Значи ти го одобруваш однесувањето на Груевски што и покрај доаѓањето на власт во интерес на кохабитацијата и интресите на државата сепак не го призна легитимитет на Претседателот Црвенковски иако поради таа лоша кохабитација трпи државата?
Значи тебе ти е побитно тоа што Груевски си стои на зборот и тоа го оправдуваш иако како што реков заради тоа трпи државата(читај јас ти, сите на форумов и останатите 2 милиони) а не го оправдуваш "лижењето" на Црвенковски кој и покрај 3 годишното оспорување на легитимитето на Претседателот Трајковски по доаѓањато на власт во 2002 го призна целосно неговиот легитимитет?
Ќе си дозволам да ви направам дигресија во муабетот.
Постои нешто што се нарекува конзистентност во ставови. И истата е недвосмислен параметар за моралната цврстина на некоја личност. Поинаку, човек кој се држи до својот став, а не го плука, па лиже плуканото на 2 дена, е човек кој е цврст како карактер и од кој може да се очекува стабилност. И сето тоа е многу важно за некој да биде сметан за добар политичар. Принципиелност, друже. Доблест, не мана.
Црвенковски ја НЕМА.
Болдираното е уште еден доказ за тоа.
Факт е дека Црвенковски не го почитуваше и јавно го деградираше Трајковски.
И откако, на неразјаснет начин, дојде на негово место, реши дека ете, од денес, ќе го почитува.
Лицемерие и непринципиелност.
Истото што се случуваше со неговите ставови за името.
Нивно менување со неверојатна ноншалантност, изгледаше како еден човек да го изјавил она во ОН, а друг она на трибината на Правен.
Поинаку, немање на никакви ставови. Што значи и немање на морален вредносен систем. А, тоа може да биде кобно кога е во рацете на некој со моќ.