:toe:
Искрено не ни очекувам дека ќе најдеш одговор на тоа. Може да добиеш реплика од типот, "Г'уевски 4ти реформатор во светот":uvo: , а кога ќе им кажеш "Г'уевски, Мистер 4 милијарди дефицит" тогаш нигде ги нема, или ако ги има како што реков ќе се појават со реплики од тип каков што го опишав погоре.:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Впрочем не најдов одговор на моето прашање за огромниот трговски дефицит во Македонија кој се појави последниве месеци како резултат на “портокаловото сивило“ што продолжува да опстојува,без резултати за подобро утре.:toe:
Чекај малце, како да живееме во паралелни светови.
Ајде да провери и споредиме.

А кога сме имале трговски суфицит?

Обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-април 2008 година е за 41.0% повисок од обемот на размената во истиот период од 2007 година

За да имаш позитивен баланс треба да произведуваш нешто, за да можеш да го извезуваш. Што извезуваме ние најзначајно?

Тоа се фероникелот, производи од железо и челик,облека и тутун.

Увозно зависни сме најмногу од сурова нафта, електрична енергија и моторни возила.

Искрено не ни очекувам дека ќе најдеш одговор на тоа. Може да добиеш реплика од типот, "Г'уевски 4ти реформатор во светот":uvo: , а кога ќе им кажеш "Г'уевски, Мистер 4 милијарди дефицит" тогаш нигде ги нема, или ако ги има како што реков ќе се појават со реплики од тип каков што го опишав погоре.:toe:
Искрено не ни очекувам од тебе некое признание. Доволно е да ставиме аргументи на маса, дали ти или АБЦ ќе речете А да вистина така е, никому не вреди овде.
Пред се кога имаме во предвид со кого дискутираме.

Ако било толку едноставно да бидеш 4ти реформатор на Светско ниво зашто никој претходно не постигнал приближен успех?
Во било која сфера?

Самиот рече во примерот со Претседателот, без разлика која е личноста функцијата Претседател треба да се цени, многумина Бранко не го сакаат, меѓутоа и мене ме боли кога го понижуваат Грците Претседателот на МОЈАТА ДРЖАВА.

Наместо да бидеш горд што сме постигнале значаен успех и ни оддаваат признание како 4ти реформатор во Светот, во најголемата деловна заедница во Њујорк, пред најеминтните економисти и стручњаци, ти овде ми понижуваш,омаловажуваш цела држава, еднаш барем соберете трунка доблест да признаете кога нешто на подобро ќе ни тргне, што и да било.
А без разлика кој го донел тој успех.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
muahahahahhahhaaa

zarem bilo koj iskusen majstor,elektricar,plockar so nad 40 godini saka da crnci vo Crna Gora,Hrvatska daleku od svojata familija i da spie na nekoj sunger tamu a ti tuka na kompjuterot od stabot da mi kazuvas za ekonomija

muehehhehehee
-те поздрави една од основните целите на европската унија:
1.мобилност на работната сила
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Разочаран е поради високиот трговски дефицит на Македонија кој за 4 месеци достигна ниво од скоро милјарда евра,што е дупло од лани.:toe:
дефицитот е креиран од неколку ставки од кои најголеми се:
1.увоз на нафта
2.увоз на електрична енергија
3.увоз на патнички моторни возила.
-те поздрави цената на нафтата и нејзината промена од лани истото ова време и оваа година
-те поздрави зголемената потрошувачка на електрична енергија за стопанството
-те поздрави кукањето на `македонците` дека бензинот е скап со најголемиот увоз на патнички моторни возила во последните 18 години.
 

CurvaSud_Milan

rossoner4life
Член од
21 март 2008
Мислења
622
Поени од реакции
4
Чекај малце, како да живееме во паралелни светови.
Ајде да провери и споредиме.

А кога сме имале поголем трговски суфицит?

Обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-април 2008 година е за 41.0% повисок од обемот на размената во истиот период од 2007 година

За да имаш позитивен баланс треба да произведуваш нешто, за да можеш да го извезуваш. Што извезуваме ние најзначајно?

Тоа се фероникелот, производи од железо и челик,облека и тутун.

Увозно зависни сме најмногу од сурова нафта, електрична енергија и моторни возила.



Искрено не ни очекувам од тебе некое признание. Доволно е да ставиме аргументи на маса, дали ти или АБЦ ќе речете А да вистина така е, никому не вреди овде.
Пред се кога имаме во предвид со кого дискутираме.

Ако било толку едноставно да бидеш 4ти реформатор на Светско ниво зашто никој претходно не постигнал приближен успех?
Во било која сфера?

Самиот рече во примерот со Претседателот, без разлика која е личноста функцијата Претседател треба да се цени, многумина Бранко не го сакаат, меѓутоа и мене ме боли кога го понижуваат Грците Претседателот на МОЈАТА ДРЖАВА.

Наместо да бидеш горд што сме постигнале значаен успех и ни оддаваат признание како 4ти реформатор во Светот, во најголемата деловна заедница во Њујорк, пред најеминтните економисти и стручњаци, ти овде ми понижуваш,омаловажуваш цела држава, еднаш барем соберете трунка доблест да признаете кога нешто на подобро ќе ни тргне, што и да било.
А без разлика кој го донел тој успех.
Види вака јас никаде не реков дека не е значаен успех, туку реков дека во принцип кога ќе ви се постави некое прашање вие одите со контра одговор на некоја друга тема, како што прави бициклистички кога ќе биде некој член од нивната партија повикан за криминал, он одма вади документ дека и некој друг од СДСМ исто така е криминалец патем без да демантира ништо, и јасно става на знаење, "ние сме криминалци ама они се поголеми". Нешто слично се случува и тука.

Значи, да се разбереме , го ценам тоа што сме добиле таква награда, сме добиле еден плус во очите на светот, но ефектите ги нема никаде, еве изминаа 6 месеци од оваа година. Која позначајна инвестиција се случи? ,освен ова со французите пред изборите, но тоа е сега за сега само на хартија, башка пред избори беше исфорсирано да се потпише, така да и тоа не ми е баш сигурно дека ќе биде брзо. Зашто во Албанија има 4-5% инфлација, а во Македонија 10%? Зар Албанија ја одминува глобалниот тренд, главното оружје на ДПМНЕ во одбрана на инфлацијата. Тоа ми беше зборот, а не дека плукам по се можно што е поврзано со Груевски и ДПМНЕ.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Одливот на квалификуваната, висококвалификуваната и високо образуваната работна сила во странство во ниедна држава не е позитивна работа, напротив тоа е многу лоша работа, ја ти и многу други сме плаќале за нашето образование преку даноците и лично за да на некого му ги таквите кадри сервираш на тањир без долар вложено во нив.
Изгледа сме претерано богати па инвестираме во кадри за други земји...:toe:
Нашето е мала шала кога ќе споредиш колку германија дава пари за да создаде високо образовани кадри од кои повеќето прелеваат во америка.

Каков и да е одлив, сезонкси или иселенички не е на арно, тоа сакам да ти го кажам. Зашто истите тие ако имале можност за заработка барем приближно колку таму сигурно не би отишле и да ги остават фамилиите тука 3-4 месеци. Значи каков и да е одлив тоа не е позитивно како што другарот "obicen30" сакаше да ја претстави.

Сезонска работна миграција е многу нормална работа особено кај градежните работници, финтата е како нашите фирми што е можно повеќе да профитираат од тоа.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Види вака јас никаде не реков дека не е значаен успех, туку реков дека во принцип кога ќе ви се постави некое прашање вие одите со контра одговор на некоја друга тема, како што прави бициклистички кога ќе биде некој член од нивната партија повикан за криминал, он одма вади документ дека и некој друг од СДСМ исто така е криминалец патем без да демантира ништо, и јасно става на знаење, "ние сме криминалци ама они се поголеми". Нешто слично се случува и тука.

Значи, да се разбереме , го ценам тоа што сме добиле таква награда, сме добиле еден плус во очите на светот, но ефектите ги нема никаде, еве изминаа 6 месеци од оваа година. Која позначајна инвестиција се случи? ,освен ова со французите пред изборите, но тоа е сега за сега само на хартија, башка пред избори беше исфорсирано да се потпише, така да и тоа не ми е баш сигурно дека ќе биде брзо. Зашто во Албанија има 4-5% инфлација, а во Македонија 10%? Зар Албанија ја одминува глобалниот тренд, главното оружје на ДПМНЕ во одбрана на инфлацијата. Тоа ми беше зборот, а не дека плукам по се можно што е поврзано со Груевски и ДПМНЕ.
Не се согласувам, дека некој бегал од одговор.

Јас исто можам да речам дека скокате работи кои не ви одговараат и поставувате контра теза, а што би било кога би било.


Изминаа 6 месеци,точно ама за една инвестиција да се одрази и потрбен временски циклус не само од моментот кога е објавена една инвестиција туку од моментот додека да се изгради фабрика, да се обучи и вработи кадар, да почне поризводство и пласман.

И ефектите од Шведската млекара не се осетија 2005.

Во врска со инфлацијата,точно е дека инфлацијата овде е најголема, меѓутоа неможе да се споредуваат различни економии.
Албанија имаше огромни инвестиции во туризмот, кој доживува експанзија. Се гради брегот интензивно, се инвестира многу пари.
Меѓутоа колку реално обичниот Албанец живее подобро,има подобар стандард?
И Црна Гора доживува експанзија, меѓутоа нема никаква позначајна индустрија, освен туризмот.

Нашите не реагирале навремено, односно пресметале помала стапка на инфлација која се пресметува на почетокот на секоја година и така го правеле планот за движење на инфлацијата и преземале одредени економски активности.
Не секогаш излегува според планираното, дека сносат одредена вина нормално дека сносат. И мене не ми е сеедно што живеам релативно поскапо. Меѓутоа со оглед на состојбата на целата економија и како е запоставувана изминативе 2 децении неможе да се очекува брз напредок. За жал.
Прават колку што можат, неочекувани огромни удари како цената на нафтата се ретки, неможе да се предвидат кога ќе се случат кога се прави буџетот и распределбата на средства.

За производителите на храна, пак порастот на цената на производите резултира со поголема добивка.
Да имавме значајна прехрамбена индустрија ќе имавме голема добивка.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нашето е мала шала кога ќе споредиш колку германија дава пари за да создаде високо образовани кадри од кои повеќето прелеваат во америка
Најде сега со Германија да не споредуваш, и ич не ми гајле за германија колку фрла, јас мислам дека Македонија нема пари за фрлање во ветер, а и причините за одливот на кадрите ни се различни. Нашиот кадар буквално по корка леб е тргнат.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=69972
2006 15 denari
2007 30 denari
ne e tocno deka 30 denari po kilo tutn e merka na SDSM, toa go napravi gvujo
Истовремено кога истиот тип на тутун на светските берзи изнесува по 11 долари,кај нас на тутунарите им се плаќа по 3 долари.Одкупната цена на млекото во светот изнесува по половина евро кај нас на млекопроизводителите им се плаќа и малку повеќе од тоа заедно со субвенција од владата.Значи сепак тутунарите се обесправена категорија на земјоделци во државава и од нивната мака живеат одредени крлежи во власта која никако не сака да направи либерализација на пазарот на тутун токму поради тие крлежи што се закачени во сите влади досега вклучувајќи ја и оваа на Гвујо.:toe:

Најде сега со Германија да не споредуваш, и ич не ми гајле за германија колку фрла, јас мислам дека Македонија нема пари за фрлање во ветер, а и причините за одливот на кадрите ни се различни. Нашиот кадар буквално по корка леб е тргнат.
Сигурно не од што му е ептен арно со “преродбава“ на Македонската администрација и парцијални интервенции кај помали групи земјоделци.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сигурно не од што му е ептен арно со “преродбава“ на Македонската администрација и парцијални интервенции кај помали групи земјоделци.:toe:
Е сега пак го тупиш...не е тој проблем предизвикан само од преродбата:tapp:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Е сега пак го тупиш...не е тој проблем предизвикан само од преродбата:tapp:
Никој не вели дека е предизвикан само од преродбата,туку е едноставно продолжен и оставен да го реши некоја идна влада со вистинска преродба а не како оваа.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom